Историја

Македонија не им припаѓа ни на Бугарите, ни на Грците, ни на Србите, таа им припаѓа на Македонците!

sloboda-ili-smrt

sloboda-ili-smrt

„Ние се обрнуваме до сите Македонци, без разлика на вера и раса, и ги колнеме да ги заборават своите стари омрази, инспирирани однадвор, и личните расправии за да се здружиме и да создадеме цврста јатка за единството и независноста на нашата земја. Македонија не им припаѓа ни на Бугарите, ни на Грците, ни на Србите, таа им припаѓа на Македонците. Македонија на Македонците!“ – се вели во Апелот за единство на Македонците во Швајцарија од 1918 горина

По Првата светска војна македонскиот народ остана потчинет и поделен на три дела. И во вакви услови воспоставувањето на целоста на Македонија и натаму остануваше негова примарна цел. За нив беше најзначајно воспоставување територијално единство на Македонија и од неа да се конституира автономна држава. Македонскиот народ полагаше огромни надежи дека состојбата ќе се промени на Мировната конференција во Париз. 

Овој стремеж преставувал камен темелник врз кој се базирала основната дејност на македонската емиграција во Бугарија и други земји во Европа, особено во Швајцарија. Во Бугарија доаѓа до обединување на прогресивните сили кои излегуваат со заеднички апел во кој уште еднаш го афирмираат барањето за обединета самостојна Македонија со солидни меѓународни гаранции и постојана неутралност. Исто така, и надвор од Бугарија, македонската емиграција својата дејност ја насочила кон осигурување на целоста и автономијата на Македонија. Во тој поглед посебно место има емиграцијата во Швајцарија, чии бројни друштва се обединуваат во Генерален совет во Женева.  

Со цел сите Македонци да се здружат за да создадат јатка за единството и независноста на Македонија, Комитетот во Швајцарија испрати Апел за единство на Македонците во Швајцарија во кој се вели:

„Во моментот кога сите нации мислат да ги организираат основите на една федерација што води кон едно свето универзално единство, со уважување на националните разлики, ние штотуку формиравме едно македонско друштво за независноста на Македонија и нејзината преродба врз федеративна основа, во согласност со Друштвото на народите.

Истовремено ние имавме предвид да го известиме општественото мислење за македонското прашање, замаглено, oд една страна, од разни агенти однадвор кои, не познавајќи ја Македонија, придонесувале за изопачување на јавното мислење; од друга страна, од внатрешни поткупени агенти, заинтересирани Македонци.

Секој народ има право да живее, да биде слободен и да располага со себеси. Тоа е природно човечко право.

Македонија со својот народ претставува едно единство, несреќно расцепено од неправедните натпревари на соседите. Оние народи го кршат својот јарем кои ја докажуваат својата виталност со својот сопствен напор.

Ние сакаме да бидеме слободни!

Ние сакаме да ги уредуваме нашите работи сами, за нас самите!

Зошто да ги пуштаме амбициозните влади да расправаат за нашата судбина, која ни припаѓа само нам: да ја земеме енергично во свои раце!

Ние се обрнуваме до сите Македонци, без разлика на вера и раса, и ги колнеме да ги заборават своите стари омрази, инспирирани однадвор, и личните расправии за да се здружиме и да создадеме цврста јатка за единството и независноста на нашата земја.

Македонија не им припаѓа ни на Бугарите, ни на Грците, ни на Србите, таа им припаѓа на Македонците. Македонија на Македонците!

Да живее независна Македонија!

Да живее Друштвото на народите!

КОМИТЕТОТ

N. В. Оние што сакаат да се вклучат се молат да ја испратат својата адреса до седиштето на Друштвото: Македонско друштво. Привремена адреса: фах 19552. Плен Пале. Женева.

Добредојдени ќе бидат исто така во нашето Друштво, како и за нашата борба за независноста на Македонија сите оние што ја симпатизираат нашата идеја, кои сакаат да не окуражат со своите совети и со својата помош.“ (ДА ДСИП – Париско посланство 1918. Фонд I, дос. 38.)

Апелот за здружување на сите Македонци што живееле во Швајцарија брзо се реализирал со создавањето на неколку македонски политички друштва кои се здружиле во една единствеиа организација – Генерален совет на македонските друштва во Швајцарија. Се именува и како: Главен одбор на македонските друштва во Швајцарија. Овде го даваме и основачкиот акт на здружените друштва.

„Денес, 15 декември 1918 г., три македонски друштва, т.е. „Македонија”, Друштво за заштита на правата на Македонците со седиште во Лозана; Македонското друштво за независна Македонија со седиште во Женева и Политичкото друштво „Македонија на Македонците” со седиште во Цирих, собрани на општо собрание во хотелот „Викторија” во Лозана, по сестрана дискусија конституираа Генерален совет од трите гореспомнати друштва под името „Генерален совет на македонските друштва во Швајцарија” со привремено седиште во Лозана.

Неговата цел е да бара да се применат принципите на претседателот Вилсон и на силите на Антантата, т.е. да му се даде на македонското население право слободно да располага со својата судбина, како што тоа им е дадено на другите поробени народи.

Генералниот совет се одбра во следниов состав: Претседател – Ст. Тилков; потпретседатели: д-р А. Коцарев и д-р П. Здравев; секретари: А. Гиков и К. Стефанов; советници: д-р Дим. Не-сторов и Г. Николов, а за благајник К. Лешко.“

По формирањето, Генералниот совет развил жива активност во Европа и Америка за популаризација на оправданите барања на македонскиот народ, настојувајќи тие да бидат поткрепени од меѓународната јавност пред Мировната конференција.

Сепак, и покрај сите напори на македонскиот народ и неговата емиграција, поради  големиот број непријатели, Македонија по Мировната конференција во Париз останала поделена.

Денес, стотина години потоа, кога под притисок од надвор и од внатрешни поткупени агенти е доведено во прашање опстанокот на единствениот слободен дел на Македонија, повторно ни е потребно единство на Македонците, не само во земјата, туку и во странство. Само со заеднички сили македонскиот народ може да стави крај Македонија да биде монета за поткусурување. 

(извор: Историја на Македонскиот народ, Скопје, 1988, стр. 213 – 214; Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том први, Скопје, 1981, стр. 602 -604 )

Македонска нација

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top