Дијаспора

Во Козумел – големото јужно мексиканско туристичко пристаниште (9)

meksiko1

meksiko1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – МЕКСИКО

По една недела престој во Флорида, немирувавме и го продолживме нашето патување по светот. Беше недела – Господов ден кога се упативме кон големото пристаниште Форт Лодердел. Бевме пријатно изненадени кога од далечините ги гледавме прекуокеанските патнички бродови наредени во океанската шир. Неповторлива глетка. Тие доаѓаат и поаѓаат токму од ова американско пристаниште. Се упативме кон отворените влезови во кои имаше неколку илјади патници кои брзаа да влезат во бродот наречен „Волшебникот на морињата” (Allure of the Seas). Ние се приклучивме то толпата патници и како да се изгубивме во таа безкрајна колона на патници од целиот свет..

Пред да го организираме оваа патување, по обичај, се запознавме со основните податоци за она што беше потребно да знаеме за патувањето, државата и местата кои требаше да ги посетиме и друго. Така,  според податоците што ги добивме за бродот како морско чудовиште беа дека тој, бил изграден во пристаништето Турку во Финска во 2008 година, а по пристигнувањето во Флорида  бил крстен како „Волшебник на морињата” од неговата кума принцезата Фиона на 28 ноември 2010 година.

Бродот е  огледало на современото живеење, на софистицирана  опрема што пружа удобно живеење и престој. Во бродот, покрај другото, има театар за 1.400 посетители, големо казино, место за претстави на вода, ресторани, продавници,  детска градинка, голф клуб, сала за вежбање, козметички салони и други простории, каде човек се чувствува како да е во град некаде во Европа.

Од добиените податоци за бродот, просто човек не може да поверува дека бродот е долг 362 м, широк 60 м, висок 72 м (има 16 ката), тежок е 250.000 тони, и може да развие брзина од 42 км на час. Ние во бродот бевме едни од 6.300 патници заедно со 2.300 екипаж и послуга. Интересен е податокот дека бродот чини околу две милијарди долари.

Бродот замина тивко од Форд Лодердеи и се упати кон Тахити. Патувањето од два дена и две ноќи не го почувствувавме, бидејќи имавме вистински, топли, романтични, летни периоди исполнети со многу активности, гурмански седенки, музика…Притоа, глетката од бродот ја збогатија десетината делфини кои во непосредна близина на бродот скокаа во водите, со цел да ја постигнат брзината на движењето на „големата риба”. Но, откако бродот се покажа дека е побрз од нив, тие како да се изгубија и ги снема во длабочините на морската вода.

Беше утро кога стасавме во монденското пристаниште Лабади (Lаbadee) на островот Хаити, во најсиромашната земја на светот. Бевме информирани дека од сигурносни причини летовалиштето е заградено пристаниште и се користи исклучително за американските патнички бродови. Таму не пречека домородна музика составена од свирачи кои свиреа музика со јужноамерикански мелос. На прекрасната плажа од неколку километри екипата на бродот, со одреден број вработени од Хаити ни обезбедија услови за одмор, рекреација и гурманство како да сме на „Волшебникот на морињата”, кој се вишнееше недалеку од плажата.

meksiko1-2
Бродот „Волшебникот на морињата”

Го напуштивме Хаити и по два дена и две ноќи стасавме во пристаништето Фалмаут (Fаlmouth), кое се наоѓа на северната страна на островот Јамајка. И тука излеговме од бродот и денот го поминавме во пристанишниот град. Таму имаше бројни дуќани, ресторани и други објекти за да ги послужат патниците од бродовите со различни сувенири, златни предмети, туристичка облека и друго. И тука, сите патници се прибраа во вечерните часови.

Ја напуштивме Јамајка и бродот нечујно заплови во Мексиканскиот Залив кон островот – пристаниште Козумел во Мексико. И до Мексико беа потребни две ноќи и еден ден да ја допреме земјата на Маите. Таму можевме слободно да излеземе од бродот, каде бевме пречекани со оркестар кој со мексиканска музика ни посака добредојде. Ова значајно пристаниште ни беше дозволено да го посетиме од утринските часови до доцна во ноќта. На самото пристаниште имаше стотина различни продавници за сувенири и други производи. Од централниот дел на пристанишното гратче, каде, исто така, се слушаше мексиканска музика, беа наредени безброј автобуси и други возила кои со туристи од бродот заминавме до различни туристички еднодневни дестинации во Мексико.

Инаку, според пишаните документи, Козумел  е остров кој лежи на Карипското Море,  источно од брегот на полуостровот Јукатан, спротивно од плажата Плаја Дел Кармен и близу каналот Јукатан. Козумел е една од деветте општини на државата Кинтана Ро и е главна туристичка дестинација, позната по бројните одмаралишта и нуркaчки активности. Најголемиот град на островот е Сан Мигел Де Козумел

Островот е долг 48км (30 мил) и 16км (9.9 мил) широк и е најголемиот мексикански остров што лежи во Атлантикот. Toj е трет по големина во државата, по островот Тибурон и Анхел де ла Гуардиа. Оддалечен е 20 км (12 мил) од копното и 60км (37 мил) јужно од Канкун. Голем дел од населението на Козумел живее во градот Сан Мигел (население од околу седумдесет илјаду), кој се наоѓа на западниот брег на островот. Општината вклучува уште две мали области на главното копно, кои се енклави на општината Солидаридад. Островот е низок, рамен и со густа вегетација.

meksiko1-3
Козумел

За нас од Македонија беше интересно да се запознаеме со една нова култура, архитектура, народ, религија, обичаи… Притоа, најмногу се интересиравме за историскиот и културниот развои на Маите. Бевме информирани дека Маите биле први кои се населиле на Козумел, на почетокот на првиот милениум од нашата ера, Исто така се најдени артефекти и од древните Олмеци.

Островот бил светилиште на мајската божица на месечината Иш Чел, а храмовите биле свето место, особено за жените кои посакувале плодност. На островот постојат урнатини од пост-класицизмот. Најголемите маиски урнатини биле расчистени за да се направи простор за аеродромска писта за време на Втората светска војна. Другите урнатини што останале се Сан Гервасио и се наоѓаат во непосредна близина на центарот на островот и до ден денес постојат.

Првиот шпански освојувач на Конзумел бил Хуан де Грихалва во 1518, а наредната година Хернан Кортес пристигна со флота и уништил многу маиски храмови. Тогаш на островот живееле околу 40.000 Маи, но малите сипаници ги уништија и до 1570 останаа имало само 30 Маи. Во годините што претстоеле, Козумел бил напуштен и се користел од време на време како скривалиште на пиратите.

meksiko1-4

Во 1848 година избувна Јукатанската војна, која резултирала со емиграција на бегалци. Во врска со бегалците и денес на спомен плочата во музејот во Козумел стои дека американскиот претседател Абрахам Линколн имал намера да го купи островот и да го користи како место за ослободените робови. Но војната во Јукатан го премислила.

Во 1960 година, пак, истражувачот Жак Кусто ја запознал убавината на коралниот гребен Палансар, кој се наоѓа кај јужниот дел на Козумел и го претставил како едно од најубавите места за нуркање во светот. Но, оваа репутација падна во вода, поради контраверзната смрт на британската пејачка Кристи Мек Кол додека нуркала таму во 2000-та година. Иако првичниот аеродром, кој бил изграден за време на Втората светска војна, имал капацитет за примање на воени и интернационални летови, многу поголем аеродром бил изграден во доцните 70ти години. Тоа придонесе уште повеќе да се развие туризамот во Козумел.

Нуркањето е сéуште една од главните атракции во Козумел, што во главно се должи на маринските заедници на коралниот гребен. Во 1996 владата на Мексико го заштити националниот парк – коралниот гребен на Козумел, со тоа што забрани допирање или отстранување на организми од морето во границите на паркот.

После прошетката до еден дел од островот се вративме во бродот, со цел да гледаме како сонцето зајдува во далечините на земјата на Маите, што е специфичен момент за пристаништето Козумел. Бродот заплови и се изгуби во далечините на водената шир меѓу Флорида и Куба.

Ние имавме среќа да седиме и да пиеме виски на најгорниот раскошен кат на бродот,  од просторот за рекреација, од каде се гледаа повеќе мексикански населби, над кои Сонцето, кое ние го нарековме „Македонско сонце од Палатица – Кутлеш”, зажарено како да е вулкан се спушташе во непрегледните далечини. Глетка што остави впечаток кај голем број туристи на најголемиот брод на светот кој го гледаа залезот на „Македонското сонце”.

Продолжува

slave-katinn
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top