Историја

Волкот од Македон

volk

volkВолкот од Македон

Во приватната колекција на хералдичарот Дерек Хауард во Брисел, претседателот на Македонското Хералдичко Здружение ја пронаоѓа книгата The Glory of Generositie (Слава на Великодушните), во која го открива приказот на грбот на кралот Македон од Ематија.

Станува збор за книга издадена во Лондон во 1586г., каде авторот не се задржува на објаснување кој е овој крал Македон, ниту пак дава други информации. Само е испишан блазонот (описот) на грбот. Преводот гласи:

Македон, крал на Ематија, носи сребрен исправен волк на црно поле. Мислам дека неговиот грб е поставен на округол штит.

volk2 

Ематија ја претставува територијата околу Солун, Берија, во поширок смисол територијата на Македонија.

извор: Македонско Хералдичко Здружение

За да се надоврземе на горенаведената информација, ќе Ве потсетиме на неколку реда напишани од античкиот автор Diodor Siculus (90-21BC):

18.1 Озирис не беше сам во походот, така оди Египетската приказна, беше придружен од неговите два сина Анубис и Македон, кои што се разликуваат во своите храбрости. И двајцата ги носеле најзабележителните воени симболи, земени од одредени животни чиј што карактер не е како храброста на луѓето, Анубис носел кучешка кожа, а Македон носел предни делови (шепи) од волк. Поради оваа причина, овие две животни биле почитувани од Египјаните. 2 На походот го зел и Пан…

20.3 …син му Македон замина како крал на Македонија, која што беше именувана по него…

…и на нашиот АРхАНГЕЛ:

Немир ноќен
тој ме зема
и ме гони да го следам
ветрот моќен
да го јавнам
да го победам

Мојот брат самотен
војува до прва зора
ноќта да ја испие
за нов и светол ден

Источно е таа сила
ти си тоа сонце, мила
врела , убава и цела
Македонија

Пред себе, брату мој
заколни се на молк
пред нас препознај се 
во Човек и во Волк

Македонската Фаланга пред секој поход имала ритуал ист како славењето на пролетта, со додадени мистични симболики за прочистување на армијата – ритуално се прочистувале преку растргање куче на две половини – претпазливост од раскол (schism). – Доволно симболички за да се “заштитат” од волкот самотник, одметникот од глутницата.

 Напишано од Дедо Варадин, ЛОЗА 2012

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top