Култура и туризам

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (1)

slivnica1

slivnica1

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА „СВЕТА БОГОРОДИЦА СЛИМНИЧКА“ ВО ПРЕСПА

Славата и честа на Пресветата Дева Марија во Македонја се големи. Слично како во целиот христијански свет, култот на Светата Марија особено се негува во Преспанскиот регион. Култот е претставен во македонската средновековната литература, во традициите и фолклорот. Историајта на уметноста има важна улога во културните достигнувања, а некои од македонските икони и фрески се вклучени во светското наследство.

Инаку, Според верувањата на христијаните Богородица била мајка на Исус Христос и сопруга на Јосиф. Марија е позната ѝ како Дева Марија, Светата Мајка, Мадона, Блажена Марија. Во православието и католицизмот таа е најпочитуваната светица, а во исламот е една од трите совршени жени.

Бидејќи манастирот „Света Мала Богородица“ изобилува со богати фрески, икони, резби, архитектура, интересни случувања и друго, во последните години тој е предизвик за бројни научници, патеписци и други заинтересирани кои посветуваат големо внимание на науката, литературата и воопшто на црковното и културното живеење на Долна Преспа и пошироко на Македонија.

Затоа и монографијата „Ореолот на Дева Марија и Света Богородица Слимничка во Преспа” чиј автори се д-р Вера Стојчевска-Антиќ и публицистот Славе Николовски-Катин е посветена на дел од вистината за Дева Марија. Книгата е содржински богата во однос на култот на Дева Марија проследен со текстови од многу книги посветени на нејзиниот живот. Оваа значајна и по многу нешта единствено дело е исто така посветено на Пресветата Дева Марија и на Слимничкиот манастир изграден во 1607 година, кој одбележува 410 години од своето постоење.

Во воведот се вели дека книгата претставува обид да се осветли култот, славата и честа на Мајката на Исус Христос во светот и во Македонија, особено во манастирот Св. Богородица Слимничка во селото Сливница во Преспа. Таа го претставува нејзиниот лик кој е интензивно насликан на бројни икони и фрески во македонските цркви и манастири, како и пишани текстови поврзани со неа во бројни староцрковни книги.

deva-marija-so-isus-hristos
Дева Марија со Исус Христос

Во целиот свет доминараат светилишта посветени на Дева Марија кои го величат нејзиниот култ. Меѓу нив се црквите „Света Катерина Лабур“ во Париз, „Света Фатима“ во Португалија, „Света Гарабандал“ во Шпанија и други. Слични визии се забележани и во манастирот „Св. Богородица Слимничка“ од страна на локалното население во селото Сливница.

Монографијата ,,Ореолот на Дева Марија и Св. Богородица Слимничка во Преспа” на Проф. д-р. Вера Стојчевска-Антиќ и Славе Николовски-Катин е издание на Книгоиздателството ,,Македонска искра” од Скопје, 2007, 1-164. Тоа е публицистичко дело за манастирот и за Преспа како целина, а првпат беше промовирано на Велигден во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Ресен на 10 април 2007 година.

Во книгата е даден хронолошкиот развој на култут на Божјата Мајка почнувајќи од нејзиното раѓање па сé до денес. Овој дел го прикажува животниот пат на Пресветата Дева марија преку евангелија и текстови од Новиот Завет, какои преку делата на уметници и анонимни автори, преку легенди и митови, преку апокрифи. Посебен дел е посветен на македонските народни песни во кои Светата Дева Марија се величи, а прикажан е и список на цркви во Република Македонија кои го носат името на Пресветата Божја Мајка.

Во воведот се вели дека делот насловен „Текстови за Пресветата Дева” ја прикажува хронологијата на нејзиното раѓање, како и на сето тоа што претходело и следело. Прикажани се најважните датуми во христијанстово, како 8 септември – нејзиното раѓање; 21 ноември – нејзиново воведување во Храмот; 25 март – Благовестие; 25 декември – раѓањето на Исус Христос и 15 август – нејзиното Успение.

perivlepta
Црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид

Исто така, апокрифни текстови посветени на голготата на Пресветата Марија, дел од средновековната религиозна поезија и неколку молитви се дадени во овој дел. Книгата исто така нуди и приказ на македонското народно творештво посветено на Пресветата Мајка на Исус Христа, односно текстови од македонски збирки на стари народни песни и обичаи, од фолклорното богатство и убавините на Македонија преку легенци и митови.

Бидејќи Сливничкито манастир се наоѓа во Преспа, авторите В.Антиќ и С. Катин даваат живописен опис на овој регион, нагласувајќи го неговото значење за црковните активности на Македонија во минатото, како и денес. Читателите ќе се запознаат со Преспа како главен град на македонјското царство на Цар Самуил; потоа со Препа како место на кое се формирала првата Македонска архиепископија; со Преспа како регион во кој многу Илинденци биле организирани, а чиј дух бил присутен и во текот на НОБ. Исто така, се прикажани бројни патеписи за Преспанскиот регион, за Република Македонија, Грција и за Албанија.

Посебен дел во книгата е посветен на селото Сливница и на величенствениот манастир Пресвета Богородица Слимничка. Живописниот опис на ова село, со своите пет цркви и манастари, едноставно го одзема здивот. Како Слимничкиот манастир да оживува и ги поканува ненајавените и добронамерните гости да го посетат. Делот што изобилува со легенди и митови само го потврдува значењето и важноста на култот на Пресветата Дева Марија во Македонија бидејќи таа е сакана и величена – и поради тоа е видена, а нејзините дела почувствувани. Дадени се искажувања и описи на локалните жители кои лично го доживеале присуството на Пресветата Марија како потврда на она што е горе наведено.

(Продолжува)

Пишуваат:

Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ и
СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top