Историја

МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД (2).

Donski111

Donski111Александар ДОНСКИ

(Посветено на академик Блаже Ристовски)

ФЕЉТОН: МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ

БУГАРСКИТЕ ВЕСНИЦИ ВО 1905 ГОДИНА ЈА НАПАЃАЛЕ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ДЕЈНОСТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ!

Македонското национално чувство околу Илинденскиот период нај­­доб­ро ќе биде да  го илустрираме  со цитати дадени од  извесен број ре­во­­лу­ционери, дејци на Организацијата.           

Легендата на македонската револуционерна борба Гоце Делчев изјавил:            

„Оној што сака да работи за присоединување на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија,  тој може да биде добар Бугарин, добар Грк, или добар Србин, но не и добар Македонец“.           

Оваа, како и другите изјави на Гоце Делчев не останале неза­бележани од тогашната бугарска јавност. Поради ваквите свои ставо­ви тој бил напаѓан во Бугарија. Дури некои тогашни бугар­ски весници и цели две години по  смртта на Делчев се  уште го напа­ѓале неговиот лик и неговата македонската нацио­нална дејност. Како пример за ова ќе цитираме извадок од статијата објавена во софискиот весник „Ре­фор­ми“, а  пренесена и во в. „Свободно слово“ од 1905 година:           

„Делчев  навистина почна да се замислува дека е вистински гос­подар на македонското дело и дека неговата волја треба да биде вр­ховна волја. И подоцна почнаа да течат од неговата уста поз­на­тите фрази, како онаа:”Додека моето рамо ја носи пушката, ниту еден бугарски офицер не смее да стапне во Македонија! Гра­ницата е плот од штикови, чии острици се насочени кон градите на офи­це­рите.”Неговите богато плаќани агита­тори и писатели трубат по весниците дека кон границата трчаат густите редови на огор­чената македонска народна моќ и дека прес­тол­­нината нас­коро ќе се претвори во касапница…“          

Ова преставува неспорен доказ за крајно негативното располо­жение на тогашниот бугарски печат кон апостолот на македонското ослободително дело Гоце Делчев. Дури подоцна, откако го сфатија неговиот углед меѓу Македонците, Бугарите почнаа да се напрегаат да докажат дека тој бил „Бугарин“. Инаку, овие тогашни ­­бу­гарски на­пади против Гоце Делчев денес се кријат од пошироката јав­ност во Бугарија.         

Понатаму, Гоцевиот весник „Дело“ уште во 1902 година неретко излегувал со статии против сите пропаганди во Македонија (вклу­чувајќи ја и бугарската), која посебно се одвивала преку Егзархијата.         

За идеологот на револуционерната борба и еден од водачите на  Илинденското востание Даме Груев познато е дека бил еден од  главните учесници во ученичкиот бунт во Бугарската гимназија во Со­лун, кога  учениците барале воведување на македонскиот јазик во гимназијата наместо бугарскиот. Поради ова и Даме бил исклучен од гимназијата, а подоцна активно учествува во движењето на лозарите.       

Значи,  воопшто не е точно дека Даме Груев за време на целиот свој живот се декларирал како „Бугарин“, како што тврди бугарската историографија. Тој извесно време дури бил под влијание и на срп­ската пропа­ганда и како таков добил стипендија за да учи во Белград. Секако во тоа време тој себеси се декларирал како „Србин“, штом оти­шол да се школува во Белград (во тамошната документација бил за­пишан како: Дамјан Грујиќ). Даме Груев дури испратил и писмо до Ми­лојко Веселиновиќ, кој тогаш бил еден од најекстрем­ните зас­тап­ници на големосрпската про­паганда во Маке­донија, во кое го из­вес­тил дека е многу задоволен оти бил примен во Белград и дека е готов да биде (цитат):”од користи отаџбини”. Во едно друго писмо, упа­тено до друштвото “Свети Сава” на 25.09.1889 (во кое барал да би­де запишан на Правниот факул­тет во Белград), Груев напишал дека во име на нивните идеи е готов да се бори со бугар­ската и со грчката про­паганда во Македонија. (Споменици друштва “Светога Саве” 1886-1936, стр. 302 -303. Преземено од: Блаже Ристов­ски: Портрети и про­цеси 1, Скопје, 1989, стр. 547). Меѓу­тоа, по­доц­на Груев избегал  од Ср­би­ја, не сакајќи да го прифати српст­во­то, кое им било нату­ра­но на Македонците.           

Секако дека главна цел на Груев му била по секоја цена да стигне до диплома, па затоа и пишувал вакви писма. Подоцна Груев слично постапувал и со Бугарите, кога требало да се добие нешто од нив, што е сосема разбирливо ако се земаат предвид околностите од тие времиња. Ова тој подоцна јавно ќе го признае, кога рекол:          

„Ние македонските револуционери им дадовме изјава на Буга­ри­те, само за да ги придобиеме, дека сме готови  да водиме сметка за нивните придобивки во Македонија и  да им го зачуваме во тој пог­лед статус-квото…“(Подетално кај: Блаже Ристов­ски: Портрети и процеси 1, Скопје, 1989, стр. 548).         

Преку лоза­рите сосема јасно доаѓа до израз неговата маке­дон­ска национал­на опре­делба. За разочараноста од својот престој во Србија, Груев пишува:           

„Ни ветија стипендии и ни дадоа. Тогаш јас со уште некол­кумина Македонци отидовме во Белград. Тука ни станаа јасни срп­ските намери и напори да ни ја вметнат српската идеја и да ни го наложат српскиот јазик, што уште повеќе не раздразнуваше…“

Значи, и овде тој јасно го употребува етнонимот Македонци. По­доц­на за создавањето на Револуционерната организација тој пишу­ва дека со своите истомисленици ја проучувале, како бугарската, така и српската ослободителна борба против Турците.           

Интересна е изјавата на Даме Груев за неделивоста на Маке­донија (која и денес е ставана под прашање од страна на некои кру­гови). Оваа изјава Даме Груев ја дал во октомври 1903 година:           

„Македонија е една целина и таа не може да се дели. Централ­ниот македонско-одрински комитет со сила и убиства ќе го спречи секој таков обид. И кој ќе почне да работи во тој правец, тој е осуден на смрт од Централниот комитет“. (Блаже Ристовски: Крс­те П. Мисирков… 776-777).

Гоце Делчев (1872 – 1903): Во пошироката јавност во Бугарија денес се криедека своевремено бугарските весници ја напаѓале неговата македонска национална дејност

Goce Delcev121

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top