На прво место

Филипче ги прифаќа бугарските позиции на штета на Македонија

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека ги прифаќа бугарските позиции на штета на македонските национални интереси.

Според Манасиевски, Филипче е подготвен да прифати уставни измени и отворање на идентитетските и историските прашања со цел, како што рече, да дојде до власт.

„Венко Филипче уште еднаш покажува до каде е подготвен да оди за власт, амнестија и моќ кога се во прашање македонските национални интереси. Прво уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот“, истакна Манасиевски.

Тој оцени дека Филипче не го брани македонскиот идентитет и државните интереси, туку, според него, ги прифаќа бугарските позиции и ја става Македонија во подредена положба.

Манасиевски обвини дека Филипче ги усогласува своите ставови со официјална Софија и ја претставува Македонија како проблем во евроинтегративниот процес, додека бугарските барања ги претставува како европски услови.

Во своето обраќање, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на Виктор Стојанов од фондацијата „Македонија“, како и на бугарската министерка Петрова Чамова, оценувајќи дека нивните ставови се совпаѓаат со реториката што ја застапува Филипче.

„Вистината е јасна – токму Бугарија, водена од свои историски и политички интереси, ја блокира и ветоизира Република Македонија на патот кон Европската Унија“, рече Манасиевски.

Тој додаде дека бугарските власти со години бараат политички партнери во Македонија кои ќе ги прифаќаат нивните позиции, посочувајќи ги поранешните премиери Зоран Заев и Димитар Ковачевски, а денес и Венко Филипче.

Манасиевски порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи, како што рече, обезличување на македонскиот идентитет и ревидирање на историските факти.

„Историските личности кои твореле, кои го описменувале регионот и се бореле за создавање македонска држава не смеат да бидат предмет на политички пазар“, нагласи Манасиевски.

Најново од: На прво место

Политиката на СДС се сведува на сеење страв кај граѓаните

Од најави за економски колапс и празен буџет до тврдења за договор за прием на мигранти, на прес-конференциите на СДС се повторува истата постапка. Најцрното сценарио се претставува како нешто што веќе се случува или е неизбежно. Кога станува збор за платата, пензијата или заштедата на едно семејство, вознемиреноста останува и по завршувањето на прес-конференцијата. […]

Скопје има три големи несреќи: Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС

СДС нема кредибилитет да зборува за состојбите во Скопје, откако со години го остави градот во хаос. Орце Ѓорѓиевски гради капитални проекти за кои СДС лажеше дека ќе ги изгради. Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите […]

Мизрахи: На власта и е потребна конструктивна опозиција, критиките треба да се темелат на аргументи, а не само на партиски наративи

Во вчерашната емисија  „Интервал“ на телевизија 24, гостуваше Рашела Мизрахи, член на ИК и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која осврнувајќи се на парламентарната опозиција, изрази загриженост поради, како што рече, отсуството на конструктивна опозиција која ќе изнесува аргументирани ставови и видувања засновани на докази и материјали за кои може да се води суштинска дебата. […]

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

To top