Историја

Штом сме македонски војводи, за македонскиот народ треба да работиме

yxlofvhgqnumodjh

yxlofvhgqnumodjh

Нов предизвик за Македонската револуционерна организација по Илинденското востание 1903 година, била српската и грчката вооружена интервенција во Македонија, кои се обидуваат со силата на оружјето да го постигнат тоа  што со црковната и просветна пропаганда не успеале.

Непосредно по Илинденското востание започнуваат подготовките за навлегување на српски вооружени чети во Македонија. Под раководство на српската влада и воените фактори од 1904 година, српската четничка акција започнува се повеќе и повеќе да се засилува. Во 1905 година на територијата на Македонија делуваат 11 чети со околу стотина четници

Српската четничка акција се одвива плански и тие настапуваат систематски од северна кон централна Македонија. Главната цел им била со силата на оружјето да се осигури српската доминација врз Македонија, односно врз деловите на кои таа рефлектирала, а кои и овозможувале излез на Егејско Море.

На навлегувањето на српските чети им се спротивставуваат македонските војводи со своите луѓе. Еден од нив е крушевскиот војвода Блаже Крстев Биринчето, родум од демирхисарското село Бирино, кој за време на Илинденското востание, заедно со здружените чети на Иван Наумов Алабакот ја нападнал и освоил Крушевската касарна. Потоа под раководство на Питу Гули, се борел со четите и одбил шест напади на турскиот аскер, кој патем имал огромни загуби. По Илинденското востание тој е еден од ретките војводи кој останал со народот и се подготвувал за нови борби.

Кон крајот на 1904 година, Блаже Крстев Биринчето со својот соборец Иван Наумов Алабакот, заминуваат за Велешко за да се борат против Српската четничка акција. Меѓутоа тој е против братоубиствената војна и бара средба за да се воспостави мир. За таа цел во 1906 година испраќа писмо до војводата Душан, од великосрпската чета во село Бистрица (Велешко). Во писмото во кое е сочуван јазикот (Документи, Том I, Скопје, 1981, –  ДА ССИД – Фонд Извршног одбора Српске нароне организације Ф-6 (1906 година) (Несредени архивски материјали.), тој ќе напише:

„За брата Душана – војвода от село Бистрица

Братко, да се научиш оти го зедов писмото твоје и разбрав се што ми писуваше, и тоја што ми писуваше. Народо многу во мака го донесовме така верно ет, от кого е кабаетот, вие на велите оти е от нас, а ние на велиме оти е от вас. Само на мојето знаније има десет години, како сум борец за Македонија, никаква колачка во тие години немавме ни пак разлика на србомани, ни пак на бугараши. Македонски борачи бевне и до крај ка се бориме за македонскио народ, а не се бориме за Бугарија или за Србија и Грција, тија сат слободни и си живеат меѓу ними и си пијат по ладните меани, имат прао да пијат оти побрго туриле крфта. Ни треба што сме от македонската земија, треба за Македонија да работиме оти македонските браќа гинат по патиштата и македонските сестри сет обесчестени от клетио Турчин, от мрсниот Турчин.

Није не сме против на никоја народнос нито на Бугарија, Србија и Грција, кои ќа ми поможит, нија ќе му признајме нивната добрина. Ако имала тука земија Србија (српска), бугарска или грчка, требало да не чекат није да умираме по планињето, но тије со војската да ја ослободеа Македонија, тогај можеа да барат српска земија, или бугарска и грчка. Сега ние от ними помош да не чекаме и партизанство во Македонија да немаме за да би работата за бадијала да ни оди, толку години сме работиле еднодушно и пак сега партизанството мене не ми ја арно, оти гледаме партизанството на никој пат не можит да не изнесит.

Штом сме македонски војводи, за македонскиот народ треба да работиме, тогај се види да на еден збор не сме можиле да се разбереме за да не се бијеме. Меѓу себе треба да си туриме еден рет меѓу нас за да пукнит Турчино. Ами Турци да тепаме, но меѓу себе да не се тепаме од денешниот ден.

Јас со србоманска чета не сум се удрил, нито пак со грчка, а Турци мнозина су убил и биле су избесил, и пак су нијет Турци да убијам, а не мој браќа. За това да напрајме еден себап на македонскиот народ, да туриме мир меѓу нас, да се сретиме со уста да зборуваме, ама да не се бојте нито вије ни пак није. Прво да се сретиме и да прајме муабетот и ако не можиме мир да клајме меѓу нас, тогај нема да се тепаме, ка се отстраниме после, ка знајме оти сме душмани, но сега бездруго да се ставиме, ако сакате ќа ви дојдам дури во Крапа. Како нема што да ви пиша, оставам на ваш отговор, и, ако сакате, елате вија кај нас, ако се бојте вије от нас није ка дојме кај вас, без да се бојте да се сретиме.

Пишите.

Блаже Крушески војвода родом от село Пирина. Поздрав до сички братја поимено до другариве поздрав и от мојте другари.

Смрт на врага, доле тиранинот!

Определите место кај да се ставиме или кај вас или кај нас.“

Блаже Крстев Биринчето не е против Србија, Бугарија и Грција, кои ги смета за братски народи, но неможе да дозволи како Македонски војвода македонскиот народ да гине а тие да ја посвојуваат земјата како своја. Како што вели „Штом сме македонски војводи, за македонскиот народ треба да работиме“. Затоа тој бара разбирање од нив, бара договор. За жал тој договор со некои од нив и ден денес го нема.  

Македонска нација

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

To top