Историја

ГЕРМАНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО С. ПЕТЕРБУРГ, ФОН ШВАЈНИЦ ДО МИНИСТЕРТОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ, ФОН БИЛОВ

Hans von Bulow

ДОВЕРЛИВО ПИСМО НА ГЕРМАНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО С. ПЕТЕРБУРГ, ФОН ШВАЈНИЦ  ДО МИНИСТЕРТОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ, ФОН БИЛОВ

(С.Петербург, 4 април 1878 год.)

Hans von Bulow“…Веднаш по враЌањето во Виена , ме посети гроф Игнатиев за да ми соопшти, строго дискретно, за својата виенска мисија, која ми ја претстави како мисија што ја постигнала својата цел.

…Од тоа што ни раскажа гроф Игнатиев…Ќе се послужам со директен говор без да бидам дословен заради скратување.

‘Вие знаете, рече Генералот,  дек имаме конвенција со Австрија со која се исклучува создавањето на голема словенска држава (се однесува на чл. 3  Тајната конвенција помеѓу Русија и Австро-Унгарија од 15.И.1977 год., н.б.) “ен реванцхе”, тоа значи “Бугарија треба” итн. Ограниучувањето се однесува според нашето сфаЌање на Србија и Црна Гора, и ние совесно водиме сметка. Никогаш не помисливме дека Австрија Ќе стави приговори против автономна Бугарија, ширењето би  требало да се сфати под поимот Бугарија, но не го предочивме  ние, туку конвенцијата; во шестиот Протокол од 8 јануари 1877 (стр. 51) претставниците на Германија, Англија и Русија констатираа: дека иницијативата на Владата на Нејзиното Величество на Британија за главен мотив ги имаше настаните што се случија во областите кои се наоѓаат надвор од Дунавскиот вилает, дека од тој момент не може да се занемари јужниот дел на Балканот, и дека на тој начин Ќе мораат мерките за кои Ќе се постигне согласност да се прошират на вилаетите: Софискиот, Призренс-киот, Битолскиот,  Одринскиот и Солунскиот.

Строго се држев според картата која пред долго време и ја поднесовме на австриската влада (овдека Генералот си противречи со она што порано ми кажуваше за таа карта) и против која немаше никакво негирање од Виена. Гроф Андраши (министер за надворешни работи на Австро-Унгарија 1871-1879, н.б.) рече дека тој ништо не знае за таква карта; јас го замолив само да побара, и точно, тој ја најде во една фиока под многу хартии; тој не можеше да се сети дека некогаш ја видел.

Накусо, продолжи Генералот, постои разлика од мислењето помеѓу Австрија и нас во смисла на ширење на тајната конвенција за што Германија е заштитник; оваа арбитража на Вашата Влада ние ја ставаме под прашање.”

…За тоа што сака Австрија и што не сака, Генералот ми го кажа приближно ова…: Заради интересиот и заради австрискиот сообраЌај презедов секакви замисливи обсири: трговски договор, железничка тарифа, замјиштен посед од двете страни на железницата; и сето тоа не им е доволно. Тие (Австријците, н.б.) ја бараа врз база на мислењето на една стратегиска комисија целата површина на водите што течат кон Јадранското Море и кон Солунскиот Залив, со други зборови, линијата од Орфано до Врање”.

На моето прашање дали Австрија го бара ова за себе или за Турција, Генералот  не ми одговори сосема јасно.

‘Јас му кажав’, продолжи тој ‘на грофот Андраши дека може да ги земе земјите населени со Албанци, Бугари, Срби итн. Да создаде од нив една автономна држава и, ако му се допаѓа, да го постави генералот РодиЌ за кнез на оваа “Македонија”; нас би ни  било право.

Против тоа дека еден дел од егејското крајбрежје и припаѓа на Бугарија грофот Андраши не протестираше; ми се чинеше дека австрискиот приговор за подолга окупација на неговото Кнежевство не беше толку силно потенциран како порано. За можноста да ја прекрои земјата се чинеше дека грофот Андраши имаше свое мислење, како и за подготвување на тврдините. Кога генерал Игнатиев му обрна внимание дека е тоа здодевна работа, тој му одговори -така барем тврди тој – министерот му одговорил дека со динамит би можело една тврдина за 24 часа да се уништи.

Ако во Виена не постојат други замерки и барања, освен оние за кои ми раскажуваше гроф Игнатиев, мислам дека би можело да се дојде до разбирање, дека Русија се откажува од западниот дел на Бугарија, каде што не влегле руски војски, што не ми изгледа невозможно, давањето би било за Русија полесно одошто земањето за Австрија. Тешко и всушност опасно ми изгледа самото вето против ширењето на Црна Гора до морето.

Фон швајниц”Дие Гроссе Политик дер Еуропаисцхен Кабинетте 1871-1914, Зњеитер Банд. Берлин 1922, С. 259-262;
Документи за борбата…, т.И, док. 173, стр.234- 236

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top