Култура и туризам

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (13)

2

ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ХРАМОТ

Кога дева Марија навршила 3 години, праведните родители го извршиле ветувањето му го дале на Бога пред нејзиното раѓање. Затоа тие свечено ја довеле својата ќерка во Ерусалимскиот храм и му ја посветиле на Бога.

Древните отци на Црквата, кога го пеат Воведението на Богородица, со свештени песни, раскажуваат како Јоаким и Ана ги собрале своите роднини и пријатели, а млади девојки со свеќи во рацете чекореле пред ветената девојка, a no нив родителите ја воделе пречистата Дева до Ерусалимскиот храм.

Првосвештеникот со свештениците ги пресретнале со црковни песни. Светиот Герман, цариградскиот патријарх, испишал вакви стихови излезени од устата на Ана: „My го принесувам на Господа мојот дар, произнесен со жалост од мојата уста. Затоа собрав свештеници и роднини и им кажувам: Радувајте се со мене! Јас се јавувам пред вас како мајка и ја доведов мојата ќерка не за земен дар, туку за Бога, за Небесниот Цар!”

Светата Дева била поставена на првото стапало пред влезот на храмот и, за чудо на сите присутни, без ничија помош, таа се искачила до 15-то скалило и застанала најгоре. Првосвештеникот Захарија ја вовел пречистата девојка во „Светата на светите”, каде што првосвештеникот влегувал еднаш годишно. Праведните родители му принеле дарови и жртви на Бога и откако добиле благослов од свештениците се вратиле со роднините во Назарет.

Светата дева Марија живеела во храмот. Таму живееле млади девојки посветени на Бo­ra, исто така и вдовици кои служеле во храмот, слично на пророчицата Ана (Лука, 2,36-38). Таму живееле странци и дојденци. Кон нив се придружила и Ана, мајката на дева Марија. Но, таа поживеела кратко време со ќерка си. Набргу по смртта на мажот и таа умрела.

Воведување на Дева Марија

Светата Дева ја воспитувале повозрасни девојки, вични во Светото писмо и во рачните изработки. Таа била многу вредна, се молела, го читала Светото писмо. Таа се подготвувала за своето идно место. Црквата ја нарекувала „прекрасна зора” од која изгреало Сонцето на правдата.

Кога Пречистата стигнала на возраст кога девојките при храмот се враќале дома да се омажат, свештениците посакале и таа да го направи истото. Пресветата Дева им ја открила својата желба дека сака да му се посвети на Бога и дека не сака да стапи во брак. Тогаш тие ја свршиле за престарениот Јосиф, роднина на нејзините родители. Тој станал покровител на Пречистата и ја почитувал пораката што таа му ја пренела на Бога.

БЛАГОВЕСТА НА ПРИСНОДЕВА МАРИЈА (25 МАРТ)

На денешен ден сите христијани го слават празникот на Благовештението. Ангелот божји и донел вест на дева Марија за брзото појавување на одамна очекуваниот Спасител.

Да си спомни што благовествувал светиот Лука, кој подетално од другите евангелисти ги опишува настаните, кои претходеле пред раѓањето на Исус Христос.

Во шестиот месец, по известувањето што го добил свештеникот Захариј од архангелот Михаил за раѓањето на светиот Јован Претеча, истиот известител на Бога се вратил во Назарет кај дева Марија. Таа преблагословена жена била свршена за еден благостив човек, по име Јосиф, кој произлегувал, како и таа, од родот на царот Давид.

Ангелот се јавил при пресветата Дева и и рекол: „Радувај се, благодетна! Благословена си ти меѓу жените!” Смирената Дева се збунила од овие зборови. Но, ангелот продолжил: „He плаши се, Марија, бидејќи ти најде благодет во Бога! И ете ти ќе зачнеш во утробата, ќе родиш син и ќе го наречеш Син на Севишниот; и ќе му го даде Господ Бог престолот на татко му Давид, и ќе царува над домот на Јаков навек, и царството нема да му има крај.”

2Учење од Библијата

Пресветата му рекла на ангелот: „Како ќе се случи тоа, кога не познавам маж?” Ангелот и одго-ворил: „Светиот Дух ќе слезе врз тебе и силата на Севишниот ќе те осени. Затоа и Светото, коешто ќе се роди од тебе, ќе се нарече Син Божји.” Потоа ангелот, исто така, и соопштил на Дева за радоста, ветена на нејзината роднина Елисавета, која набрзо требала да роди син. „Ете Господовата рабина – рекла Марија – нека биде според твоите зборови.” Ангелот си заминал, а светата Дева се упатила кон планинската страна, кај роднината Елисавета, која се исполнила со Светиот Дух и ја поздравила, нарекувајќи ја мајка на Господа.

Пресветата Дева била ќерка на благочестивите старци Јоаким и Ана, кои од самото раѓање му ја посветиле на Бога. Кога наполнила три години, ја одвеле во храмот, а потоа умреле. А пресветата дева Марија, која останала под напатствијата на свештеножителите, постојано се наоѓала во храмот, се молела и го читала Светото писмо.

Преданието зборува дека кога Дева Марија ги навршила годините, кога, според еврејскиот обичај девојките стапувале во брак, свештеникот и рекол дека по таа возраст не може да остане во храмот и дека треба да си избере сопруг. Но, пресветата дева Марија одговорила решително дека таа била посветена од родителите и дека и таа самата му се ветила на Бога, па затоа треба засекогаш да остане девојка.

А во Јудеја постоел обичај доброволно да се избере безбрачен живот заслужење на Бога, и затоа, за да не се наруши општоприфатениот обичај, свештениците ја свршиле Марија за еден благочестив старец, по име Јосиф, далечен нејзин роднина, којшто требало да ја чува.

1Икона Благовестие

Пресветата дева Марија се преселила во домот на Јосиф и водела скромен живот. Се занимавала со домашни изработки и ги делела домаќинските работи со ќерките на Јосиф. Гласот не и се слушал во празни и гласни говори. Таа била кротка и молчелива, а најголема радост и причинувало читањето на светите книги.

Затоа на иконата Благовест се слика отворена книга. Кога ги изучила пророштвата, таа знаела дека е близу доаѓањето на Месијата – Христос. Во пророштвата на Исаија таа прочитала дека Месија ќе се роди од Дева (Ис. 7:4) и од цело срце посакувала да ја види таа Дева и да и стане последна рабина на таа од која ќе се роди Исус. И еве, таа требала да биде мајка на Синот Божји.

Пресветата Марија со смиреност и со неописива радост ја примила таа блага вест: „Душата ми го возвишува Господа – одговорила таа на поздравот од Елисавета, и духот ми се зарадува за Бога, Спасителот мој, зашто тој милостиво го согледа смирението на својата рабина, за што еве, од денес ќе ме обележуваат сите родови. Силниот ми направи големо дело и името му е свето, Неговата милост е од род во род, за оние му се плашат.”

„Денес е почетокот на нашето спасение – воспева Светата Црква – и раскривањето на вечната тајна: Синот Божји станува Син на Дева и Гаврил благовести блага вест. Затоа и ние со него да и пееме на Богородица: „Радувај се, Благодетна, Господ е со Тебе!”

Продолжува

Пишуваат:

Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ и

СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top