Дијаспора

Во летовалиштето Порто Ваљарта во Мексико (10)

meksiko10-1

meksiko10-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – МЕКСИКО

Патувањето за туристичкото пристаниште Порто Ваљарта на Тихиот Океан во Мексико, во вистин­ската смисла на зборот за нас претставуваше ретко до­жи­вување. Во исто време таквите патувања се и предизвик и возбуда и задоволство за посетителот на оваа контраверзна јузноамериканска земја.

За патувањето за Мексико како водич ни` послужија големиот број литературни дела од бројни канадски и американски публицисти и патеписци, кои детално и точно ги пренесуваат податоците за Мексико. Во таа интересна и богата земја на Маите од кога дошле Шпанците има огромни турбуленции, војни, покорувања, уништувања, промени, напредок, религиски измени и уште многу други карактеристики се запишни во историскиот развој на мексиканскиот народ.

Беше пролетно утро кога полетавме со авионот на „Канадиан еирлаинс“ од аеродромот „Пирсон“ во Торонто. Сонцето штотуку се појавуваше од далечините на езерото Онтарио од исток, а метрополата со голем број околни места како да потонала во маглата што беше се јавила од испарувањето на водата од Езерото. Го прелетавме Онтарио, а со тоа ја  напуштивме Канада и се упативме кон Соединетите Американски Држави. Потоа, „железната птица“ продолжи да лета преку непрегледните територии на САД од северо-исток кон југо-запад и продолжи кон брегот на Тихиот Океан, на западната страна на Мексико.

meksiko10-2
Порто Ваљарта

Патувањето траеше повеќе од  пет часа, кога на пладне слетавме на меѓународниот аеродром Густаво Дијаз Ордаз во Порто Ваљарта. Ова авионско пристаниште се наоѓа на самиот брег на Тихиот Океан, од чии води се спуштавме кон копното, слично како на аеродромот во Охрид кога авионите се спуштаат од кај Свети Наум кон Аеродромот „Охрид“ кај  Подмоље

Затоа со право констатиравме  дека каога човек е во Порто Ваљарта и на брегот на Пацификот има одредено чувство дека се наоѓа како да е во Охрид и на Охридското Езеро, бидејќи Порто Ваљарта наликува на Охрид и по својата местоположба, конфигурација и по природните убавини. Тука, на тие многу поголеми простори од Охрид природата подарила многу богатство, климатски услови и природни убавини кои се искористени и се мамка за илјадници посетители од светот, особено за Канаѓаните и Американците.

Скоро сите патници во авионот од Торонто беа туристи од Канада кои доаѓаа во Порто Ваљарта како монденско летовалиште со пролетна клима, каде можат да се поминат безгрижни денови и недели за одмор, уживање, рекреација…

За кусо време ги поминавме граничните и царински процедури, бидејќи на Мексико му требаат туристи, затоа тие живеат и работат за туристите. Потоа се упативме кон аеродромската зграда во која вриеше од претставници на агеции и хотели кои им организираат на гостите превоз и сместување, ги осигуруваат и се грижат за новодојденците. Одма при влезот нé почестија со локум и со по една чашка текила за добредојде (слично како во Македонија). На излезот од зградата лесно ги најдовме претставниците на нашиот домаќин, кои љубезно не сместија во возилото и не однесоја во хотелот „Лас Палмас“, во кој останавме две недели.

meksiko10-3

Инаку, Порто Ваљарта е мексиканско градско крајбрежје кое се наоѓа во заливот Бахија де Бандерас на Тихиот Океан. Тоа е владино седиште на истоимената општина, која го опфаќа градот, како и населени центри надвор од градот, кои се протегаат од Бока де Томатлан ​​до границата Најарит (реката Амека). На север се граничи со југозападниот дел на областа Најарит. На исток се граничи со општината Маскота и Сан Себастијан дел Оеште, а на југ се граничи со општините Талпа де Аленде и Кабо Кориенте.

Градот Порто Валарта е именуван по Игнасио Ваљарта, поранешен гувернер на Халиско. На шпански, Порто Ваљарта често се скратува во “Ваљарта”, додека на англиски често го нарекуваат градот П.В. Близината на Порто Ваљарта до Заливот Бандерас, земјоделската долина на реката Амека и важните рударски центри во Сиера, му дале на градот поинтересно минато од повеќето туристички дестинации во Мексико. Порто Ваљарта било просперитетна мексиканско село долго пред да стане меѓународна туристичка дестинација. Туризмот е главна економска активност поради климата, конфигурацијата, тропските плажи и богата културна историја.

Неколку детали се познати за историјата на оваа област пред 19 век. Имено, постојат археолошки докази кои укажуваат на континуирано живеење на луѓе од 580 п.н.е. до денес. Слични докази, особено од локалитетите во близина на Икстапа и во месноста Лазаро Карденас укажуваат дека областа припаѓала на културата Азталан, која доминирала на тие простори.

Шпанските мисионери и конквистадори документираат хронични пресметки помеѓу шпанските колонизатори и локалните народи. Во 1524, на пример, голема битка помеѓу Хернан Кортес и армија од 10.000 до 20.000 Индијци резултирала со победа на Шпанците, кои ја презеле контролата над поголемиот дел од долината Амека. Тогашната долина била наречена Бандерас (знамиња), по шарената облека што јаноселе домородците.

Исто така, областа е заведена во некои извештаи како место за пиратски операции и за шверцување и пиратски напади. Во текот на 17-тиот и 18-тиот век, долината Бандерас и нејзините плажи по должината на заливот Бандерас служеле како места за снабдување на бродовите кои барале засолниште во заливот. Областа, исто така, служела како точка каде шверцуваната стока можела да се испрати до градовите Сиера во близина на Маскота, избегнувајќи ги царинските операции и давачки.

Во текот на 19-тиот век, историјата на Порто Ваљарта, тогаш наречена Ел Каризал или Лас Пенес, била поврзана со историјата на градовите Сиера во Сан Себастијан де Осте, Талпа де Аленде и Маскота. Додека денес овие градови се сметаат за необични туристички дестинации, во поголемиот дел од 18-тиот век, Маскота бил втор по големина град во Халиско, по Гвадалахара. Маскота и неговите соседни градови лоцирани во високите висорамнини на Сиера, се развиле како земјоделски градови за поддршка на растечките рударски операции во Сиера.

За да биде здодевно од многу податоци одвреме – навреме Мексиканката во соработка со возачот пуштаа убава мексиканска музика. Оние кои не беа многу заинтересирани за историскиот развој на Порто Ваљарта слушаа мексиканска музика и се насладуваа на приридните убавини долж на Тихиот Океан.

Нас не интересираа историските податоци и со внимание ја слушавме убавата Мексиканка која нé информира дека според пишаните документи, во текот на 18-тиот век, како што растела Маскота, Порто Ваљарта пораснала со тоа, преобразувајќи се од мало рибарско и бисерско село во мало пристаниште. Во тоа време главното пристаниште што служело на Халиско било лоцирано во Сан Блас, но неповолното копнено патување од Сан Блас до градовите Сиера го направило Порто Ваљарта попогодна алтернатива за помали пратки, а да не ги споменеме шверцувачките операции што ги избегнувале собирачите на данок во Сан Блас.

Порто Ваљарта, исто така, станала дестинација за одмор за жителите на Сиера градовите, а до средината на 19 век, градот веќе имал редовно враќање на бројни туристи. Повеќето од поранодојдените доселеници во Порто Ваљарта биле семејства кои го напуштиле градот Сиера од една или друга причина.

Треба да се одбележи дека годината 1859 била важна пресвртница за малото село, тогаш позната како Лас Пенес. Таа година една рударска компанија поседувала земјиште кое се протегало од Лос Аркос до реката Питиллал и назад во Сиера.

meksiko10-4
Хотелот „Лас Палмас“

Бевме информирани дека официјалната основачка приказна за Лас Пенес, а со тоа и за Порто Ваљарта, е дека тие биле формирани од Гвадалупе Санчез Торес, на 12 декември 1851 година, како Лас Пенес де Санта Марија де Гвадалупе. Во тоа време тој простор бил населен со рибари, бисерни нуркачи, шверцери и фалсификатори, од кои сите имале свој живот и постоење во областа. Во тие години почнал животот на Порто Ваљарта како село, кое опфаќало околу 250 домови и околу 800 жители.

За разлика од тие немирни времиња, при нашата посета на Порто Ваљарта бевме информирани дека според пописот на населението објавен во 2010 година таму живее мексиканско население од 255.725 жители,  што го прави петтиот по големина град во државата Халиско, а втор по големина како урбана агломерација во државата по Митрополијата Гвадалахара.

Во групата од десетина туристи од Канада кои домаќинот ја доведе во хотелот „Лас Памас“ бевме и ние. Во влезот на хотелот бевме пречекани со чашка текила, а потоа ни беа предадени клучевите на собите. Ние добивме соба на третиот кат со поглед кон Тихиот Океан. По сместувањето во собата се упативме кон една од хотелските сали каде бевме почестени со мексиканско јадење и пиење, со што ни беше укажано пријатно и топло добредојде во хотелот „Лас Памас, во Порто Ваљарта. Во Месико.

Продолжува

slave-katinn
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top