
ФОН ШВАЈНИЦ МУ ПРЕДЛАГА НА МИНИСТЕРОТ ФОН БИЛОВ:
ВО РАМКИТЕ НА ПРИРОДНИТЕ ГРАНИЦИ НА ТАА ОБЛАСТ ДА СЕ СОЗДАДЕ ЕДНА ДРЖАВА – МАКЕДОНИЈА
Во текот на преговорите меѓу министрите Андраши и Игнатиев во врска со прелиминарниот Санстефански договор и разграничувањето на Бугарија од Македонија, германскиот пратеник Фон Швајниц, на 4 април 1878 му поднел предлог на министерот за надворе[ни работи на Германија, Фон Билов, тој проблем да се ре[и на следниот начин:
„да се земат делови од Албанија, Бугарија, Србија и, во рамките на природните граници на таа област да се создаде една држава – Македонија, за чиј кнез ќе се постави генералот Родич“
(команднат на јужната Австро-Унгарска армија, н.б.).
На 15 април 1878 год., Фон Билов му го претставил заедничкиот предлог на Аврсто-Унгарија и Германија на германскиот цар Вилхелм I. Во тој предлог биле содржани австроунгарските услови за спогодба со Русија.
Документи од секретните архиви на Руското правителство. Софија 1893, стр. 33;