Култура и туризам

Манастирот „Света Мала Богородица“ во Сливница

slivnica

slivnica
Бидејќи манастирот „Света Мала Богородица“ изобилува со богати фрески, икони, резби, архитектура, интересни случувања и друго, во последните години тој е предизвик за бројни научници, патеписци и други заинтересирани кои посветуваат големо внимание на науката, литературата и воопшто на црковното и културното живеење на Долна Преспа и пошироко на Македонија.

Славата и честа на Пресветата Дева Марија во Македонја се големи. Слично како во целиот христијански свет, култот на Светата Марија особено се негува во Преспанскиот регион. Култот е претставен во македонската средновековната литература, во традициите и фолклорот. Историајта на уметноста има важна улога во културните достигнувања, а некои од македонските икони и фрески се вклучени во светското наследство.

Таков пример е селото Сливница кое е повеќевековно христијанско село во Преспа и е надалеку прочуено по манастирот „Света Мала Богородица“, кој се наоѓа на неколку километри источно од селото во планината, изграден во почетокот на XVII век. Патрониот ден на манастирот е на 21 септември кога се збираат верници од сите преспански села, Битолско и пошироко од многу места во Македонија.

Сливница, како и други македонски села, името му го должи на овошјето. Така, етимологијата на името Сливница потекнува од зборот – слива. Старите жители на селото раскажуваат дека на ова место некогаш имало многу сливи од разни сорти од кои селаните вареле многу вкусна ракија – сливовица. Исто така, Сливница е прочуено и по добриот асортиман на грозје, но сливите порано доминирале и така, поради многуте насади од сливи, луѓето населбата ја нарекле Сливница.

Кога ќе се пристигне во Долна Преспа, прво село е Сливница. Тоа е лоцирано на падините на ридот кој се извишува над источниот брег на Преспанското Езеро, на територијата на Општина Ресен. Сливница е ридско село, кое се издига на надморска височина над 900 метри, чиј атар високо се издига од езерото и се граничи со сртот на планината Баба, зафаќајќи простор од околу 10 километри квадратни.

Во Сливница живее исклучително македонско население. Населбата е малечка, но заедно со викенд населбата на атарот на Сливница и Претор е една од најголемите и најзначајните туристички населби на Преспанското Езеро. За жал, многу од нејзините жители се иселиле во Австралија, Америка, Канада, по европските земји, како и низ градовите на Македонија, така што бројноста на населението постепено се намалува. Но, иселениците одвреме-навреме, особено во летниот период, си го посетуваат селото, кое е привлечно за живеење и одмор.

Селото Сливница е едно од постарите и попознатите села во Преспа, со долга и вековна историска традиција на постоење. Во доцниот среден век на крајот на XVI и почетокот на XVII век во 1607 година над селото бил изграден познатиот Сливничкиот манастир посветен на Пресвета Богородица.

Инаку, Според верувањата на христијаните Богородица била мајка на Исус Христос и сопруга на Јосиф. Марија е позната ѝ како Дева Марија, Светата Мајка, Мадона, Блажена Марија. Во православието и католицизмот таа е најпочитуваната светица, а во исламот е една од трите совршени жени.

Според евангелието, таа живеела во Назарет во тогашната покраина Галилеја. На арамејски јазик, нејзото име се произнесува како Мирјам. Според верувањата таа стапила во брак со Јосиф и се зачнала со Исус на чудесен начин, кога и се јавил архангел Гаврил и ѝ соопштил дека ќе роди син кој ќе биде Цар на царевите. Во сите евангелија Марија се споменува како мајка на Исус, и нејзината улога во евангелијата главно се врти околу таа насока.

Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица е еден од 12-те големи празници во православието кој го слави раѓањето на Богородица. Богородица е родена во Назарет од стари и бездетни родители, благочестиви Јоаким и Ана како одговор на нивните молитви. Се слави на 8 септември според јулијанскиот календар или на 21 септември според грегоријанскиот календар, како што е случајот со прославата на „Света Мала Богородица“ во селото Сливница, во Преспа.

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени одат во црквите посветени на Богородица и се молат пред нејзините икони. Затоа, култот на Пресвета Богородица има значајно место кај Македонците и многу цркви во Македонија и во дијаспората се посветени на Дева Марија. 

Бидејќи манастирот „Света Мала Богородица“ изобилува со богати фрески, икони, резби, архитектура, интересни случувања и друго, во последните години тој е предизвик за бројни научници, патеписци и други заинтересирани кои посветуваат големо внимание на науката, литературата и воопшто на црковното и културното живеење на Долна Преспа и пошироко на Македонија.

Славата и честа што ѝ се оддаваат на Пресвета Богородица во Македонија ја паметат многу генерации наназад. Нејзиниот лик е достоинствено и интензивно обработуван во бројните живописи и икони во македонските цркви и манастири. Нејзиниот ореол не ги одминал и книжевните и народните творби. Токму затоа, целокупното богатство собрано во Македонија, опфатено со нејзината личност, дело и бројни добродетели, нужно бара широки истражувања.

Нејзиниот култ е присутен во Македонија и во дијаспората, но тој бара и многу опсежни студии во областите на црковно канонското наследство, книжевно, историско – уметничко, археолошко, социјално, историско, теолошко, фолклорно, итн. Бројните уметнички дела во црквите и манастирите, ракописите во старите и новите книгохранилишта, иако празнети низ вековите заради скапоценостите што ги содржеле, бараат нови заокружени видувања и анализи.

slivnica2
Монографијата „Ореалот на Дева Марија и Св. Богородица Сливничка во Преспа“ од д-р. Вера Стојчевска Антиќ и Славе Николовски – Катин

Инаку, широкиот ореол на Пресвета Богородица е присутен низ цела Македонија. Преспанскиот регион брои над шеесет црковни градби со нејзино име. Овој регион со сите убавини и богатства што ги поседува, со Преспанското Езеро опколено со зачувани природни убавини, чува вековна традиција и култ кон Пресвета Богородица.

Покрај тоа, Преспа е полна со историски настани и случувања: Распослана на римската магистрала Виа Игнација, седиште на првата Самуилова престолнина, место на првата словенска Митрополија, со учество на дванаесет комитски чети во Илинденското востание, со бројни паднати жртви во НОБ, а денес израсната во напреден туристичко – стопанска област во Македонија.

Вековните верски и други преданија и легенди ги памети и современиот жител крај вековните црковни градби и култни места. Не случајно во оваа прилика истакнуваме само еден карактеристичен пример, а нив ги има Македонија во изобилство – Сливничкиот манaстир и Пресвета Богородица Сливничка.

Нејзините соседи со векови наназад, а и денес раскажувале и раскажуваат за ”присутноста на Пресвета Богородица во манастирот” во Сливница. Ако во светот доминираат светилиштата на Богородица, кои се јавуваат со растот на нејзиниот култ ширум светот, како на пример, случајот со Катерина Лабурс во Париз, “Фатима” во Португалија, “Гарабандал” во Шпанија, не помалку се важни повторливите настани во Сливничкиот манастир, раскажувани од сé уште живите околни жители. Вакви примери имало и има честопати во сакралните култни маста и живеалишта.

Насоките кои го откриваат култот на Дева Марија создаван низ вековите во Македонија, а присутен во нашата современост, помогнаа да се множат црковните градби со нејзино име. Еден убав пример ни открива сливничкиот манастир „Пресвета Богородица“, сместен во живописот на чистата планинска и шумска пољана, на Баба Планина во Преспа, во длабок спокој и сон, недостапно допрен дури и од љубопитниот Македонец во Преспа. Таа тајновитост и убавина не можела да не го разбуди народниот творец да ја воспее и да ја возвиши.

Инаку, во дворот на манастирот „Пресвета Богородица“, постои чешма за која се верува дека е света и лековита вода. Се смета дека водата која извира од под манастирската црква лечи од болести и помага за пород.

Исто така, покрај манастирот „Света Мала Богородицаво“ во Сливница постојат и уште пет македонски православни цркви и тоа: селската црква „Свети. Димитрија“, потоа „Свети Атанас“, која е лоцирана на патот и целосно е реновирана и доби нов изглед како новите македонски православни цркви изградени од камен, потоа црквите „Свети Петар и Павле“, „Света Петка“ и “Свети Никола“.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top