Култура и туризам

Еванѓелие по Јоана (10. дел)

p001

Кониково, Беломорска Македонија – 18 век

Текстот е најден во библиотеката на православната црква од Александрија во Египет, го пронајде во 2003 г. Финскиот историчар и филолог Мика Хакарaинен [Mika Hakkarainen] од Универзитетот во Хелсинки. Ракописот претставува оригинал на преводот од еванѓелието, и е најстаро еванѓелие на Македонски народен јазик, не црковен. Направен е во форма на Литургиска книга напишана рачно на Унцијално Којне писмо од непознат преведувач при крајот на 18-от век, и препишана и правописно исправена од Иромонахот Павел Божигропски Протосингел, родум од Кониково, Воденско, Беломорска Македонија.

Текстот го препишалe од оригиналниот ракопис Финскиот лингвист Jоуко Линтстед [Јouko Lindtstedt] и Људмил Спасов од Универзитетот „Кирил и Методија” во Скопје. Во преписот се користени Латинското писмо и комбинации на обични и апострофирани Латински букви за најприближни озвучувања на живописните букви и глоси (гласови) кои се исфрлени од модерниот Македонски јазик (Ъ, Ы, Ь, Ю, Я, Щ, и т.н.) кон средината на минатиот век. Заради  полесно читање и приближување на наречјето од тоа време кон денешниот читател, во кириличната транскрипција подолу овие правописни посебности се занемарени и оставени на изучување на лингвистите…

НЕДЕЉА. На Врабница.

От Матеа.

НА тоа времи, кога наближи Исус на Јерусалим, и дујдоа на Вицфаги на Планината Елеонцка, тогај Исус пушти два Ученици, и рече на них: Одејте на Селуту што е прет вас: и уф часут ќи најдите ина магарица варзана и ино п’рле зајно сос неја. отварзајте [стр.117] и ми и дунесејте. И аку ви кажи некуј нешту, ви кажите, оти на Господинут му му требуват: и уф часут ќи и пушти. И воа сату са чини да са плати тоа, дека са збурува зарди 

низ Профитут, дека веле. Кажејте на ќерката Сионува: ету , Царут ти дека ти иде кротка, и вјахнат наврас магариту, и на п’рлиту детиту на подјаремницата. И ка утидуа Учениците, чиниа кату ка и пувеле Исус. И дунесоа магарицата и п’рлиту, и кладоа горе рубите му, и гу качиа наврас тие. И повеќиту људе си пустељуваа рубите му на патут, и друзи сечеа вејки ут д’рвјата, и пустељуваа на патут. И људиту дека одеа напрет, и тие дека одеа пу них, викаа, и велеа: Осанна на Синут Давидуф: благословен тоа што иде уф име Госпудуву: Осанна во вишних. И кага флезе внатре уф Јерусалим, са путресе сат [стр.118] Грат, и велеши: кој е воа. И људиту велеа, воа е Исус Профитут, дека е ут Назарет на Галилеа. И ка видоа Владициту, и Книжовниците чудбите, што чини, и децата дека викаа уф Царквата, и велеа: Осанна Синут на Давид, са наљутиа. И му рекоа: чуеш што велет вие? И му веле Исус: Истина? Не сте пејали никујпат, оти ут устите на децата, и ут тие што цицат си сфаршил хфалба. И ка и устави излезе надвор ут Градут, утиде на Витаниа: и кунтиса таму.

НЕДЕЉА.На Врабница.

На литургиа

От Јоана.

ПОнапрет ут шест дни на Вилигден дујде Исус на Витаниа, таму дека Лазар умре, тоа што гу воскресна ут умрените. Му правиа убо вичера таму, и Марта чинеши измет: и Лазар беши идинут [стр.119] тие дека седеа на трапезата зајно сос Исуса. Мариа убо зива ина литра нарда ретку многоцену, и пумажа нозите на Исуса, и сос косите му и избриша: и Куќата са напални ут миресмата на мироту. Веле убо идун ут Учениците му, Јуда синут на Симон Искариотут, што сакаше да гу придаде. Зашто не са прудаде воа миро за тристотини динаре, да са даде на сиромаситу. И воа гу рече: не оти имаше грижа за сиромаситу, ами зашто беше арамиа, и дарчеши кеситу, и запираше тие што клаваа. И Исус му рече: остави ја зашто гу чува на денут на закупаниту ми. Зашто сиромаситу и имате секуј пат сос вазе, ами мене секуј пат не ма имате. И многу сфет ут чифутиту научиа оти таму е, и дујдоа на салде за Исуса, ами да видат и Лазара тоа што гу војскресна ут умрените. И Владиците чиниа ниет, да утепат [стр.120] и Лазара. Зашто мнозина ут чифутиту зарди Лазар са паракинисуваа одеа, та веруваа на Исуса. Другиут ден многуту сфет дека утиде на Празникут ка чуа, оти иде Исус на Јерусалим. Зиваа ваја ут хурми, и излегоа да гу присретат, и викаа: Осанна: благословен тоа што иде уф име Господуву, царут на Израил. И Исус најде ино магаренце, и сенна врас негу, кату ка е написану. О ќерко на Сион ним са боиш, ету, Царут ти дека иде вјахнат наврас п’рлиту на магарицата. И вие не и пузнаа Учениците му утперву: ами кога са пруслави Исус, тогај смислиа, зашто вие беа писани зарди негу, и вие чиниа на негу. Сфетут убо мартирисуваше што беши сос негу, оти викна Лазара ут гробут, и гу војскресна ут умрените. И зарди тоа гу присретоа људиту, зашто чу оти чини он воа нишан.

Крај

Приготвил: Васил Чулев

Комплетниот текст овде:

http://www.helsinki.fi/~jslindst/268/

p001

p004

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top