Македонски легенди

Христо Далкалчев

Hristo Dalkalachev

Hristo DalkalachevХристо Далкалчев (с. Владово, Воденско, 12 IX 1878 – 14. XII 1954) е македонски револуционер, воденски војвода на МРО, просветен деец, лекар и универзитетски професор. Ја завршил Духовната семинарија во Цариград, а потоа како главен учител во Гевгелија бил раководител на окружниот комитет на Македонската револуционерна организација. По Првата светска војна бил член на Неутрална обединителна комисија за надминување на поделеноста на македонската емиграција во Бугарија, а потоа влегол во состав на новоформираната Привремена комисија на македонската емиграција во Бугарија. Бил и член на раководството на Македонската емигрантска федеративна организација (МЕФО). Се застапувал за „Македонија за Македонците како наполно независна политичка единица од балканските држави, што гарантира апсолутни еднакви права на сите етнички елементи што ја населуваат.

Христо Далкалчев е роден на 12 септември 1878 година во воденското село Владово, Егејскиот дел на Македонија. Брат е на Иван Далкалчев. Во 1901 година завршил Духовната семинарија во Цариград и станал учител. Работел како главен учител во Гевгелија (1901-1902) и во Сер. Влегол во Македонската револуционерна организација и, додека бил во Гевгелија, тој бил член на окружниот комитет на Организацијата. Одржувал писмени контакти со четите на војводите Сава Михајлов и Апостол Петков Терзиев.

По откривањето на Бајалската афера на почетокот во 1901 година, прогонуван од властите, Христо Далкалчев преку Бугарија емигрирал во Русија. Во 1902 година, со намера да студира медицина, дошол во Санкт Петербург, а потоа, од здравствени причини, се запишал на Медицинскиот факултет во Киев.

Христо Далкалчев бил особено активен член на тамошниот Таен македонско-одрински кружок (ТМОК), основан во 1900 година во Санкт Петербурт од Крсте Мисирков и неговите другари. Со цел да го помага материјално и морално македонското дело и според своите можности, да го следи неговиот развиток, тој организирал револуционерни комитети во Москва, Одеса и Санкт Петербург.

Христо Далкалчев бил доброволец во руско-јапонската војна во 1904 година. Во 1911 година дипломира медицина во Киев.  Во 1914 година дошол во Бугарија и за време на Првата светска војна (1914 – 1918) бил воен лекар во Деветтата пешадиска плевенска дивизија.

По завршувањето на Првата светска војна, кога македонското прашање повторно беше отворено на Париската мировна конференција (јануари 1919 – јануари 1920) и имаше потреба од заедничко делување на македонската емиграција, на 24 јули 1919 година, Христо Далкалчев бил избран за член на седумчлената Неутрална обединителна комисија за надминување на поделеноста на македонската емиграција во Бугарија.

На 18 октомври 1920 година, спротивставувајќи се на врховистите, заедно со други 62 делегати, демонстративно го напуштил Вториот голем собир на македонските братства и на Извршниот комитет. Заедно со Никола Јуруков, Филип Атанасов, Христо Татарчев и Александар Димитров, Христо влегол во состав на новоформираната Привремена комисија на македонската емиграција во Бугарија, која му претходи на формирањето на Македонската федеративна организација. На состаноците на групата беше назначен за претседател. Тој бил и член на раководството на Македонската емигрантска федеративна организација (МЕФО).

Христо Далкалчев се застапувал за „Македонија за Македонците како наполно независна политичка единица од балканските држави, што гарантира апсолутни еднакви права на сите етнички елементи што ја населуваат.“

Во септември 1944 година тој го потпишал Апелот на Македонците во Бугарија во Софија.

Христо Далкалчев го завршил работниот век како универзитетски професор во Бугарија.

Починал на 14 декември 1954 година во Софија.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top