Дијаспора

НАГРАДИ ЗА ГЛУМА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ЗА 2017

gala-vecer-1

gala-vecer-1

Во Сиднеј Гала Вечер:

Минатата сабота, 24 февруари во просториите на Civic Theatre во Хрствил (предградие на Сиднеј) се одржатретата традиционална Гала вечер посветена на театарската уметност при што се доделија престижните награди Александар Македонски. Театарот беше премал да ги прими сите заинтересирани и повеќе лица целата програма ја следеа без седишта. Гала вечерта официјално ја отвори амбасадорот на Република Македонија во Австралија, неговата екселенција Веле Трпевски. За најдобра актерка прогласена Валентина Апостоловска, а за најдобар актер Зоран Гулабоски.

Во еден убав на високо ниво амбиент и богата програма Австралиско македонскиот театар од Сиднеј по трет пат ја организира својата традиционална Гала вечер при што за присутните изнесе богата програма со драмски-сценски и музички изведби преку кои ги промовира културните достигнувања на Македонците во Австралија и го возвиши името на Александар Македонски со доделувањето на награди за глума и сценска уметност.

Вечерта започна со прикажување на монодрамата Каменот од Роби од Душан Ристевски,а истата посветена на децата бегалци (избркани) од поробениот егејски дел на Македонија. Главната улога ја толкуваше Валентина Апостоловска, во придружба на Антонио Нешковски, а во режија на Стефо Нанцу, а сценски техничар за ефектите беше Никола Апостоловски. Оваа година се навршуваат 70 години од егзодусот на децата и Театарот успешно на сцена постави дело да не потсети дека геноцидот врз Македонците и понатаму продолжува не само во егејскиот туку и во сите поробени делови на Македонија.

Се дадоа и три кратки комични сценски изведби: Шекира-слепата гледачка толкувана од Гордана Милошевска, Васко Србиновски и Душан Ристевски, Ѓурѓа има запек толкувана од Јаворка Котевска и Владо Сазданов, и Шекира против Европа толкувана од Гордана Милошевска и Татјана Нешковска. Овие изведби ја насмеа публиката до солзи.

Промоција на најновите ДВД од драмите Изненадувачка забава и Сонце мое направи Омер Зекировски, познат македонски режисер и продуцент кој со пофални зборови ги отцени драмските продукции.

Театарот додели награди за уметност и култура под името Александар Македонски, за врвно културно остварување и промовирање на македонската култура и нација во Австралија. За промовирање на македонскиот јазик и култура доби Иван Трпоски, познат писател и новинар кој скоро 40 години активно работи во Литературното друштво „Григор Прличев“. Исто така награда Александар Македонски доби и МПЦО Св Димитрија Солунски од Волонгонг, една од најактивните општини во Австралија која за последните 45 години активно ги негува и промовира македонскиот јазик, религија, спорт, фолклор и култура во Австралија. Ова награда ја прими претседателот на Општината, Љупчо Стефановски.

gala-vecer-2

Наградите Александар Македонски за театар и театарска уметност ги добија:

Наградата за најдобар дебитант и припадна на Стефани Тодоровски за улогата на Кристина во Изненадувачка забава. Најдобрата женска придружна улога и припадна на Татјана Нешковска во улогата на Ребека во Сонце мое. Најдобра машка придружна улога доби Васко Србиновски за улогата на Дедо Борис во Изненадувачка забава. Најдобрата женска улога и припадна на Валентина Апостоловска за улогата на Неда во Неда, а наградата за најдобра машка улога му припадна на Зоран Гулабоски за улогата на Лу во Изненадувачка забава. Наградата по избор на публиката ја доби Антонио Нешковски за улогата на Кирил во Изненадувачка забава. Исто Театарот додели и награда за животно дело, а ова награда се додели од членовите на самиот Театар за врвно достигнување во театарската уметност. Ова награда ја доби Стефо Нанцу кој во Театарот членува осум години, а со глума и режија се занимава 35 години. Исто така им се доделија благодарници на покровителите и помагателите кои го помагаат и промовираат театарот.

За неградите одлучуваше Жири комисија составена од видните културни и филмски работници од македонската заедница: Тони Радевски, Радица Бојковска и Иван Трпоски, а наградите беа врачени од: Иван Трпоски, Радица Бојковска, Ан Марие Вајлс, Виктор Бивел, амбасадорот Веле Трпевски, конзулот Драган Богдановски, Васко Србиновски и Валентина Апостоловска.

Вредно е да се напомене дека Гала вечерта беше отворена и затворена со ансамблот Илинден кои се преставија со песни од Егејска Македонија во интерпретација на младата Сандра Митров. Водител на програмата беше Џашуа Шерман кој на крајот забележа дека театарот за оваа година ќе ја припреми драмата Последниот Македонец. За техничкиот дел на програмата се погрижи Никола Апостоловски.

Секако нема подобро преставување на македонската уметност и култура доколку нема македонска традиционална закуска подготвена од вредните раце на Македонките, членови во Театарот.

Честитки до сите оние кои ги добија овогодишните награди и честитки до целиот театарски тим што така возвишено ја преставуваат македонската култура посебно театарската уметност во Австралија.

Иван Трпоски

Фотос: Gerry Tye и George Komatas

gala-vecer-3

gala-vecer-4

gala-vecer-5

gala-vecer-6

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top