Македонски легенди

Сократ Маркилов

sokrat

sokratСократ Маркилов

Сократ Маркилов (12. IV 1921 – 4. VIII 1993) е македонски национален деец во Бугарија по Втората светска војна. Поради својата македонска национална определба, по 1956 година бил прогонуван од бугарските државни органи. Во 1968 година основал тајна Независна македонска организација – „Илинден“ во Пиринскиот крај, а во 1973 година бил уапсен и наредната година  осуден на 5 години затвор. Тој станува маченик за македонската национална кауза во комунистичка Бугарија. По падот на комунизмот, во април 1990 година, тој е еден од основачите на легалната Обединета македонска организација (ОМО) – „Илинден“.

Сократ Маркилов е роден на 12 април 1921 година во село Бутково, Демир Хисар, Егејскиот дел на Македонија. За време на Вората светска војна тој дезертирал од бугарската армија и стапил во антифашистичкото движење.

По Втората светска војна Маркилов живеел во градот Петрич. Незадоволен од односот на бугарските власти кон македонското прашање, тој презема низа активности да го организира македонскиот народ во Пиринска Македонија и македонската емиграција во Бугарија.

Во 1968 година, Сократ Маркилов е еден од основачите на тајната Независна македонска организација – „Илинден“ во Пиринскиот крај и меѓу македонската емиграција. Истовремено тој е еден од најактивните дејци на организацијата. Меѓутоа, токму поради својата македонска национална определба. тој бил прогонуван од бугарските државни органи уште од 1956 година. 

Заради својата македонска национална определба и активности во врска со македонската кауза, Сократ Маркилов бил протеруван и затворан од бугарските власти. Во бугарските затвори, тој  одлежал вкупно 17 години. Првиот пат добил пресуда на 12 години, а во 1973 година бил уапсен и наредната 1974 година бил осуден на 5 години затвор.

Поради неговите промакедонски активности, покрај Сократ Маркилов, страдало и негово семејство. Тоа било интернирано од кумунистичките бугарски власти во градот Ловеч, при што неговата жена извршила самоубиство.

За време на комунизмот во Бугарија, Сократ Маркилов станува маченик за македонската национална кауза. Сепак и покрај сите лични загуби во текот на својот живот, тој не се откажува од борбата за македонската кауза.

Маркилов продолжува со своите активности и по падот на кумунизмот на почетокот на деведесетите години на минатиот век. Во април 1990 година тој е еден од оснивачите на легалната Обединета македонска организација (ОМО) – “Илинден“.

Истовремено Маркилов учествува во организацијата на првиот и најмасовен собир на Македонците во Бугарија, кај Роженскиот манастир во 1990 година. Од овој период ќе останат запаметени неговите зборови: „Немам што да изгубам. Ниту деца, ниту жена, ми останува само голиот живот. А него секогаш можам да го дадам за Македонија“.

Сократ Маркилов починал на 4 август 1993 во Бања Банско, Струмица. По негова желба погребен е во Петрич.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top