Дијаспора

Американскиот лингвист д-р Виктор Фридман – бранител на македонската вистина (8)

dhfbd1

dhfbd1

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Академикот Виктор Фридман има големо познавање од областа на македонскиот јазик и одлично зборува македонски јазик. За првпат ја посетил Македонија во 1971 година. Бил предавач на Институтот за социолошки, политички и правни истражувања на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и беше предавач и на Меѓународната летна школа „Светлата страна на Балканот“ во 1999 година. Во 1994 година беше избран за член на Македонската академија на науките и уметностите, а во 2007 година го доби степенот „Doctor honoris causa“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје

Виктор Фридман е професор на американскиот универзитет „Ендру Мекон“ во Чикаго. Тој е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар, социолингвист и еден од најпознатите балкански слависти во светската историја. Ученик на Голомб, еден од основачите на американската македонистика, работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот.

Фридман е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година. Тој претставува своевиден амбасадор не само на македонскиот јазик, туку и на Македонија во Северна Америка и во светот. Преку својата наставна, научна и професионална кариера повеќе од 35 години придонесува македонскиот јазик, литература и култура, да станат попознати и признаени и во светот.

Виктор Фридман е роден на 18 октомври 1949 година во Чикаго. Тој дипломирал руски јазик и литература на колеџот Рид во 1970 година. Подоцна докторирал за словенски јазици и литература и општа лингвистика на Универзитетот во Чикаго во 1975 година. Неговата докторска дисертација била на тема „Граматичките категории на македонскиот индикатив“ и со тоа ја добил наградата „Марк Пери Галер“ за најдобра дисертација на Факултетот за хуманистички науки.

Од 1975 до 1993 година предавал во Одделот за славистика при Универзитетот во Северна Каролина. Во 1993 година Виктор Фридман се префрлил на Универзитетот во Чикаго. Тој има објавено повеќе од 200 публикации и притоа „Граматичките категории на македонскиот индикатив“ била првата публикација за модерниот македонски јазик во Соединетите Американски Држави.

nvvi2

Чикаго

Повеќе од 30 години Фридман се занимава со јазиците на Балканот. Во 1991, 2003 и во 2007 година тој бил награден со златна плакета од страна на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, додека, пак, во 1994 година е избран за член на Македонската академија на науките и уметностите. Потоа, во 1995 година бил избран за член на Матица српска и во 2004 година бил избран за член на Академијата на науки и уметности на Косово.

За време на југословенските војни, Фридман работел како политички аналитичар на заштитните сили на ООН стационирани во поранешна Југославија во 1994 година; исто така, бил дел од проектот Јужен Балкан при Центарот за превентивни дејства на Советот за надворешни односи во периодот од 1995 до 1997 година; бил советник на Меѓународната кризна група во 1997 година и работел за Институтот за мир на Соединетите Американски Држави во 1999 и 2000 година. Професор Фридман бил гостин професор или гостин научник во следниве универзитети: Корнел, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Централноевропскиот универзитет во Будимпешта, Универзитетот на Кјото, Националниот универзитет на Малезија, Универзитетот во Хелсинки, Универзитетот во Приштина и Универзитетот во Латроб (Австралија).

Истражувањата на Фридман се базираат на граматичките категории, особено на глаголите, контактот на јазиците и социолингвистиката на Балканот и Кавказот. Тој објавил книги за следните јазици: албански јазик, аромански јазик, азербејџански јазик, српски/хрватски/босански јазик, бугарски јазик, грузиски јазик, грчки јазик, лачки јазик, македонски јазик, меглено-романски јазик, ромски јазик, романски јазик, руски јазик, таџикистански јазик и турски јазик.

Виктор Фридман има големо познавање од областа на македонскиот јазик и одлично зборува македонски јазик.

За првпат ја посетил Македонија во 1971 година. На Институтот за социолошки, политички и правни истражувања на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, е предавач и на Меѓународната летна школа „Светлата страна на Балканот“ во 1999 година. Во 1991, 2003 и во 2007 година тој бил награден со златна плакета од страна на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, додека, пак, во 1994 година тој бил избран за член на Македонската академија на науките и уметностите. Во 2007 година го доби степенот „Doctor honoris causa“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.

Во 2009 година заедно со македонската политичка партија „Виножито“ во Грција го промовираа македонско-грчкиот речник, каде е бурно, нецивилизирано и насилно пречекан од грчката јавност.

 Голем дел од неговата богата библиографија претставуваат позиции посветени на македонскиот стандарден јазик, неговата историја, неговите дијалекти, неговото место во словенскиот и балканскиот јазичен свет, а, речиси, нема позиции во кои не би се преведувал и анализирал македонскиот јазичен материјал. Во центарот на вниманието на Фридман е македонскиот и балканскиот вербален систем, пред сé специфично балканските категории, како адмиративот или, пошироко, нон-конфирмативот („прекажаноста“), субјонктивот и др.

Таа проблематика веќе се појавува во неговата докторска монографија The grammatical categories of the Macedonian indicative (Columbus, 1977). Во последно време се множат и трудови посветени на номиналниот систем: неопределениот член, удвојувањето на објектот и др.. Активното учество на професор Фридман на бројни научни славистички и балканистички тела (комисии, асоцијации и сл.) придонесува кон афирмацијата и сé поширокото познавање на македонскиот јазик во западниот свет.

Академик Виктор Фридман е професор на американскиот универзитет „Ендру Мекон – Чикаго“. Како експерт и познавач на македонската историја и култура, има изјавено дека е: време политичарите во Европската Унија да се соочат со фактот дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет постојат и тоа не само во Република Македонија, туку во многу земји, вклучувајќи ја и Грција.
Македонскиот јазик и македонскиот идентитет постојат и се признаваат во цел свет, освен кај некои луѓе кои не се свесни дека живееме во XXI век, а не во XIX век.

Македонскиот јазик се предава и се учи во Северна Америка, Австралија, Азија и Европа, вклучувајќи ја и самата Европска Унија, Така, според него, издавањето на првиот современ македонско-грчки речник во Грција беше финансирано со помош на Европскиот парламент. Значи, изгледа некои европски политичари не се свесни на одлуката на самите европски институции, додава професор Фридман.

kdrs3     blaze44 

Крсте Мисирков                                       Блаже Конески

Библиографијата на професор Виктор Фридман е мошне богата. Таа се состои од следните дела на англиски јазик: Macedonian (Languages of the World/Materials 117). Munich: LinCom Europa, 2002; Turkish in Macedonia and Beyond: Studies in Contact, Typology, and Other Phenomena in the Balkans and the Caucasus. Wiesbaden: Harrassowitz, 2003; Balkanizing the Balkan sprachbund: A closer look at grammatical permeability and feature distribution. Grammars in Contact: A Cross Iinguistic Typology, ed. by A. Aikhenvald and R. F. W. Dixon. Oxford: Oxford University Press, 2007, 201–219; Language in Macedonia as an Identity Construction Site. When Languages Collide: Sociocultural and Geopolitical Implications Of Language Conflict and Language Coexistence, ed. by Brian Joseph, Johanna De Stefano, Neil Jacobs and Ilse Lehiste. Columbus: Ohio State University, 2003, 257– 295; The Balkans as a Linguistic Area. Elsevier Encyclopedia of Language and Linguistic, Vol. I, ed.-in-Chief Keith Beown, Oxford: Elsevier, 2006, 657–672; Studies on Albanian and other Balkan languages, Peja: Dukjagini, 2004. The Grammatical Cstegories of the Macedonian Indicative. Columbus, Slavica, 1977.

Акадeмик Виктор Фридман е професор и долгогодишен шеф на Катедрата за словенски јазици и литература на Универзитетот во Чикаго, а е и директор на Центарот за источноевропски, руски и евроазиски студии. Тој е вљубеник во јазикот. Децениите минати во изучување на македонскиот јазик биле „од мерак за јазикот“ како што вели тој.Според него, иднината на македонскиот јазик е иста како и на другите јазици и додава дека сé додека постои Република Македонија ќе постои и јазикот.

Повеќејазичноста во Македонија, според овој професор, се рефлектира врз темпераментот на луѓето кои живеат на тоа поднебје, и додава дека тоа е здрава подлога за меѓуетничкиот живот и вели: „Во чаршијата ќе влезе муштерија. Ако е Албанец ќе му кажеш мердита, ако е Турчин – ѓунајдум, или бујрум, на Македонец – добар ден, на Влав – бунезива. Тоа беше практиката на чаршијата, а Македонија е земја богата со чаршии“, објаснува овој неуморен лингвист.

lkkn5

Македонската академија на науките и уметностите

Познатиот светски македонист – академик Виктор Фридман, кој е редовен професор по славистика на Чикашкиот универзитет, е добитник на наградата „Духовен воин“ за 2008 година што ја доделува Меѓународната асоцијација „Македонски духовни конаци“ за афирмација на македонскиот јазик. Наградата му беше доделена во Народната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Битола. Оваа награда му е доделена за сите негови безгранични заложби за афирмација и промоција на македонската кауза за македонскиот јазик.
Академик Фридман, потсетувајќи се на првите контакти со Македонија и македонскиот јазик, вели дека не претпоставувал дека во својата работа ќе наиде и на политички притисоци. Притоа, вели: „Кога ги почнав моите македонски студии, мислев дека ова е само еден словенски јазик како и сите други. Не разбирав дека почнувам со една работа која ќе биде оспорена од сите четири страни на светот. Наивно и добродушно се посветив на Македонија“.

Инаку, во Македонската академија на науките и уметностите му беше промовирана книгата „Делото на академик Виктор Фридман“, чиј автор е професорката Вера Стојчевска–Антиќ. Во оваа публикација за првпат во Македонија се објавува докторската дисертација на Фридман која во славистиката се смета за најзначајната публикација од Чикашката школа.

Во вториот дел на книгата се објавени биографски податоци и впечатоци од личноста и делото на Фридман од други светски научници, за што д-р Стојчевска ќе рече: „Лингвистите кои се занимаваат со македонскиот јазик за мене претставуваат едно свето семејство. Сите произлегуваат еден од друг, се надополнуваат и се навраќаат еден на друг. Она што отсекогаш ме воодушевувало во личноста на Фридман е неговата самоидентификација со македонскиот народ“. На промоцијата д-р Вера Стојчевска-Антиќ потсети на сите професионални и приватни средби со Виктор Фридман, како и на местото на македонистиката на универзитетите во Соединетите Американски Држави.

Продолжува

Katin6 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top