Култура и туризам

Мијачката народна носија е застапена во Смилево , Папрадиште, Ореше , Ехловец и Крушево

mijacka-zenska-nosija

Мијачката народна носија е застапена не само во мијачката етничка целост, туку таа е распространета и надвор од неа во други етнички предели и ги опфаќа овие населби: Смилево (Битолско), Папрадиште и Ореше (Велешко), Ехловец (Кичевско) и Крушево.

Главна одлика на оваа носија е особено богатиот алов и “кинат” – ажуриран вез, кој главно е застапен на женската носија, и тоа претежно распореден на ракавите и предниците – “партите” од кошулата. Покрај тоа, уште се одликува со изобилство на реси распоредени речиси низ целата носија, како и со метален накит, кои на оваа облека & придаваат достоинствен и господарствен изглед. Носијата на Мијаците укажува за нивното болјарско (царско) потекло. Особено со такви богати украси на вез, накит и друго, се одликува невестинската носија. Белите клашнени облеки, украсени со црни гајтани, се главни одлики на машката мијачка носија. Ова е условено од климатските и стопанските услови во кои тие живееле (живеат) како сточари во планинските предели на планината Бистра, Стогово, Крчин и Кораб.

mijacka-zenska-nosija

Мијачката женска народна носија изобилува со голем број детали:

1. Минтан – долна облека од клашна, украсен на предниците и ракавите со кадифе, згора извезен со срмено “букме” и гајтани. Вез – “лоза” се закопчува со сребрени филигрански петлици.
2. Кошула “тнока” – од домашно дебело платно, целосно извезени ракави. Го добила името по главниот орнамент застапен на ракавите и кошулата.
3. Елек – од домашно платно, предниците потплатени со “свита” – чова и згора украсени со срмени гајтани и позлатени петлици.
4. “Клашненик гувеалски” – горна облека, од домашна бела клашна. Предниците – “свитките” богато извезени со срмени и “алосани” гајтани, “букме” и позлатени “петлици”. Долу клашеникот е украсен со гајтани и бикме. Наместо ракави има “паткавици” – “рокави” (украсни парчиња што се спуштаат низ плеќите).
5. Појас – ткаен четворно од “чиста” црвена волна. По краиштата богато украсен со “киски” – реси.
6.”Препашка” – појас, лито ткаена од алова преѓа со прави шарки, по краиштата украсена со “китови” – реси и “поплети”.
7. “Ризинче” – свилено шамивче, индустриски производ.
8. “Фута стамболска” – скутина, цариградска копринена, украсена со “колца”.
9. Шамија – свилена со “киски” – реси, индустриски производ.
10. “Чапрази” – со “трепетушки” – пафти со срмен колан.
11. “Низалка” – накит за потпојас, со три реда синџири поткитени со сребрени пари, кувенџиска обработка.
12. Ѓердан поткитен со “дубли” – златни пари.
13. Чорапи “гувеалски” – плетени од волна, ишарани со шарбите “петнаесет игли” и “девет игли”.
14. “Врзаници” – невестински чевли, направени од жолта и црвена кожа “сафтијан”, ишарани со “з’мба”.
15. “Калемќар” – волнена шамија за на глава, индустриски производ.
16. “Игла” од сребро – накит за на глава со четири реда синџири, а на средина со чапрасчиња, кувенџиска изработка.
17. Ушници со трепетулки – накит за над уши.
18. “Плетеници” – украс за на коса, направени од волнени “алосани киски” – рески, украсени со плетеници и “жапки”.
19. “Сокај” – украс за на глава, направена од алова “свита” – чова и платно. Долниот дел украсен со срмени ширити и китки.

mijacka-maska-nosija

Мијачката машка народна носија:

1. Кошула – од тенко домашно памучно платно.
2. “Жамадан” – минтан од “свита” – чова, со капаци околу рабовите опточени со машински “тегели” од жолт и црвен конец од макара. Предниците и ракавите украсени со купечки “петлици” – копчиња.
3. “Бечви” – од бела клашна насекаде по рабовите украсени со црни гајтани, од страните имаат по два “жеба” – џеба, а напред кај “кутелецот” има два цепа за полесно облекување на бечвите.
4. Појас – исткаен од “чиста” – вишна волна, четворна ткаенина со прави шарки.
5. “Зобанче зетовско” – од темна или црна клашна. Горна облека долга до појас со “ќулавка” – широка јака која се употребува како засолница од лошо време, дожд, ветер и друго и куси “рокави” – ракави, терзиска изработка.
6. “Кече” – капа од црн сатен, украсено со “машински тегели”, занаетчиска изработка.
7. “Чипили” – чевли од црна кожа. Чевларска изработка.
8. Чорапи – “ластиклии”, плетени од црна волна.

Во овој дел користени со материјали од публикацијата “Македонски народни носии”, во издание на Етнолошки музеј на Македонија, од 1963 година.

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top