Дијаспора

Се одржаа 45-те „Илинденски иселенички средби во Љубојно“

ljubojno-iselenicki-sredbi

ljubojno-iselenicki-sredbi

На први и втори август 2018 година „Љубанските илинденски иселеничките средби“  прославија 45 години од своето постоење. Тие се значајна иселеничка манифестација не само за Љубојно и Преспа, туку и за Република Македонија. Во тие денови се славеше Илинден, најголемиот ден на слободарскиот дух од сите денови и празници на македонскиот народ и Македонија.

Илинден е величествен ден на сенародниот македонски копнеж за борба и слобода на Македонија. Затоа тој голем ден за сите Македонци од етничка Македонија го прави Љубојно да е најубаво, највесело и најпривлечно. На Илинден во Љубојно се игра и се пее, се јаде и се пие, се чувствува топло гостопримство и срдечност кај домаќините и кај сите оние што дошле за Илинден во убавата Долна Преспа. 

Во организација на Одборот за прослава на средбите, оваа година на Илинден во Љубојно се собраа неколку илјади иселеници од прекуокеанските земји, од Европската Унија, Преспанци што живеат низ Македонија, голем број Македонци од егејскиот дел на Македонија што живеат ширум светот, гости и иселеници од другите села, туристи од Претор, Сливница, Долно Дупени, Брајчино, Наколец, Штрбово, Арвати и Крани, како и голем број повратници од Преспа,  Битолско, Охридско, Леринско и од Мала Преспа.

Четириесет и петте „Љубанските илинденски иселеничките средби“  се одржаа во центарот, познат како  „Полена“ во Љубојно на први и втори август. Тие започнаа со народна веселба, за потоа да ги прогласи за отворени градоначалникот на општината Ресен, д-р Живко Гошаровски. Веселбата ја збогатија младите и полетни играорци на Друштвото „Гоце Делчев“ од Битола, кои се претставија со грст македонски народни ора и песни, за што беа наградени со аплаузи.

Во текот на средбите присутните ги забавуваа  групата „Нели ти реков“ со познатата Кате, која беше ѕвезда на 45-те „Љубанските илинденски иселеничките средби“.  и естрадните уметници Благојче Стојановски – Туше и Ташко Каранфиловски, групата „Гердан“ со естрадната уметничка Марија, како и бендот „3Г“.

Токму на Илинден во Љубојно со гордост се истакнуваа бурното минато исполнето со непокор и борба за опстанок. Тоа е резултат на фактот дека на првиот Илинден се случиле бурни и драматични настани, а и во текот на окупацијата Љубојно беше едно од жариштата на револуционерното движење и прва ослободена територија во Преспа.

На прославата на четириесет и петте „Љубанските илинденски иселенички средби“, се потврди дека  родното место, со невидена сила ги привлекува иселените повторно да се вратат на дедовските корени. На средбата во прекрасната атмосфера присутните ги доживееја деновите и моментот како во поранешните времиња. На иселеничките средби сите се дел од многубројните случувања кои остануваат за паметењје во родното печалбарско Љубојно.

kalajdzieovci
Спомен-плочата на куќата на Калајџиовци

Како и сите изминати годиниу и оваа година на денот Илинден во црквата „Свети Илија“ во Љубојно се одржа традиционална богослужба на која присуствуваа голем број верници од Љубојно и гости на средбите.

Потоа, пред спомен-плочата за паднатите илинденци пред куќата на Калајџиовци градоначалникот на општината Ресен, д-р Живко Гошаровски положи свежо цвеќе. Притоа, беше речено дека ако долнопреспанци со пушка во рака биле учесници во двата Илиндена за слобода на Македонија, денес тие со продолжувањето на македонските традиции и духовно-националното живот, со обичаите и со културните настани, ги зацврстуваат корените на Македонија, на македонскиот народ во Преспа и насекаде во светот.  Сите тие порачаа – средбите и Македонија  да бидат вечни.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top