Дијаспора

ПРЕМИЕРНО ПРИКАЖУВАЊЕ НА ФИЛМОТ „РУГАЊЕ СО ХРИСТОС“ ВО ТОРОНТО

161

161

ПРЕМИЕРНО ПРИКАЖУВАЊЕ НА ФИЛМОТ „РУГАЊЕ СО ХРИСТОС“ ВО ТОРОНТО

Во организација на „Обединетата македонска дијаспора“, на 24 март 2019 година во салата „Карлтон синема“ (Carlton Cinema) во Торонто  се одржа премиерно прикажување на филмот „Ругање со Христос” на продуцентот и режисерот Јани Бојаџи

Прикажувањето на овој филм за Македонците од сите делови на Македонија кои живеат во метрополата Торонто и во други градови на  Онтарио беше голем настан кој  ќе остане во долго сеќавање. Оваа филмско остварување е едно извонредно уметничко дело кое остави длабоки траги во македонската и светската киномотографија.. Затоа, не случајно минатата година на филмскиот фестивал во Монтреал, во Канада освои прва награда за иновација,

За жал, Филмот „Ругање со Христос” во Македонија предизвика многу реакции, главно од политичка природа, без притоа подлабоко да се навлезе во слоевите на приказната, која е базирана на односот помеѓу две генерации Македонци со егејско потекло и индивидуалната потрага по сопствениот идентитет. Затоа, овој филм предизвика голем интерест кај Македонците во Онтарио каде најбројното македонско иселеништво потекнуваат од егејскиот дел на Македонија

Инаку, филмот „Ругање со Христос”  е дебитантско долгометражно остварување на Јани Бојаџи, чие филмското дејство е сместено во 2001 година и се одвива во Македонија, Грција и Франција.Таа е приказна во која Македонецот со егејско потекло, Александар, по 20 години удобен живот како новинар во политички магазин во Франција, по веста за смртта на својот татко Лазар се враќа во Македонија. На патот кон Македонија Александар се сретнува со убавата фотографка Андреја, која ја игра грчката актерка Јоана Пилиху, а посетува и свои роднини во северниот дел на Грција. Чувството што го носи главниот лик е она чувство што со години го носат илјадниците протерани од сопствените огништа, попознати како децата-бегалци од Граѓанската војна во Грција во периодот 1946-49 година. Тоа е чувство на изгубени души кои секаде се чувствувале како туѓи на своето – и во Грција и во Македонија – и насекаде низ светот каде биле раселени.

Наративните елементи во сценариото на филмот прават паралели меѓу Граѓанската војна во Грција, со монолози искажани преку ликот на Султана на дијалектот од северна Грција (Беломорска Македонија) и воениот конфликт што се случи во 2001 година во Македонија. Во филмувањето на приказната се употребени моменти што се познати на јавноста, но се прикажани низ авторската призма и уверување на режисерот Јани Бојаџи.

Наизменичниот тек ги врзува приказните на Александар, неговата ненадејна средба и љубов со Андреја и неговата трагична смрт, приказната за животот на таткото Лазар во бурната 2001 година и на семејството на Султана, роднини од прво колено на Александар. Во филмот се прикажани и анархисти кои сè уште го живеат периодот на Граѓанската војна и бараат предавници во своите редови.

Филмот е во продукција на „Орион продакшн” и „Кандела” од Македонија со продукциско учество на СТВА од Словенија. Во филмот играат актери од Македонија, Грција, Франција, Албанија и Словенија. Во филмот има и техничка екипа од Бугарија, Хрватска, Словенија, Грција и Албанија. Актерите во филмот зборуваат на пет јазици и на македонски дијалект што се зборувал во северните делови на Грција.

Насловот на филмот доаѓа од фреската „Ругање со Христос”, едно од ремек-делата насликани од фрескописците Михаил и Евтихиј на почетокот на 14. век во црквата „Свети Ѓорѓи” во Старо Нагоричане, Кумановско, кои се сметаат за први зачетници на ренесансата во светот, за прв пат во светот сликаат светци со трета димензија и човечки особини, Подоцна на таков начин тоа го прават Микеланџело, Да Винчи и Рафаело.

Инаку, причините за обидите да се забрани проекцијата на филмот пред неговата премиера во Македонија е што во филмот има сцени со ликови во униформи со ознаки УЧК кои киднапираат Македонци. Тоа се сцени во кои се следи животот на ликот Лазар во кои авторот на филмското сценарио има поинакво толкување и уверување од она што официјалната политика во 2001 година го затвори како прашање со потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Покрај сцените со киднапирање и тортура, во филмот, сепак, има и дијалог меѓу ликот Лазар и војник со ознаки УЧК, кој има антивоена и хуманистичка порака. Следна причина која ја предизвика реакцијата на институциите на државата е што филмот, иако снимен во 2018 година, се појави по потпишувањето на Преспанскиот договор од Нивици помеѓу Македонија и Грција во 2019 година, за што многумина сметаа дека ќе биде нов „иредентистички пакет” во односите меѓу двете држави.

Иако историјата ја пишуваат политичарите, слободата на уметничкото уверување и израз е неприкосновено човеково право кое не треба да биде цензурирано Затоа, публиката во Торонто што го гледаше филмот „Ругање со Христос” испрати искрени честитки до Јани Бојаџи и целиот негов тим кој беше составен од артисти од повеќе националности, со пораки филмот да го види секој Македонец и добрнамерник без разлика на генерацииските и други национални и верски разидувања.

Slave Nikolovski - KatinИзвестува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top