Култура и туризам

Манастирот Свети Илија – Мариово, изграден во 1872 година

Vitoliski manastir stara

Vitoliski manastir stara

На иницијатива на Стале Чешелков од село Потолчиште, Мариовско и со помош на сето мариовско население, во 1870 година поставени се темелите на манастирот посветен на Св. Илија а изградбата завршила по две години во 1872 година. Откако завршила изградбата на манастирската црква, биле повикани мијачки зографи од селото Тресонче на цело со со Аврам Дичов син на познатиот легендарен Дичо зограф.

Манастирот е изграден во мошне живописни предели на Мариово, непосредно до селото Мелница кое денес не постои поради иселување на жителите. Манастирот е изграден покрај реката Бутурица и патот кој води кон селата Витолиште, Полчиште и Бешиште. Поради природните убавини чистиот воздух и питката планинска вода, не случајно овој манастир бил во минатото омилено место за одмор и летување на Пелагонискиот митрополит Григориј.

За големата благодарност кон дедо Стале Чешелков иницијаторор за изградбата на манастирот, месното население го прогласило за ктитор на манастирската црква и за доживотен игумен на манастирот. На барање од месното население кон зографите по нивна желба бил насликан портеретот на дедо Стале на ѕидот на манастирската црква.

Имотната состојба на манастирот била добра за егзистенција на манастирските браќа и луѓето кои што работеле на манастирските имоти.

Манастирот поседувал ниви, ливади, шуми, а од жива стока голем број овци, кози, говеда, пчели и др.

Во манастирската црква е сочуван натпис од 1872 година каде пишува дека со помошта на православните христијани од околните села бил изграден манастирот од мајсторот Пере Лауца.

Манастирската црква посветена на Св. Илија е живописана во 1881 година, речиси по една деценија од нејзината изградба. Над северната врата од внатрешната страна на црквата се наоѓа уште еден натпис. Сите внатрешни ѕидни површини во црквата се зографисани од раката на зографот Аврам Дичов. Во црквата се наоѓаат и поголем број икони од 19 век, работени од истиот зограф-иконопсец што работел во црквите во селата мариовски.

Манастирот е напуштен, а фреските на западниот дел од сводот се одпаднати.

Слична е состојбата и со фреските во олтарниот простор и северната страна на тамбурот од куполата.

Инаку селото Мелница е родното место на писателот Стале Попов.

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top