Дијаспора

СТИВ ПЉАКАС И НЕГОВАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА МАКЕДОНИЈА (26)

zxc1

zxc1

СЕЛОТО ЖЕЛЕВО,КОСТУРСКО – РОДНОТО МЕСТО НА ЛИЛИ ПЉАКАС 

Селото Желево Желево е живописно планинско село сместено на патот Лерин-Костур. Таму, во планината Бигла, над селото, извира реката Бистрица што ја сече областа Корешта и се влева во Солунскиот Залив. Тоа е чисто македонско село, кое е лоцирано на границата на Леринско-костурската општина, припаѓајќи административно кон Костур. Тоа е едно од најголемите села на овие простори. Желево е сместено во подножјето на планината Бигла и се наоѓа на надморска височина од околу илјада метри. Тоа отсекогаш било чисто македонска населба

Широкиот асфалтен пат што се искачува по ридот на северната страна на Костур, на само десетина километри, поточно откај патот што се дели за селото Д’мбени, продолжува кон Габреш, Дреновени и други села. Тие се македонски села, меѓутоа, најголем број од жителите се иселиле по Граѓанската војна. Сега тие се места каде се гледаат високите ѕидови на куќите со искршени прозорци и без покрив. Се јавува глетка што одава тага, страв и ужас.

Застанавме на патот и ги гледавме куќите во кои зјаеја отворени долапи и искршени балкони кои тагуваат за своите стопани. Од таа тажна слика на минувачот му се крева косата и посакува што побргу да ја заборави, да исчезне. Таму чувствувавме како отворените прозорци да нѐ поздравуваат и ни кажуваат дека во минатото овде имало живот, а ѕидовите од старите македонски куќи плачеа заедно со урнатините и со бучењето на реката што одѕвонуваше во дивината за да нѐ потсетат на војните на Грамос.

Од селото Габреш, од каде има бројни познати и признати бизнисмени како Стив Ставро, Џон Битов, Коста Ников и многу други, долго ја гледавме долината, потоа појдовме по патот кој води кон селото Желево, родното место на Лили Пљакас.

zxc2

Улица во Желево

Селото Желево е чисто македонско село, кое е лоцирано на границата на Леринско-костурската општина, припаѓајќи административно кон Костур. Тоа е едно од најголемите села на овие простори. Желево е сместено во подножјето на планината Бигла и се наоѓа на надморска височина од околу илјада метри. Тоа отсекогаш било чисто македонска населба.

Меѓутоа, поради политичките и економските причини, голем број желевци се преселиле во прекуокеанските земји, Канада, Соединетите Американски Држави, Австралија и други европски земји по Илинденското востание и Првата светска војна, но особено по поразот на Демократската армија на Грција во Граѓанската војна.

Притоа, треба да се одбележи дека желевци биле активни со самото доаѓање во Канада. Според пишаните документи, уште во 1907 година тие го формирале благотворното друштво „Желево“ во Торонто. Сегашното спомагателно братство „Желево“, пак,  било формирано на 1 октомври 1921 година. Тоа развило голем број активности, меѓу кои, во 1928 година била иницирана изградбата на познатиот Желевски дом.

Во 1929 година било создадено младинското друштво под име „Родина“. „Желевскиот дом“ бил повторно инициран во 1946 година и на 26 август истата година се купило место. Домот официјално е отворен на 10 јули 1948 година. Домот е сопственик на места за викендички, на голф игралишта и друг имот.

Интересно е да се одбележи дека во „Желевскиот дом“ се одржал состанокот на кој се одлучило да се изгради Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто. За прв претседател на овој прв македонски храм во Канада беше избран познатиот македонски иселеник Спиро Сандер од Желево.

Кога се пишува за селото Желево треба да се нагласи дека тоа е живописно планинско село сместено на патот Лерин-Костур. Таму, во планината Бигла, над селото, извира реката Бистрица што ја сече областа Корешта и се влева во Солунскиот Залив. Тоа е планинска река со мали водопади и пастрмки, чија вода се користи за наводнување на зелените и сочни ливади и плодните ниви од двете страни во подножјето на планината.

На влезот на селото се сретнавме со таблата на која на грчки и латиница пишува  Андартикон. Инаку, Желево е големо македонско село и самостојна општина на Леринскиот округ. Расположено е покрај самиот пат што води од Костур за Преспа и другиот крак кон Лерин. Според легендата старото село се наоѓало уште повисоко на планината на месноста Лазина. Селото е многу старо и се споменува во најстарите турски документи. Тоа одсекогаш било македонско и до денеска не претрпело никакви измени.

zxc3

Панорама на Желево

Според бугарски документи Желево се споменува како населба со околу 1200 жители и со повеќе од 250 куќи. Најбројно било во 1913 година со 1415 жители, за потоа тој број да почне да се намалува, во 1940 да дојде на околу илјада, во 1961 година имало само 605 жители, а во 1971 година 418 жители. Според кажувањата на мештаните, денес во селото живеат помалку од  400  жители.

Бројот на жителите покажува намалување поради големата емиграција меѓу двете светски војни кога повеќе семејства се иселиле во Битола, село Породин, во Бугарија и во прекуокеанските земји. Во текот на Ѓраѓанската војна селото го напуштиле околу 200 семејства кои се прибрале, главно во поранешна Југославија и во источо европските земји. Желевци се иселиле претежно во Канада, особено во Торонто, каде има голема желевка колонија.

Желево  е село од збиен тип со типични македонски куќи на кои висат пространи балкони. Тоа наликува на другите македонски села од леринско-костурскиот дел, како што се: Ошчима, Руља, Бесфина, Брезница, Смрдеш, Габреш, Поздивиште, Д’мбени, или наликува на селата од другата страна на Превал кон Преспа.

Според старите преданија, селото Желево го добило своето име од зборот „жилево“. Поточно, на местото каде постоело старото село високо се издигале огромни стебла кои пуштале долги и големи жили. Од зборот жила, селото го завикале Жилево, за потоа да се замени во Желево. Но, тоа е само легенда. Вистината е дека луѓето од Желево и од целиот тој крај на Егејска Македонија ги ширеле своите жили по целиот свет и дека низ нивните жили тече македонска крв.

zxc4   zxc5

Вредните раце на желевци ги изградиле двете селски цркви: старата црква „Свети Никола“, што датира од 1713 година и „Свети Атанас“, што е изградена во поново време, и на чии ѕидови се насликани живописни фрески од вредните раце на фрескописецот – мајстор Ѓорѓи и неговиот син Никола од Лазарополе.

Ние го посетивме Желево попладне и ги видовме сите убавини на селото., а и разговаравме и со повеќе жители, меѓу кои и еден брачен пар од Желево кој живее во Торонто. Средбата беше навистина срдечна, македонска, а се одржа во една од трите кафеани на патот.

Во оваа пригода треба да се нагласи дека од Желево потекнуваат бројни познати иселеници, особено во Торонто, меѓу кои, првиот Македонец кој завршил факултет во Торонто, ликовниот уметник Фото Томев, за кој авторот на овие редови има посветено посебни текстови. Исто така, во Желево беше роден првиот претседател на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто, познатиот Спиро Сандерс, како и неговиот син Џими Сандерс, кој беше првиот претседател на националната организација „Обединети Македонци“ во Торонто.

Молчешкум го напуштивме Желево и се упативме кон Лерин. Стасавме до планинскиот превој, каде се наоѓа скијачкиот центар „Бигла“, од каде ги гледавме новите ветерници на ридот над селото Псодери. Потоа застанавме на една ширинка од каде што се гледаше голем дел од Лерин, селото Арменско, дел од Пелагонија и неколку села што се нанижани на патот што води од Лерин кон Воден и Солун.

Тука, се насладувавме на убавините што Мајката природа ги дарила, но се потсетивме и на раскажувањата за комитите кои ја  пролеале својата крв за Македонија некаде на планината Бигла, предадени од попот Ставрос од селото Псодери.

Во тие мигови, сакавме да ги заборавиме неубавите историски вистини и сè лошо што му е направено на македонскиот православен народ од Егејот, со надеж дека тоа нема да се повтори. Го помоливме Бога да биде праведен и да му помогне на напатениот  македонски народ од Господовата Егејска Македонија да ги ужива сите човечки права, обврски и благодети пропишани со декларациите на Обединетите нации.

Продолжува

d5 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top