Култура и туризам

ЧЕТВРТИ ДЕЛ ОД РОМАНОТ

SavoKostadinovski

SavoKostadinovski
Саво Костадиновски

Човекот во мисијата на животот се менува биолошки, социолошки и психолошки. Никогаш не останува сосема ист. Промените подзапираат кај педесеттата, тогаш се стабилизира, ги сумира животните ускуства. Тогаш возраста можеби најмногу доаѓа до израз како зрелост. Не може с# во животот да се третира како судбина, случајност или карма. Потребно е на животот да му се погледне низ духовното око.

Дури на таа возраст најмногу мислев на советите на Дедо Јанко. Јас го знаев од приказните, но го запознав во зрели години. Го слушав и му верував, зашто с# што кажуваше дедо Јанко беше вистина.

Ми велеше дека на зрели години во светот нема ништо помило од родниот крај. Туѓина можеш да си смениш, ама родниот крај не можеш да го смениш, тој е еден и единствен.

Така ми зборуваше од своето животно искуство.

Така ми зборуваше оти таква е вистината.

А сиот живот е вистина, но сиот живот е непредвидлив. Никогаш не знаеме што носи и до каде ќе н# донесе. И во што ќе се испреплете. Чудни се некогаш патиштата во животот. Животот сам ги носи изненадувањата. Тоа е судбината.

Наместо како привилегиран син на воен инвалид со стипендија од Титовиот фонд да учам во родната земја, јас учев и печалбарев во земјата на оние кои го раниле татко ми. Наместо во една, сум заминал во друга земја. Наместо да се вратам во родната, јас сум останал во втората татковина… Всушност, животот е полн со непредвидливи моменти…

Таков е животот. Навистина носи и многу опасни мигови. Носи премрежиња. Сега само можам да си припомнувам за неколкуте случаи од детството до денес кога за влакно сум го спасил животот. По таквите моменти го чувствувам како дар, како божја дар, како повеќе од судбина… Јас се чувствувам како преживеан филмски јунак…

Сите важни моменти се спомени. Спомените се составен дел од животот, ако не се тие исто како да не бил животот. Тие се дел од мојот живот, без разлика дали ќе ги чувам само за себе, ќе & ги раскажувам на ќерка ми или ќе ги споделувам со многумина… А велат дека животот е богат ако е полн со спомени. Дедо Јанко некогаш многу ми раскажуваше. Кога сум со ќерка ми и јас многу раскажувам. Можеби е така со луѓето што го напуштиле родното огниште и заминале далеку да печалат, односно да живеат и да работат.

Моите спомени се мојот свет, мојата појдовна точка кон сиот свет околу мене, кон сите страни и меридијани…

Сите спомени не може да се запишат.

Голема е книгата на животот.

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top