Дијаспора

Македонски информативни гласила со името „Илинден“ во Канада (25)

ilinden25-1

ilinden25-1

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Процесите на иселување во Канада започнале речиси во исто време како и оние во САД. Дури еден период Канада била „отскочна штица” за одење во САД, каде што полесно се наоѓала работа и заработувачката била поголема, што бил најважниот мотив и за преселниците од Македонија. Познато е дека првите Македонци во Канада се доселиле 1898 година и тоа претежно во Торонто, денес најбројна македонска колонија на иселеништвото, а потоа во Виндзор, Хамилтон и други места, а тоа биле печалбари од Јужна Македонија, денешна Егејска Македонија.

Со формирањето на првите друштва и друг вид асоцијации и организации, меѓу иселеништвото се појавиле и првите информативни гласила. Меѓутоа, веднаш треба да се нагласи дека информативната дејност и организираното живеење во Канада е многу слично, ако не и идентично на она во САД.

Всушност, весниците, билтените и другите гласила што излегувале во САД во периодот до Втората светска војна се дистрибуирапе и во Канада и во извесна смисла претставувале заеднички гласила. Ваква практика е присутна и денес и речиси секое гласило претставува информатор за сите Македонци на северноамериканскиот континент.

Првите гласила на македонски јазик ги издапа Национапната организација „Обединети Македонци” од Торонто, меѓу кои „Илинден” во 1961 година, „Македонски живот” 1962 година, „Илинденски весник” во 1967 година, „Македонија” во 1971 година, „Канадско-македонски глас” 1979 година, иМакедонски глас“ 1980 година, сегашниот весник „Обединети Македонци”. Денес најзначајно место во информативната дејност имаат независните весници „Македонија“, „Македонски весник“ и други.

Организацијата „Обединети Македонци” формирана 1959 година, претставува интегративен фактор на бројното иселеништво и организатор на традиционалниот Илинденски пикник на кој се среќавале и до 25.000 посетители, а во чија чест се лечатат бројни гласила.

ilinden25-2

Исто така, во изминатите педесетина години, вистината за славниот Илинден била тема и за радио часовите на Македонците во Канада. Тие посебно место им посветуваа на Илинденското востание, на Крушевската Република, на АСНОМ… Затоа, заслужија посебно место во прославата на стогодишнината на Илинден. Денес само во Торонто со успех работат три радио и два телевизиски часови, слушани од бројното македонско иселеништво, бидејќи секојдневно им ја презентираат македонската култура, јазик и музичките достигнувања.

Тие ги информираат Македонците за новостите во Република Македонија, за животот и работата во иселеничките организации, како и за активностите во македонските православни црковни општини, друштва, клубови и друг вид асоцијации, кои претставуваат национални, духовни и културно-просветни центри за македонските доселеници од сите делови на Македонија во демократска и мултикултурална Канада.

Во продолжение се претставени македонски гласила што го носат името Илинден.

„ИЛИНДЕН” („ILINDEN“) (1961) – ТОРОНТО

Ова е прво списание на организацијата „Обединети Македонци”, а и прво слисание на македонски јазик во дијаспората. Тоа излезе на 1 август 1961 година како македонски семеен магазин, а било отпечатено на 24 страници, заедно со кориците, на формат 21,5 х 28,5 см. Се печатело на македонски јазик со латиница и на англиски јазик, со цена на чинење од  25 центи.

Клишето на главата е на македонски јазик и со латиница, на чија лева страна е поместен амблемот на организацијата „Обединети Македонци”. Списанието го уредил Редакциски одбор составен од членови на организацијата „Обединети Македонци”, а било отпечатено во печатницата „Шерман” во Торонто.

ilinden25-3
Манастирот „Св. Илија“

Во воведната страница на првиот број, се вели дека: „Обединетиот македонско-канадски комитет започна да го издава ова списание за целата македонска емиграција, и дека се очекува да излегува ловремено. Неговата цел е да ја објасни важноста на македонското прашање, односно обединувањето на Македонците во Канада, без разлика на нивната политичка и религиозна припадност.

Ако целата македонска емиграција биде водена под едно знаме, ќе се постигнат поголеми резултати на секое поле. Вака обединети ние Македонците ќе бидеме многу покорисни за македонската кауза и за нас самите во оваа земја, обединети можеме да ја развиваме нашата културно-просветна дејност”.     

Понатаму се зборува за отворање културни центри во Канада кои ќе им служат на над 30.000 Македонци со цел преку нив тие да го популаризираат своето име и своето минато…

„Македонскиот комитет го застапува принципот на неутралност – политика која е дело на македонскиот народ кој живее во Македонија, и убеден дека правилно е решено македонското прашање во Канада. Потврда за тоа се постигнатите успеси на последните два илинденски пикници и двете културно-просветни приредби одржани во Торонто”.

Во овој број повеќето текстови се на англиски јазик, покрај кои, значајно место е дадено на Декларацијата за значењето на „Обединети Македонци” (Канадски комитет), за македонскиот литературен јазик, за македонскиот филм и за активностите на Македонците во Торонто, а се поместени и неколку писма, текстови за деца, речник на македонскиот јазик, како и бројни рекламно-пропагандни материјали и фотографии од животот во Македонија и во Торонто.

Ова е едно од поиздржаните списанија што македонските иселеници го имале во Торонто и пошироко и претставува лример за македонскиот печат во Канада.

„ИЛИНДЕН” („ILINDEN”) (1966) – ТОРОНТО

Во чест на Илинденските празнувања во 1966 година бил отпечатен годишникот ,Илинден”, како публикација на националната организација „Обединети Македонци – Канадски комитет” од Торонто. Годишникот бил отпечатен на формат 21 х 29 см. како списание, на англиски и македонски јазик, со латиница, на 56 страници, од кои 40 страници со текстуален дел, а 16 се исполнети со рекламно-пропаганден материјал.

ilinden25-4

Годишникот го уредил Редакциски одбор на Организацијата. На корицата од годишникот е фотографијата од споменикот на Гоце Делчев, а потоа следи преамбулата на Уставот и амблемот на Организацијата „Обединети Македонци”, и текстот на химната на Канада.

Во воведната статија што е поместена на англиски јазик на втората страница, повеќе се зборува за историскиот момент од тој период, со посебна нагласка на последиците од војната како големо зло за човештвото. Затоа, се вели дека и Македонците во Канада треба да дадат свој придонес во надминувањето на проблемите кои го конфронтираат човештвото. Како лотврда на мирољубивоста на Македонците, во продолжение нa англиски јазик е песната под наслов „Мртвото девојче од Хирошима”.

Веднаш потоа на македонски јазик следи пригоден текст за Гоце Делчев, народната песна „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов”, материјали за Крушевската Република, за потресната трагедија на Христо Узунов, за делото и значењето на свети Климент Охридски, како и за Илинден во светлината на свети Климентовиот јубилеј 1050 – годишнината.

Посебен простор е посветен на поетските дела на Константин Миладинов, Никола Вапцаров, Кочо Рацин и други автори, а има и текстови на англиски јазик кои се однесуваат на литературните дела на Григор Прличев, на јазикот на Македонците, на историското Илинденско востание, на македонската музика и фолклор, на уметничкиот балет во Македонија и на други културни вредности.

Публикацијата „Илинден” што ја издале „Обединетите Македонци” привлекува со својата разновидна содржина и текстови за актуелниот момент од богатиот национален, културно-просветен и духовен живот на македонските доселеници во Канада и претставува значаен дел од македонската книжевна дејност во дијаспората.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top