Култура и туризам

Храм на Изида (Охрид)

Храмот на егитепската божица Изида бил храм во Охрид (тогашен Лихнидос) во денешниот центар на градот. Лоциран е подземно, на просторот меѓу месноста Карабегомала и Градското собрание.

Во мај 1967 год. при изградба на станбена зграда, овој археолошки локалитет го откриле стручњаци од Охридскиот завод и музеј. Меѓутоа, поради специфичноста на просторот на кој има повеќе станбени објекти, а најмногу поради недостиг од средства, не се продолжило со пообемни истражувања. Најголеми археолошки зафати, биле извршени во северозападниот дел од локацијата – крајниот северен темел на зградата. Бил откриен дел од градбата, кој се состоел од две простории. Најинтересно е што на овој простор биле пронајдени и две статуи на египетската божица Изида. Тие сега се чуваат во витрините на куќата на Робевци и претставуваат особено атрактивни експонати. Просторот под зградата каде што е откриен овој локалитет е заштитен со посебна метода.е претпоставува дека оваа градба, посветена на божицата Изида, датира од времето кога македонските војски се повлекувале од Египет на просторот на Македонија. Со нивното доаѓање на овие простори, тие со себе донеле и дел од културното наследство, некои верувања од стариот Египет. Така се случило и култот кон божицата Изида, да биде пренесен кај нас. Меѓутоа, треба да се напомене дека е ова античка градба. Што се однесува до Изида, таа била божица на плодноста, на патувањата. Изида е египетска божица, а храмови посветени токму на неа има низ цела Македонија. Некои охридски археолози велат дека можат да се добијат нови сознанија за оваа градба само доколку продолжат испитувањата на просторот во централното градско подрачје во Охрид. Тие претпоставуваат дека ќе се пронајдат и деловите од статуите на Изида, што недостигаат сега.

Преземено од „Убава Македонија“

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top