Историја

МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД (4)

Donski111

Donski111Александар ДОНСКИ

(Посветено на академик Блаже Ристовски)

КРСТЕ МИСИРКОВ: „БОРИС САРАФОВ БЕШЕ ИДОЛ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД“

За угледот на водачот на Илинденското востание Борис Сарафов и  за неговата македонска нацио­нална опција  пишувал и еден од најголемите македонски национални дејци Крсте Мисирков, кој притоа  вели:

„Борис Сарафов по потекло е Македонец што целиот свој жи­вот и го посвети во борбата за ослободувањето на Македонија… И не во Турција од турски куршум, ами во престолнината на Бугарија, од предавнички куршум падна тој за слободата на Македонија.

Го убија Сарафов и го заборавија, иако едно време тој се прет­ставуваше како центар на македонското движење против Турците за ослободувањето на Македонија… Но, Борис Сарафов беше идолот на македонскиот народ: и на селаните и на граѓаните.Тој беше прет­­ставникот на македонските идеали во странство, со каква што цел ги посетуваше европските престолнини, разговараше со прет­став­ниците на европскиот печат, и дури ги посетуваше и дипло­мат­ските канцеларии. Б. Сарафов беше идеалниот борец за слобо­дата на Макеоднија.

Сепак, каде е споменот за Б. Сарафов? Зошто веќе не збору­ва­ат за него? Зошто тој толку бргу е заборавен и не се спомнува сред Бугарите со чувство на признателност кон него?

Ботева Бугарите го креваат до небеси, а Б. Сарафов?

Впрочем, Сарафова треба до небеси да го крева Македонија, но каде е таа? Благодарејќи на непријателите на Б. Сарафов, таа е  раз­делена на три дела и поднесува ропство неспоредливо потешко од турското.

Б. Сарафов е убиен физички и морално во престолнината на Бугарија…

Единството и автономијата на Македонија – тоа беше идеалот на Б. Сарафов; заграбувањето на цела Македонија од Бугарија или ба­рем  нејзината поделба помеѓу Бугарија и Србија со присое­ди­ну­ва­ње на поголемиот дел од Македонија кон Бугарија – тоа е идеалот на бугарските националисти. (Подетално кај: Блаже Ристовски: „Крс­те П. Мисирков. Прилог кон проучувањето на развитокот на маке­дон­ската  национална мисла“, Скопје, 1966).          

За Борис Сарафов, како за голем македонски патриот, пишува и гемиџијата Павел Шатев. Тој дури вели дека Сарафов им бил идол на солунските атентатори кој, во споредба со другите револуционери, далеку се извишувал во очите на сите нив. Тој бил и нивниот главен таен финансиер. Шатев го опишува и судирот на Сарафов со Бугар­скиот двор, а пишува и за неговата идеолошка борба против леви­цата, пора­ди која подоцна тој ќе биде неправедно сатанизиран од маке­­донските историчари комунисти во периодот на едноумието.

По сето ова, македонските едноумни историчари, кои го напаѓаа Сарафов, ќе треба да положат сметка за ваквиот свој став. Тие ќе тре­ба да му објаснат на нашиот народ и зошто ја криеја изразената македонска национална дејност на овој голем револуционер? Овие историчари се уште ги застапуваат чудните хипотези во врска со некои историски процеси околу македонската нација, дека наводно един­ствено кому­нистите имале „исправен однос“ кон нашата  нација, а сите други биле наши „непријатели“. За црно-белата комунистичка ис­то­­риографија се беше еднос­тав­но: штом некој бил комунист, тој бил „позитивен“, дури и да не ја приз­навал македонската нација (како што е случајот токму со КПЈ во пр­вите години по нејзиното формирање), а штом некој бил десничар, дури и да ја прифаќал македонската национална свест (како што бил Борис Сарафов) – тој бил ра­мен на цр­­ниот ѓавол.Со ваквите небулози овие „историчари“  само до­ле­ваат бен­зин во оганот на стран­ските пропаганди, кои во суштина го тврдат истото – дека кому­нистите ја „измислиле“македонската наци­ја. 

Инаку, за целосна рехабилитација на Борис Сарафов и за не­го­во сместување во самиот врв на галеријата ликови кои ги славиме од илин­денската епопеја уште од шеесеттите години па наваму, се залагаше нашиот познат историчар академик Блаже Ристовски. Во сво­јата книга („Крсте Мисирков…“ стр. 530-531), Блаже Ристовски, уште во далечната 1966 година за Борис Сарафов го пишува следното:

„Сарафов направи громки изјави пред Европа за националната посебност на Македонците, истакнувајќи ја паролата “Македонија на Македонците” во нејзината најпозитивна смисла… При сето ова Сарафов беше афирмиран во Европа како водач на Македонското востание, се здоби со невидена слава и имаше низа контакти со нај­високи државни и политички претставници на европските земји, при што зборуваше од името на македонскиот народ… Треба да се спомне и фактот што Сарафов (и неговите луѓе) беше првиот заг­реан приврзаник на оддалечувањето на македонскиот револу­цио­не­рен центар од Софија и неговото рамномерно претставување во трите балкански метрополи и во Женева… Во таа смисла тој нап­рави и извесни чекори како во Србија, така и во Европа, а имаше ор­ганизирано и македонски органи во странство што ја издигнуваа не само егидата “Македонија за Македонците”, туку и етнограф­ска­та идеја со македонски литературен јазик“.

Како јавно деклариран Македонец од тие времиња бил и блис­киот пријател на Борис Сарафов тетовчанецот Матеј Геров. Тој пр­вин живеел во Софија, а потоа кусо време и во Белград, каде што во   1903 година често изјавувал дека: “не е ниту Србин, ниту Бугарин, ту­ку Македонец”. Поради ова бил жестоко напаѓан од страна на големо­српските весници „Србин“ и „Маќедонија“ (Белград, 01.04.1904).  

На 27. 11. 1903 година, во организација на Геров и на други маке­донски студенти од Белград, на железничката станица во Белград и во близина на белградскиот хотелот „Париз“ му бил приреден фана­тичен дочек на водачот на Илинденското востание Борис Сарафов. Тука Сарафов пак ја искористил приликата, овојпат пред српските новинари, да изја­ви дека Македонците не се ни Срби, ни Бугари, туку прос­то Македонци.На ваквата негова изјава српскиот весник „Маќедонија“ (Белград, 18.04.1904), одго­ворил:

„Сарафовото создавање Македонци е заблуда… до колку тоа не е политички изговор. Српската младина во никој случај не може да го помага тоа, ниту како српска младина, ниту како југословенска…“   

Donski         

Борис Сарафов – Водач на Илинденското востание кој јавно изјавувал дека Македонците не се ни Бугари ни Срби, туку посебен народ

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top