Македонски легенди

Неделко Попнеделков

nedelko-popnedelkov

nedelko-popnedelkov

Неделко Попнеделков (1882 – 26 XI 1960) е македонски револуционер, припадник на македонското револуционерно, националноослободително и комунистичко движење во Егејскиот дел на Македонија. Бил член на Македонската револуционерна организација (МРО) и учесник во Илинденското востание. Бил член на НФП и учествувал во походот на Јане Сандански на Цариград. Меѓу двете светски војни бил член на ВМРО (Об.) Во текот на антифашистичката борба дејствувал во Солун како член на КПГ. Во 1945 г. преку Бугарија, се префрлил во Народна Република Македонија (НРМ) и до пензионирањето работел како технички раководител во државното градежно претпријатие „Бетон” во Скопје.

Неделко Попнеделков е роден во 1882 година во кукушкото село Јанешево. Станал член на Македонската револуционерна орга низација (МРО) и учествувал во Илинденското востание во 1903 година. По Младотурската револуција во 1908 година станал член на Народната федеративна партија (НФП) и бил борец во одредот на Јане Сандански, кој учествувал во походот на Цариград, против контрареволуцијата во Турција.

По 1925 година, Неделко Попнеделков станува член на ВМРО (обединета) и како главен дистрибутер, ревносно учествува во распространувањето на весниците „Македонско дело“ и „Балканска федерација“ во Егејска Македонија.

Постојано следен од грчките власти, Неделко заради својата активност во македонското националноослободително движење, а потоа заради комунистичка дејност како член на Комунистичката партија на Грција (КПГ), најпрво бил затворен на островот Фолегандрос, а потоа пет години во затворот Акронавплија на Пелопонез.

По окупацијата на Грција за време на Втората светска војкна, дедо Неделко имал особено заслуги за ослободување на дваесет и седум комунистички раководни партиски кадри, главно Македонци, од Акронавплија во јуни 1941 година. Имено, тој преку својата жена која била Германка, издејствувал кај германскиите окупаторски власти ослободување на Андреја Чипов, Лазо Трповски, Ташко Караџа, Лазо Дамовски-Ошенски и други.

Во текот на целата антифашистичка борба дејствувал во Солун како член на КПГ. По ослободувањето се приклучува на Националниот ослободителен фронт на ЕАМ. Одново бил уапсен од грчките власти и затворен во затворот „Павлос Мелос“. Но, по настојување на бугарските власти бил ослободен.

Во 1945 година. Неделко преку Бугарија, се префрлил во Народна Република Македонија (НРМ) и до пензионирањето работел како технички раководител во државното градежно претпријатие „Бетон” во Скопје.

Неделко Попнеделков бил активен член на Здружението на илинденците во Скопје и бил уживател на Илинденска пензија.

Неделко Попнеделков починал на 26 ноември 1960 година во Скопје.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top