Македонски легенди

Висарион Дебарски

1svekrva copy copy copy copy

1Висарион Дебарски

Висарион Дебарски (XVI в.) е македонски духовник, јеромонах и книжевен деец од XVI век. Тој еден од најзначајните книжевници од Македонија од овој период и е претставник на Слепченскиот книжевен центар при манастирот „Св. Јоан Крстител“ во село Слепче кај Демир Хисар. Досега се познати околу 30-на негови ракописи, пишувани во период од 1540 до 1565 година. Се потпишувал како Дебарски, а се среќава и како Варлаам. Автор е и на „Слепченскиот поменик“ (1548) и „Слепченскиот писмовник“ (1550).

Висарион Дебарски е роден во почетокот на XVI век во Дебарско. Во текот на целиот свој живот тој е активен книжевник, но како скромен духовник не ги изнесува своите биографски податоци. Самиот се потпишувал како Дебарски, а се среќава потпишан и со името Варлаам. Поради тоа се претпоставува дека е роден во градот Дебар.

Книжевната активност на  Висарион Дебарски е тесно поврзана со Слепченскиот книжевен центар при манастирот „Св. Јоан Крстител“ во село Слепче кај Демир Хисар. Во Слепченскиот манастир тој развива 25 годишна книжевна активност.

Досега се евидентирани околу 30-на негови ракописи. Тие  се пишувани во период од 1540 до 1565 година. Се работи за антологиски зборници на дела на црковни писатели, стиховни пролози, минеи, четвороевангелија, палеа и други средновековни жанровски видови. Висарион Дебарски не работи само на препишување на веќе постојните ракописни книги, туку врши избор на текстови, создавајќи ракописни зборници во кои преовладуваат текстови од филозофско-богословска, догматска, граматичка и полемичка содржина.

Негови ракописи се: „Дионисиј Аеропагит“ (1542), „Посланието на Јован Дамаскин до Козма Мајумски“, „Богословски зборник“ (1540), „Поученија на Кирил Александриски“, „Златоуст“ (1548) и др. Автор е и на „Слепченскиот поменик“ (1548) и „Слепченскиот писмовник“ (1550).

Во прологот за март-август 1554 год. е поместена најголемата збирка патерички раскази што досега е пронајдена од таков тип славјански ракописи. Во ова дело Висарион ги вметнал расказите: „Отец Герасим и лавот“, „За картагенскиот војвода“, „Филозофот Евгариј и епископот Синесиј“, „За калуѓерот кој бил несправедливо обвинет за кражба“, „За жената која била убиена од својот свекор“, „Папа Григориј Римски“, „Павле Препростиот“… Висарион со овој свој пристап ја открива својата световна определба.

2

Активностите на Висарион Дебарски во манастирот Слепче се поврзани со реализацијата на програмата на Охридскиот архиепископ Прохор (1528/29 – 1550) за заживување и дисеминација на славјанската книжевност во епархијата.

3

Зачуваните ракописи на Висарион Дебарски денес можат да се најдат во библиотеките во Скопје, Софија, Загреб, Санкт Петербург, Москва и др.

                                                                                         

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top