Култура и туризам

ВО ГОРНА ПРЕСПА КАКО ДОМА (10)

turizam1

turizam1

ВО ОВОШТАРСКИОТ КРАЈ ОД КОЗЈАК ПРЕКУ БЕЛА ЦРКВА И РАЈЦА ДО АСАМАТИ

Кога туристот патува од Битола кон Охрид и се искачи на превојот Ѓавато, пред него се отвора панорама на дел од котлината на Преспа и Преспанското Езеро. Од таму се гледа голем дел на Горна Преспа, особено Отешево, Царев Двот, Ресен, Јанковец и други места. Во непосредна близина на месноста Макази  се наоѓаат Козјак и Бела Црква, од каде патот води кон Рајца и Асамати, познатиот овоштарски крај во Македонија

Селото Козјак е најблиску до раскрсницата на патот што се дели од Макази за Маркова Нога и од Макаси за Отешево. Тоа е стара турска населба, во кое живеат стотина македонски Турци кои се занимаваат со поледелство и сточарство. Името го добило по тоа што во селото се чувале кози. Меѓутоа, се верува дека на тоа место во минатото постоела турска касаба (градче) по име Козана, од која и селото се нарекува Козјак.

Во атарот на Козјак има повеќе археолошки  локалитети, за што има бројни докази. Се претпоставува дека на тој дел на Преспа поминувал патот Виа Игнација и дека просторот околу селото Козјак бил значајна станица.

Во селото Козјак има една џамија која била изградена во 1902 година, а која е поправана пред повеќе години. Денес таа е верски објек за козјачани и за намерници кои доаѓаат на тие простори во Преспа.

Во историјата е забележано дека одреден број од селаните учествувале и  во  НОБ  кога и својот живот за слобода на Македонија го даде Наим Ракиповски.

Западно од Козјак, на патот од Макази према Отешево, на неколку километри се наоѓа селото Горна Бела Црква. Таа е сместена во плодното преспанско поле, на западната страна од Долна Бела Црква, а на исток од Царев Двор. Во ова село има околу четириесет домаќинства со близу двеста жители, од кои над сто македонски Албанци и осумдесетина македонски Турци.Во селото има училиште на албански јазик.

turizam2

Исто така во Горна Бела Црква има и џамија, која се верува дека била изградена во 1918 година, а била обновена во 1971 година. Селаните се занимаваат претежно со овоштарсво и сточарство. Интересно е да се спомене дека во ова село во минатото имало најмногу биволи во Преспа.

Кога се патува од раскрсницата Макази недалеку од Козјак кон Подмочани патникот ќе го забележи селото Долна Бела Црква. Од асфалтниот пат кој води кон Маркова Нога се свртува кон Долна Бела Црква, која  е сместена на десетина километри јужно од Ресен.

Долна Бела Црква е мешано село каде сложно живеат околу сто и педесетина Македонци и осумдесетина македонски Албанци, кои изградиле убави куќи со различна архитектура. Во атарот на ова село има неколку археолошки локалитети. Таму постојат и две цркви, и тоа црквите „Св. Цар Константин и Елена“, што е во селото, која била изградена 1888 година, а обновена 1993 година и црквата „Св. Петар и Павле“ во локалитетот Горица, во чија близина се и селските православни и муслимански гробишта. Во Долна Бела Црква никогаш немало џамија.

И од селото Долна Бела Црква како и од голем број други села во Преспа, во текот на Втората светска војна повеќе селани зеле учество и биле на страната на Народно-ослободителната војна, во која ги дале своите животи Генија Назифи, Круме Петревски и Трајан Трајчевски.

turizam3

Долна Бела Црква

Ако Асамати е село на рибарите, селото Рајца е место на овоштарите. Таму можат да се видат непрегледни овошни насади со кои Преспа се гордее. Зато со право се вели дека полскиот дел на Преспа од Асамати до Козјак е познат овоштарски крај во Македонија.

Инаку, селото Рајца е христијанска населба во која живеат православни Македонци, со околу триесетина домаќинства и  седумдесетина жители, кои претежно  одгледуваат овоштарски насади. Тоа се наоѓа на неколку километри од Асамати и Курбиново недалеку од патот Макази – Маркова Нога. Во селото постои црквата „Св. Никола“, која била изградена во 1867 година.

Кога се зборува или пишува за туризмот во Преспа, селото Асамати има свое место. Тоа е едно од првите познати туристички населби во Преспа. Асамати се наоѓа на крајното северо-источно крајбрежје на Преспанското Езеро, јужно од патот од Макази кон Маркова Нога.

Според преданието се претпоставува дека името селото го добило од времето кога таму биле стационирани истоштените, измачените и еднооки војници на македонскиот цар Самоил. Имено, во Асамати се пренесува преданието според кое името значи “еднооки” или „без очи“ и дека било добиено по ослепената самоилова војска, од која дел бил доведен и стациониран на повеќе места околу Преспанското Езеро, но најповеќе на локалитетот на денешното село Асамати. Исто така, преданието вели дека желбата на ослепените војница била животот да го продолжат во близина на царската престолнина-Преспа.

Постои уште едно тврдење според кое името на селото Асамати доаѓа од зборот “бестелесни” и дека тоа име го добило по Богомилското движење, односно по Богомилите кои живееле на тие простори, а кои верувале во Богот-отец без тело.
Денес во селото Асамати  живеат педесетина домакинства со околу 180 жители, од кои во слога живеат седумдесетина Македонци, осумдесетина македонски Албанци и триесетина македонски Турци. Затоа често се вели дека Асамати е пример за етнички соживот во Преспа и пошироко.

turizam4

Поглед кон Асамати

Во Асамати постојат бројни локалитети со археолошко значење и тоа,  црквата „Св. Архангел Михаил“, каде се селските гробишта, изградена  во 1636 година, црквата “Света Богородица“, како и „Света Марена“, мал параклис посветен на селската заштитничка. Исто така, во Асамати има и џамија која е изградена во 2004 година.

Кога сме кај религијата треба да се спомене дека преспанчани веруваат во моќта на Света Марена. Посебно во Асамати таа е заштитничката на селото и на рибарите. На црквата „Света Марена“ се молат и христијаните и муслиманите, кои веруваат во нејзината моќ, а има и верување дека таа се појавува на вакавската ливада каде што поранешен функционер изградил вила, а потоа имал разни привиденија.Таму никој не се осудува да живее во вилата изградена на таканаречената вакавска ливада во Асамати, каде што од пред три века е подигнат и параклис за света Марена, заштитничката на селото и на рибарите.

Kултот за света Марена е многу раширен во голем дел  од Преспа, затоа постојат десетици црквички и манастири кои го носат нејзиното име низ селата од македонската земја во Република Македонија и во Мала и Долна Преспа (во албанската и грчка страна) на Преспанското Езеро.

Продолжува

B3
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top