Култура и туризам

МАНАСТИРОТ „СВ. МАЛА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА – ПРЕСПА (31)

РЕСЕН – ЦЕНТАРОТ НА  ПРЕСПА

Борбата за национално ослободување од Отоманската Империја во овој крај организирано започнала многу одамна. Уште пред создавањето на Тајната македонска одринска револуционерна организација во 1893 година, Преспа била центар на многу настани од овој период. На 15 август 1894 година во куќата на Татарчеви во Ресен било одржано советување со кое непосредно раководеле Даме Груев и Пере Тошев. Тука биле донесени значајни одлуки за натамошниот развој на револуционерното движење во Македонија.

Ова прво советување на ТМОРО по своите историски одлуки се смета за „голема илинденска искра”. Во текот на Илинденското востание на овој терен дејствувале 12 комитски чети со над 2.000 востаници. Најжестоки битки се воделе во реонот на Крушје, Лева Река, Болно, Евла, Златари, Кривени, Подмочани, Наколец, Љубојно и Герман. Затоа Преспа cnara bo редот на оние подрачја кои имаат најдолга и најбогата историја.

Духот на Илинден продолжи и во славната НОБ. За делото на Револуцијата своите животи ги дадоа 128 синови и ќерки на Преспа, меѓу кои и поетот револуционер, народниот херој Мите Богоевски. На 6 јули 1942 година во месноста Синедолско Кладенче, над селото Златари, е формиран првиот Преспанско-битолски партизански одред „Даме Груев”, за потоа да се создадат нови и уште поголеми воени единици.

На 2 август 1943 година, во месноста Ломје, кај Отешево, во подножјето на планината Галичица, е одржано историското Преспанско советување на ЦК КПМ, на кое беа донесени судбоносни одлуки за разгорување на оруженото востание во Македонија против фашистичките окупатори.

   

Споменици на Јосиф Јосифовски-Свештарот и Мите Богоевски

Незаборавен е фактот дека првото слободно утро во Ресен и Преспа осамна на 5 ноември 1944 година, кога борците на Петтата и Седмата македонска народно-ослободителна ударна бригада победоносно влегоа во Ресен и го развеаја знамето на слободата. Co тоа се означи крајот на вековното ропство и почетокот на новиот слободен развој на Репуб-лика Македонија, а во тие рамки и на Ресен и Преспа во целина.

Во годините по Втората светска војна овој крај, од изразито заостанато аграрно подрачје, доживеа значајна преродба, израснувајќи во модерен индустриски, земјоделски и туристички центар, со современа и развиена прехранбена и текстилна индустрија.

Меѓутоа, миграционите движења во Македонија си го направија своето. Така, Преспа стана крај во кој почна рано да се оди на печалба. Во 19-от век и почетокот на 20-от век преспани како печалбари можеа да се најдат на работа во прекуокеанските земји Америка и Австралија, во Европа, како и во некои делови на Србија, Бугарија, Турција и други држави.

Општината Ресен има 44 населени места. Долна Преспа, пак, со помал дел од Преспанското Езеро и Малото Езеро, влегува во составот на Грција и Албанија. Оваа положба, всушност, резултира од поделбата на Македонија по Балканските војни и Првата светска војна.

Ресен се наоѓа на северниот дел од Преспанската котлина. Тој е овоштарски центар, познат по далеку прочуените преспански јаболка. Но, овој крај од Преспа е познат и како туристички регион со убави летувалишта крај Езерото, како што се Отешево, Царина, Стење, Којнско, Претор, Сливница, Крани, Долно Дупени и други. Над Ресен се вишнеат планините Пелистер и Галичица, кои имаат погодни терени за зимски спортови и летна рекреација, а освен тоа се богати и со дивеч.

Јаболкобер во Ресен

На пазарот во Ресен, во саботите, можат да се купат многу производи од рачна изработка. Градот е особено познат по грнчарството, заради што долги години во него успешно работи керамичката колонија, на која секое лето престојуваат керамичари од разни држави и од Македонија.

Во него посебно внимание привлекува зградата на Музејот на Преспа, односно некогашниот беговски дворец (Сарајот), изграден уште за време на турското владеење. Зградата е интересна по тоа што е верна копија на зградата на Париската комуна, а била градена од мермер и делкан камен. Истиот бег наредил да се направи урбанистички план за Ресен, што се смета за прво урбанистичко решение на овој дел од Балканот.

Преспа често ја нарекуваат македонска „Калифорнија”. Големата висорамнина е полна со плантажи од јаболка, особено од сортите делишес, јонатан, лепоцветка и редица други нови квалитетни сорти, кои во последнава година се извезуваат на светските пазари. Патот од Охрид води преку Преспа и минува низ самиот град. Во неговиот центар патникот секојдневно го пречекуваат продавачите на грнчарија, со минијатурни верни копии на големите производи кои се продаваат како туристички сувенири.

Преспанскиот регион е вистинска база, резерват на илјадници видови птици, риби, животни и голем број растенија. Богатата флора и фауна го прават уште попривлечен овој крај. Во Преспа живеат околу 380 видови птици, од кои дваесетина се вистинска реткост. Посебно во Мала и Долна Преспа се забележуваат многу пеликани, корморани, орли и јастреби. Статистичките податоци покажуваат дека само во 1969 година биле забележани 100 двојки пеликани, од вкупно 400 колку што живеат во Европа. Преспа е единственото место во светот каде што живеат толку многу пеликани на еден простор.

  

Во Преспанското Езеро живеат и специфични видови риби: јагули, крапови, скобусти, пастрмки, плашици, мрени и други. Во густите шуми околу езерото има елени и срни, мечки и волци, зајаци и лисици и други животни. Деновите си личат еден на друг: се менуваат неосетно, така што тешко можат да се разликуваат годишните времиња.

Единствен знак за распознавање е доаѓањето и заминувањето на птиците, како и промените на боите на почвата и цветовите и плодовите на овошките. Спектарот на бои е раскошен во секој временски период, што е резултат на мошне благата клима, со минимална влажност. Тишината на самотијата ја нарушува единствено летот на птиците околу трските и над езерата. Затоа со право се вели дека Преспа е „рај на Земјата”.

Продолжува

Пишуваат: Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ и СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top