Култура и туризам

Јубилеј на МАКЕДОНСКОТО ЛИТЕРАТУРНО ДРУШТВО „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

40-godini-jubilej-prlicev

40-godini-jubilej-prlicev

Во Сиднеј достојно прославен јубилејот на МАКЕДОНСКОТО ЛИТЕРАТУРНО ДРУШТВО „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

На 19 октомври во просториите на Civic Theatre во Hurstville на свечен начин беше прославен 40 годишниот јубилеј на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј.

Прославата на овој јубилеј беше во склопот на Фестивалот за уметност Discovery во грдската општина Georges River и од името на Градоначалникот, уметничкиот директор на фестивалот Anne-Marie Wiles ја отвори јубилејната програма. Поздравен говор одржа The Hon Moselmane Shaoquiett, MLC (NSW Legislative Council) од Горниот дом на владата на Нов Јужен Велс при што го нагласи големото значање што Литературното друштво го има одиграно за овој четири децениски период во одржување и промовирање на македонскиот јазик и култура во Австралија.

Потоа со поетските звуци на Прличев, Константин, Рацин и Коневски преставени од Лариса Мабеи, зборуваше Душан Ристевски, почесен претседател на Литературноро друштво, кој се осврна на улогата на Друштвото во афирмација на македонскиот јазик, култура и нација на овие простори како и во активното вклучување на организирање на македонската заедница во заштитата на правата и идентитетот на Македонците.

Катарина Ципушева, класичен филолог, од Универзитетот Маквари во Сиднеј, ја промовира Антологијата „Ѕуница“ со поезија од членовите на Друштвото во која се застапени 25 поети. Со поезија од истата се преставија Иван Трпоски, Ристо Галевски, Гроздан Јовановски, Бранко Наумовски, Перо Дамчевски-Коцин, Наум Пауноски и Душан Ристевски.

Стефо Нанцу, драмски писател режисер и артист, ја промовира книгата – монодрамата „Каменот од Роби“ од Душан Ристевски, а артистката Валентина Апостоловска рецитираше извадоци од истата.

Книгата поезија „По свет за малку среќа“ од Гроздан Јовановски ја промовира Бранко Наумовски, поет, учебникар и наставник по македонски јазик, а Лариса Мабеи се престави со поезија од истата.

Артистката Гордана Милошевска од Македонскиот театар од Сиднеј настап со комичниот скеч „Шекира гледа на карти за промена на името на Македонија“.

На прославата исто така се доделија наградите од традиционалниот конкурс за Прличева награда за 2017 година и истите ги престави членот во Жири комисијата, наставничката Мери Петковска.

За јубилејот до Друштвото пристигнаа стотина честитки од членовите, соработниците, почесните членови како и од Агенцијата за иселеништво од Македонија, со единствена желба работата да продолже во негувањето и афирмацијата на македонскиот јазик и култура. Извадоци од овие писма и пораки беа читани на средбата.

На крајот на програмата на членовите на Друштвото како и на долгодишните помагатели и соработници им беа доделени благодарници со желба да се продолже во одбрана на македонскиот јазик зашто додека го имаме јазикот ја имаме и татковината и како што се сака својот народ така треба да се милува и својот јазик.

ДР

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top