Култура и туризам

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ ИСТОРИСКИОТ РОМАН АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ОД СЛАВЕ КАТИН И ГЕОРГИ БРАНОВ

161

161

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ ИСТОРИСКИОТ РОМАН АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ОД СЛАВЕ КАТИН И ГЕОРГИ БРАНОВ

Историскиот роман „Александар Македонски“ од Славе Катин и Георги Бранов чиј рецензенти се д-р Владан Велков и Александар Донски е луксузно издание на Книгоиздателството “Македонска искра” од Скопје. Тој е отпечстен на македонски јазик, на 540 страници. Ова интересно дело претставува значаен придонес и прилог кон осветлувањето на голем  број аспекти за древноста и континуитетот на историската вистина за Античка Македонија. 

Александар Македонски во историјата ќе остане запаметен како најголем светски војсководец и непобеден воин, творец на новиот свет, на новиот поредок. Римјаните кои ќе тргнат по стапките на античките Македонци, ќе го наречат „Alexander Magnus“ (Александар Велики). Така и германскиот научник Улрих Вилкен (Ulrich Wilcken) во историскиот роман ќе го нарече ALEXANDER THE GREAT (Александар Велики), кој е преведен и приспособен од англиски на македонски јазик како „Александар Македонски“ од Славе Николовски-Катин, а во издание на Издавачката куќа „Мисла“ од Скопје, во 1988 година, на 390 страници. Овој превод  беше прво дело за Античка Македонија на македонски јазик.

Благодарение на порталот „Македонска нација“ романот „Александар Македонски“ беше печатен во континуитет скоро година и половина, во 75 продолженија, со цел широката читателска публика да се запознае со вистината за Античка Македонија, со ликот и делото на големиот стратег, мислител и дипломат – Фип II Македонски и со неговиот син – најголемиот досега воин, освојувач на земји и цар на силното Македонско Царство  – Александар III (Велики) Македонски. Затоа со право се вели дека овој историски роман претставува значаен придонес и прилог кон осветлувањето на голем  број аспекти за древноста и континуитетот на историската вистина за Античка Македонија.

Во ова дело како втор автор е приклучен Георги Бранов, по потекло од селото Буф, во Егејска Македонија, доктор по ветеринарни науки кој педесетина години живее во Канада и ја брани вистината за Македонија, особено за Античка Македонија. Тој е еден од Македонците кој најмногу се запознал и го почитува историскиот развој и вистината за Александар Македонски и Античка Македонија од автори кои пишуваат за оваа проблематија на англиски јазик. Затоа неговите сугестии и придонес имаат големо значење во ова дело, насловено „Александар Македонски“.

Инаку, според историските документи Александар III Македонски е роден на 22 јули 356 година во македонската престолнина Пела, на 20 години станал македонски цар, а починал во Вавилон на 13 (според некои на 10) јуни 323 година пред Христа. Неговото воено дело, според кое е познат во целиот свет, се изучува во воените академии на сите држави. Мнозина војсководци по него се обидувале да ги повторат неговите дела, од Цезар, преку Јустинијан Први, Наполеон Бонапарта до Хитлер. Ромеија (Византија) и Османлиското (турско) Царство го применија системот на военото устројство и начинот на изборот на император – најдобриот од најдобрите.

Кај нас, за жал, античкиот период не бил често и континуирано истражуван, затоа бројот на делата кои се занимаваат со оваа прашање е многу мал, за разлика од нашите јужни и други соседи, кои со векови копаат по “нивната”, за да ја замаглат и покријат нашата вистина. Меѓутоа, вистината неможе да се закопа во земја, кога тогаш таа ке излезе на површина. Таков е случајот со вистината за Античка Македонија и древните Македонци, за кои е напишано толку многу литература што може да се спореди со литературата за Светото писмо-Библијата.

Токму затоа имаме можност и убава прилика овој пат на македонски јазик да го претставиме и да се соочиме со историски роман што е базиран врз  вистинските аргументи  и историските пишани материјали  за Античка Македонија. Овој историски роман на Славе Катин и Георги Бранов е лика и прилика за развојниот  континуитет на Македонија, претставен во романизирана литературна форма, со посебна нагласка на ликот и делото на големиот стратег, мислител и дипломат – Фип II Македонски и најголемиот досега воин,  освојувач на земји, гениј над гениите, обединувач на народите, почитувач на различните култури, традици и обичаи, и цар на силното Македонско Царство  – Александар III (Велики) Македонски.

Затоа, со право може да се рече дека ова дело претставува библиска вистина за македонските корени и непресушен извор од каде секој Македонец ќе ја пие чистата патриотска љубов кон татковината – Македонија кон својот народ, со правичен однос и почит кон своите собраќа, пријатели, соседи, кон човештвото…

“Македонска нација“

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top