Дијаспора

„ГУЛАБИЦА НЕДОФАТНА“ ОД МАРИЈА АЛЕКСАНДРОВА

gulab1

gulab1

Во издание на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, деновиве од печат излезе книгата поезија „Гулабица недофатна“ од поетесата и уметник Марија Александрова од Сиднеј.

За читателите ги изнесуваме рецензентските белешки од Александар Донски: 

ГЛАСНИОТ ШЕПОТ НА ГУЛАБИЦАТА НЕДОФАТНА 

Иако одамна плови низ непредвидливите, примамливи, води на поетското творештво, вљубеникот во уметноста (освен во пишаниот збор, овде е и сликарството) Марија  Александрова, дури сега нѐ почести со својата прва мулти-уметничка збирка. Освен  48-те поетски творби, овде се и десетината нејзини уметнички слики. Песните содржински се поделени во осум циклуси и истите се соодветно сликарски илустрирани.

Во првиот циклус Марија Александрова пее за најголемата духовна, емотивна и интелектуална преокупација на повеќето македонски иселеници, а тоа е родната земја  Македонија. Преку умешна комбинација помеѓу директен и метафоричен говор, повремено зачинет со фолклорни орнаменти, таа протестира против присилната промена на името на нашата татковина и нејзиното разнебитување (Корени македонски, Плачот за Македонија, Осамна зора), ги едуцира младите генерации за славната историја на Македонија (Таму синко, Таму далеку, Прва македонска република), ја оживува борбата за слобода и ја опсервира сегашноста на Македонија (Илинден, Време-патение, Развивај горо).

Во вториот циклус под наслов Заминав, Марија Александрова пее за втората најголема мака на повеќето иселеници – напуштањето на родниот крај и заминувањето во неизвесната печалба. Во песните од овој циклус, авторката во својот препознатлив стил, го опејува тешкиот живот во првите години од печалбарството,  носталгијата по родното огниште, духовните премрежја што ги доживуваат иселениците кога треба да заминат од татковината (било за прв пат, било по некоја кратка посета на родниот крај), но и сцени од секојдневниот живот во  новата средина (Кет).                       

Третиот циклус Марија Александрова го посветува на оживување на своите спомени од детството и младоста (Прилеп, Плетвар, Охридското Езеро, ученичките спомени преку песната Часовник…), кои претставуваат единствената нејзина жива врска и нитка со двете најсвети духовни  богатства трајно вгнездени во срцето на секој иселеник – родната земја и детството/младоста. Една песна посветува и на индонезискиот остров Бали, кој во 2004 година беше погоден од катаклизмичното цунами, а песна посветува и на водителот во една македонска радио програма  во Австралија Симеон Георгиевски – Брич).                       

Четвртиот циклус (Уметник) и Петтиот (Мајка) ја акцентираат интимно-личната исповед на авторката за сопствените возвишени преокупации (во случајов сликарство и литература), но и дарувањето живот на своите потомци.                  

Во Шестиот циклус (Дали уште еднаш) Марија Александрова нуди сопствени опсервации за некои аспекти за одредени  суштински прашања од човековото битисување , а во Седмиот циклус (Молитва) ја опејува своата љубов кон Бога.

Конечно, во Осмиот циклус (Гулабица недофатна) авторката  низ различни аспекти ја опејува љубовта помеѓу двајца вљубени со што ги експонира своите високи морални вредности.

Во секој случај со својот ненаметлив, но јасно артикулиран стил, авторката Марија Александрова низ стиховите во кои доминира емотиконот над изразните средства кои се ставени во негова функција, успешно  го претставува својот творечки имплус преку својата збрка првенец.

Значаен прилог што ги збогатува и акцентира песните се и умешно изработените уметнички илустрации кои целосно се вклопуваат во содржната на оваа мулти-уметничка збирка, чие консумирање несомнено ќе предизвика интерес и задоволство кај читателите.

Александар Донски

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top