Култура и туризам

„Св. Богородица Елеуса (Милостива)“ или Вељушки манастир

veljuski-manastir

veljuski-manastir

Манастирот Елеуса е изграден во 11 от век. Во 1080 година е завршена градбата на манастирската црква, градена во стар стил со камен и тула. Значајно да се спомене е дека оваа црква е единствената која воопшто не е уривана. Оваа црква на времето била фрескописана во 11 тиот век, 12 тиот и 14 от век, но фреските се многу малку зачувани. Последен слој на фреските е од 19 от век. Фреските постоеле до почетокот на Првата Балканска војна.

Во 1913 година грците ја запалиле црквата од внатрешна страна и тогаш изгореле речиси сите фрески што постоеле. Денес се зачувани мал дел фрески од 11 от и од 12 от век. Основач на манастирот, како машки манастир е епископ Мануил, кој има потекло од Мала Азија од гората на Свети Аксентиј, каде што тој живеел како монах многу години. Во неговите поодминати години бил назначен за епископ на Тивериполис (Струмица). За него се вели дека е по потекло до богато семејство и дека имал големо наследство, а тој сиот свој имот го вложил во подигањето на манастирскиот комплекс. Во тоа време во манастирот се занимавале со преведувачка и препишувачка дејност а исто така имале познавање од уметноста, така што голем дел иноки се фрескописани од самите монаси. Монашкиот живот продолжил во континуитет а за прв пат бил прекинат околу 1945 година, а манастирот извесно време бил како скривница на партизаните. Во втората половина на 20 от век е под заштита на Заводот за заштита на споменици, кога започнале археолошки истражувања. Направени се реконструкции на подниот моазик и на иконостасот. Од 11 от век се сочувани столбовите и горната греда, два три капители и едно малечко парче кое е вградено во долната плоча од олтарната преграда. Во 1995 година, монашкиот живот во манастирот повторно се возобновува и повторно започнува како машки манастир, за една година подоцна да стане женски манастир. Од тогаш наваму, се служи литургија секој ден. Доаѓаат свештениците од струмичко и имаат по една недела дежурство. Епископот Мануил, манастирот го посветил на Воведение на Пресвета Богородица. Откако луѓето почнале да слават слави, селото ја земало славата на Пресвета Богородица на 21 ви септември, во овој манастир го славеле празникот до ден денес. Имено на тој ден манастирот е најпосетен. Во манастирот во минатото постоела камбанарија, но сега е изградена нова.

Во дворното место на манастирот се наоѓаат откопини од Манастирската бања, која што е подигната кон крајот на 10 от век и припаѓа на источната водочка црква. Градбата поседувала приземје вкопано в земја и кат над него. Во приземјето биле сместени ѕидното огниште и инсталацијата за затоплување, а капењето се одвивало во просториите на катот. Во просторијата 1, која што била користена како соблекувална, но и како соба за капење со ладна вода. Просторијата 2 служела само за капење со топла вода а просторијата 3 била сауна. Доводот за вода во бањата е целосно уништен, меѓутоа е сочуван само каналот за одвод на нечистата вода во реката Водочица. Бањата настрадала заедно со источната водочка црква. Соблекувалната била напуштена а просториите 2 и 3 биле преуредени во работилници за стакло. Божјиот храм Вељуса е конзервиран и реставриран во периодот од 1975 до 1985 година со заеднички напори на македонскиот Републички завод и општинскиот одбор за заштита на спомениците на културата Струмица.

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top