Дијаспора

Атанас Близнаков – најголемиот донатор од македонското иселеништво (3)

dmbeni

dmbeni

РОДНОТО СЕЛО Д’МБЕНИ – КОСТУРСКО

Д’мбени родното село на Атанас Близнаков, што се наоѓа во Костурско, во егејскиот дел на Македонија, веројатно го добило своето име затоа што во минатото во селото и околу него, имало густа дабова шума. А и легендата што се пренесува од поколение на поколение вели дека некогаш некои селани од селото Сајново, Костурско, го загубиле својот крупен добиток во соседната густа шума.

По долго талкање и барање во шумата, го нашле добитокот околу еден голем извор од кој бликала силна бистра планинска вода. Изворот се наоѓал меѓу високите дабови дрвја. Ова живописно место на селаните им се видело згодно за живеење и затоа некои од нив се доселиле во непосредна близина на изворот.

Подоцна, постепено на таа месност почнале да се населуваат семејства не само од селото Сајново, туку и од селата Света Петка, Баница, Берик, Горно Сливени, како и од селото Пандатур, а подоцна и од други населби. Така селото пораснало во непроодната месност над која се вишнеела густа дабова шума, поради што тие му го дале името Д’мбени.

Со населувањето на новото село Д’мбени, изворот што се наоѓал во таа месност го направиле кладенец, и така маалото што се подигнало околу кладенецот било наречено Кладенско Маало, а другото кое било изградено на каменлив терен го нарекле Каменско маало.

Колку векови постоело Д’мбени? Засега е утврдено дека првпат под своето оригинално име се споменува во еден попис на Костурскиот вилает во 1445 год., како населба со 13 христијански семејства. И во уште еден попис од 1569 год. на Отоманската империја Д’мбени е евидентирано веќе со 125 христијански семејства и 4 муслимански куќи.  Во споменатиот запис селото се води под името Дамбени.

dmbenski-most
Д
’мбенскиот мост на реката Бистрица изграден 1686 година

Со своја лингвистичка анализа и споредба со другите топоними во Македонија и пошироко во повеќе словенски јазици, М. Соколовски името на селото го става во контекст со дабот (Љуерцус), но ја бара асоцијацијата и со старословенските зборови од кои го истакнува можното значење на зборот ,,Д’жба” што асоцира на ,,вода”, ,,дол”, или ,,рид”.

Сигурно и многу векови пред тоа постоело Д’мбени. А живи сведоци за тоа се стотици оригинални македонски топоними, прекрасни имиња на ридишта и месности, кои сами по себе говорат за богатите традиции на Д’мбенци. Во еден летопис на Јоан Скилиѕи читаме:

,,…Од овие четири браќа, Давид наскоро загинува и тој беше закопан меѓу Костур и Преспа во таканаречените Добри Дабови…”.

Ова се случило како што е познато, во 976 год. Дали е тоа д’мбенската месност Злостана,  околу 3 км. западно од селото, чие име д’мбенци го поврзуваат со загинувањето на Самоиловиот брат, па ,,Добрите дабови” ги преименувале во Зло-стана?

Селото Д’мбени се наоѓа во северозападниот дел на Костурската околија во Егејска Македонија. Расположено е на еден гранитен масив што се вика Малимади, огранок на планината Вињари, во должина од околу еден километар. Од градот Костур е оддалечено околу 20 км, а од Билишта, гратче што се наоѓа во НР Албанија, околу 25 км.

На север преку планината Вињари се граничи со селото Брезница; на североисток преку планината Костолата со селата Габреш и Дреновени; на исток, преку планината Тумба, Кирјака и Тројница, со селата Шештеово, Апоскеп и Жупаништа; на југоисток со селото Косинец, а преку планината Арвенико и со селото Смрдеш.

Сите овие села биле, а некои и сега се, населени со чисто македонско население, со исклучок на Сливени (населено со Маџири, доселеници од Мала Азија), додека селата Четирок и Света Недела се со мешано население – Македонци и Маџири.

Селото од својот настанок се викало Д’мбени, односно Дамбени според македонскиот литературен јазик. Со паѓањето на Егејска Македонија под Грција по Првата балканска војна и по Првата светска војна, Грците го измениле името прво во Д’мбени, а со Наредбата на грчката влада од 31. VIII.1926 година (што била објавена во владиниот весник на 4.X.1926 година) го добило името Дендрохори. И денес така го води грчката администрација. Ова грчко име е всушност превод на македонското Д’мбени, што значи даб – д’б, а дендро – дрво. Дендрохори описно преведено значи село во дабови дрвја.

Селото Д’мбени е лоцирано во јужното подножје на планинскиот масив Малимади, поточно под еден од неговите врвови Вињари. Селскиот атар има голема територија од која поголемиот дел му припаѓа на планинскиот масив, а другиот дел е ридскопланински и го зафаќа, главно, просторот јужно од селото.

dmebeni2
Селото Д
’мбени

Насоките југоисточната, јужната и југозападната се отворени кон Четирското Поле, а другите три: североисточната, северната и северозападната се просторно затворени со планинскиот масив Малимади и делумно со планината Тревица на источната страна.

Инаку, Малимади е варовнички карстифициран планински масив кој достигнува најголема височина со врвот Орлово 1715 м над морето. Има високопланинско плато со надморска височина над 1500 м, што е карактеристично за карстифицирани варовнички планински масиви. Низ планинскиот масив има поголем број пештери кои и денес не се доволно истражени.

Во западниот дел на селскиот  атар кон косинско, варовникот се заменува со палеозоитски шрилци. Шкрилците се присутни и на истичната страна на селскиот атар, главно, преку реката Бистрица, кај Шештевската Планина и северно кон селото Габреш. Реката Бистрица има оформено длабок кањон во варовничкиот масив низводно во подножјето на планината Тревица од исток и во неогенските квартерни седименти кон селото на запад.

Неизбришливи траги Д’мбени оставило во Илинденската епопеја, но и во поранешните бунтови против отоманското владеење под кое Костурско се нашло 1380 година. Живеело и опстанувало, се развивало со своите македонски национални и народно – револуционерни, културни, хумани и какви уште не традиции во сите сфери на животот како вистинско македонско огниште, кое згаснало во јуни 1948 год. Каква трагедија! Било опожарено и уништено од грчката владина војска во текот на Граѓанската војна во Грција и, потоа срамнето со земјата…

ПЕСНА ЗА ТАШКО КАРАЏА

О, Македонијо
све поробена
никад слобода
ти не си вишла

За тебе гинеа
најбаш јунаци
ете кај Стасо
Стасо Караџа

Тој беше борец
борец народен,
во лоши раци
падна германски

Во Солун затвор
го затворија,
мајка му ојде
Стасо да види

Само две думи
тој ѝ продума:
,,Не плачи мајко
за мојта младост”.

Јаска загинвам
за слободата
на наша мајка
за моја Родина.

Продолжува

katin14
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top