Култура и туризам

Светилишта во Струга: Црквата Света Петка

sv-petka-struga

sv-petka-struga

Култното место Света Петка е познато од дамнина. Тоа беше само обележано, но стружани редовно таму палеа свеќи, се молеа и патрониот празник редовно го обележуваа со соодветен ритуал.

На 21 октомври 1990 година се постави камен-темелникот, во 1994 година се освети сегашниот храм од Митрополитот г. Тимотеј.

Црквата Света Петка имаше прилично земја. Просторот меѓу Голем и Мал Дрим, па северно од неа се до заобиколниот пат на Струга беше нејзино. Започнатата спортска сала е на нејзино земјиште. Дури и патот јужно од неа е на нејзина површина. Имотот на Света Петка до 1946 година се даваше да го обработуваат сиромашни струшки фамилии. Од некогашните површини на оваа црква сега е само храмот.

Со чудотворната моќ на ова свето место се сврзани бројни преданија, но и вистински случки од поново време. Една од нив е следната.

Струшкиот затвор беше спроти црквата Света Петка. Во 1945 година во него бил затворен еден невин,стар и божовен Албанец од селото Велешта. Човекот бил сместен во  источниот дел на затворот, од кој се гледало кон култното место Света Петка. Тогаш таму имаше само обележје. Човекот забележал како на тоа место одат стружани, се крстат и палат свеќи. Сфатил дека тоа е некој ваков.

Во тоа време – невреме не се затвораше малу. Додека се сослушуваа минуваше долго време. Човекот се чуди зошто е затворен.

– Е, Господе и ти светецу што ти се молат луѓето, помогнете ми да излезам од затвор па и јас ќе направам нешто за тебе, светецу! – се молел човекот од Велешта.

Секое утро затворениците пред изгрејсонце ги носеле на Мал Дрим за миење. Тогаш немаше водовод во Струга. Едно утро последен на миење го носат велештанецот. Само што се измил и станал простум, погледнал кон Света Петка. Пред очи му излегла светицата Петка и истовремено го облеале сончевите зраци. Се здрвил човекот од тоа што го гледа.

– Што чекаш, што гледаш?! Да не кроиш да бегаш?! – му рекол стражарот, шибнувајќи го одназад со пушката.

– Ништо не кројам! Нешто не ми е добро, па се загледав во сонцето! – му одговорил.

Истиот ден околу 14 часот, човекот од Велешта бил пуштен од затвор. Си отишол. Зел поголема сума пари и истиот ден се вратил во Струга. Отишол кај Света Петка.

– Кој се грижи за ова место? – прашал некои присутни.

– Што ти е гајле! Ти не си православен! – некој дрско го прекорил.

– А бре, човеку, сакам да помогнам. За ова свето место носам пари. Кому да му ги дадам? – му се поверил велештанецот.

– Ене, оној што го гледаш, нему дади му ги парите. Тој ќе ги однесе во главната црква! – рекол прашаниот.

Во тоа време татко ми Никола беше епитроп во црквата Свети Ѓорѓија. По една недела ете го човекот од Велешта во Свети Ѓорѓија. Прашал дали некој донесол пари. Бидејќи татко ми во тој момент не беше в црква, го упатиле човекот кај нас дома.

Велештанецот раскажа што му се случило во затворот и се интересираше дали парите се предадени в црква.

– Пари досега никој не ми има предадено. Важно ти си го исполнил ветувањето за другото светицата ќе се погрижи! – му рече татко ми и по божјите разговори срдечно се разотидоа.

Меѓутоа на татко ми никој не му ги донесе подарените пари од човекот од Велешта, но сум убеден светицата сигурно го има казнето затајувачот на парите. И уште нешто, овој човек иако муслиман, бил поголем верник од тој што му рекол што има да се интересира кога не бил православен. Не се прашува кој како се крсти, туку кој го има Господа во срцето и кој искрено ги почитува неговите испружени раце – светците.

Од книгата „Записи за минатото на Струга“, 2, од Јоне Кленко, Струга 2008г.

Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top