Култура и туризам

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (29)

MT1

MT1

ЕСМА – ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „МАЈКА ТЕРЕЗА“ I ДЕЛ

За Есма Реџепова – Теодосиевска Индија е земјата на нејзиното потекло, каде е оригиналниот дом на Ромите: Раџастан има околу 23 милиони луѓе кои го зборуваат ромскиот јазик и каде таа се чувствувала како дома. Есма и  нејзиниот сопруг Стево Теодосиевски таму беа номинирани за Кралица и Крал на ромската музика

Инаку, Индија е земја која кај намерникот буди и возбуда и потрага по непознатото и љубопитство и предизвик да се види што поодблизу, што повеќе да се почувствува нејзиното пулсирање. За љубителите на умет­но­с­та таа е трезор на отворено на древните храмови; за ет­но­ло­зите таа е земја во која се вкрстуваат повеќе религии и кул­тури, во чуден спој, виден само во Индија; за ис­то­ричарите и статистичарите таа е втора најнаселена земја во светот.

Како дом на прастарата цивилизација на индиската долина и област на историските трговски патишта и пространи империи, индискиот потконтинент бил идентификуван со своите комерцијални и културни богатства во поголемиот дел од својата долга историја.

MT2

Есма и Стево во Индија

Четири од главните религии во светот: хиндуизмот, будизмот, џаинизмот и сикизмот, потекнуваат од тука, додека зороастризмoт, јудаизмот, христијанството и исламот, пристигнале на тие простори во првиот милениум пред нашата ера и го оформиле регионот на разновидни култури.

Индија има бурна историја, почнувајќи од пред на­шата ера до денешни дни. Богатството на Ин­дија како што е зачинот, златото, слоновата коска и скапоцените камења, привлекувало голем број ос­војувачи уште од древни времиња. Еден од нив бил персискиот цар Дариј I, кој успеал да ја покори Индија и да формира држава која ја нарекол Пенџаб.

Се чини дека Индија го одушевила и го магепсала и големиот вој­ско­во­­дец и освојувач Александар Македонски. Така, според голем број извори, и тој откако го покорил Персиското Царство на Дариј, во летото 327 година пред Христа тргнал по неговиот пат за Индија, поробувајќи го­­лем дел од сегашна Индија и дошол до светата река Ганг. Есма Реџепова и Стево Теодосиевски, пак, со џип го изодиле патот на Александар Македонски и стасале до Индија.

Меѓутоа, Индија е земјата и на скопјанката Мајка Тереза. За жал, за хуманистката Мајка Тереза како млада скопјанка и за нејзиниот живот во Скопје во времето пред почетокот на Првата светска војна многу малку е напишано, а податоците се често непрецизни и нецелосни. Повеќегодишните истражувања за животот на Мајка Тереза, односно Гонџа Бојаџиу, првин во Скопје, а потоа во Калкута, даваат една посеопфатна слика за детството и младоста поминати во Скопје и за нејзината необична и несебична животна определба втемелена во Индија и проширена во светот.

По смртта, како и во текот на животот на Мај­ка Тереза, во бројни текстови за нејзиното хумано дело се појавија огромни намерни или ненамерни про­пусти или погрешни факти. Меѓутоа, вистината е дека таа е родена во Скопје, дека била Латинка со католичка вероисповед, кај кои нема поделба на на­ционалност, туку само вероисповед.

Мајчин јазик ѝ бил хрватско-српскиот и не зборувала друг јазик сè додека не отишла преку Загреб во Ирска каде учела англиски јазик и од каде заминала за Калкута, тогашниот најголем град на Британската Империја по Лондон. Мајка Тереза пристигнала во Калкута на 6 ја­нуари 1929 година и таму останала до крајот на својот жи­вот.

MT3 MT4

Есма и Стево со Индира Ганди         

На 24 мај 1931 година, Гонџа Бојаџиу ја до­нела својата судбоносна одлука – го променила своето име и го земала монашкото име во чест на Света Тереза од Авила, шпанска калуѓерка од XVI век и станува Мај­­ка Тереза. Таа се соочила со страдањата на лу­ѓето низ улиците на Калкута, каде несебично работела на нејзиното мисионерство подолг временски период. Затоа, во 1948 година, папата Пие XII ѝ да­л дозвола да живее како независна калуѓерка, а истовремено таа станала жител на Индија.

Во тој период го основала редот „Мисионерство на мило­ср­дие­то“, чии карактеристики се: едноставно, бели сари со сини ленти и со по еден крст закачен на левото рамо. Така од срце со неверојат­на волја и енергија започнува нејзиното несебично и пожрт­ву­вано ангажирање да се помогне на сиро­масите, бол­ните, сираците, старците и инвали­дите. Це­лиот свој живот им го подарила токму на нив. На та­ков на­чин Мајка Тереза станала позната и приз­ната гра­ѓан­ка не само во Индија, туку и во светот.

Еден од неј­зините редови, кој бил формиран во 1950 година, „Сестри на милосрдието на Мајка Те­реза“, постои и во Република Македонија. Членовите на овој ред морале да се обврзат на живот без брак, на сиромаштија и послушност. Подоцна овој ред бил признат од страна на папата и бил под негова контрола.

Мајка Тереза со редот посебно се грижеле за лица кои биле на смртна постела, сирачиња и болни. Сепак, посебна грижа и време посветувале на болните од лепроза. Денес редот на Мајка Тереза брои преку 3000 сестри и преку 500 браќа во повеќе од 100 земји од светот. 

Легендарната мисионерка Мајка Тереза е добитник на Нобеловата награда за мир, на награ­дата УНЕСКО за придонес во образованието, на индиската награда „Џавахарлал Нехру“, на на­градата „Универзална мајка“ и на многу други на­гра­ди и признанија. Меѓутоа, за Мајка Тереза нај­го­лема награда и признание претставувал мо­мен­тот кога некому давала помош.

MT5
Од погребот на Мајка Тереса

Таа била една од оние кои се борат да се надмине сиромаштијата и бе­дата што му се заканува на човештвото. Затоа, ја за­служила почитта за нејзината хумана истрајност, за да стане легендарна мисионерка.

Погребот на Мајка Тереза се изврши во Калкута, каде по богослужбата во црквата „Свети Томас“, всушност, започнала погребната церемонија. Име­но, колата со ковчегот на Мајка Тереза влезе во преполнетиот затворен стадион Нетаџи, кој, иако пре­полн со илјадници лица и високи државни функ­ционери, кралски и дипломатски претставници, за момент се исполни со тишина, како израз на ис­клу­чителниот респект кон животот и делото на го­ле­ми­­от хуманист кој целиот свој живот го посветил на си­­­ромашните, на кои им подарил добрина и љубов.

Свечената церемонија се одликуваше со од­лич­на организација на индиските власти, кои на Мај­ка Тереза ѝ  приредија државен погреб, со ис­клу­чи­тел­на љубов. Белите букети цве­ќе, аранжирани ненаметливо, едноставно, а, сепак, до­­минантно, каков што беше и животот на леген­дар­­ната мисионерка. Меѓу многуте светски деле­га­­ции се наоѓаа: премиерот и претседателот на Индија, пр­вата дама на САД, Хилари Клинтон, кралицата Нор од Јордан, првата дама на Франција, леди Бернадет Ширак, сопругата на премиерот на Канада, Алин Кретјен, Соња Ганди, војвотката од Кент, прет­се­да­те­лот на Албанија, претседателот на Гана, повеќе ми­нистерски делегации, поранешната кралица на Бел­­гија и други.

На погребот присуствуваше и делегација на град Скопје и Република Македонија, која ја предводеше министерот Владо Наумовски, а во делегацијата беа тогашниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, авторот на овие редови Славе Катин како потпретседател на Комисијата за односи со верските заедници и новинарката на „Нова Македонија“ Јасмина Миронска.

Продолжува

slave 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top