Историја

Тауресион родниот град на Јустинијан Први

Justinijan

JustinijanТауресион родниот град на Јустинијан Први

На 20 км југоисточно од центарот на Скопје, во непосредна близина на Зелениково, на местото каде Вардар навлегува во Таорската Клисура, на левата страна на реката се наоѓа селото Таор. Веднаш над селото, од североисточната страна, се издига ритчето Градиште на кое почнува античката тврдина (кастел) Тауресион, родното место на византискиот император и законодавец Јустинијан Први (483 – 565).

Тоа го потврдува византискиот историчар Прокопиј кој пишува: „ ..близу до кастелот наречен Бедеријана, се наоѓа село по име Тауресион, од каде води потекло царот Јустинијан, основач на светското царство. Укрепувајќи го ова место во еден зафат соѕид во четириаголна основа и подигајќи на аглите кули, Тетрапиргија (Четирикулие) стори и го нарече така. Кај тоа село изгради убав град и го нарече Јустинијана Прима и на тој начин, се оддолжи на родното место“.

Србија долго време се обидува да докаже дека Јустинијан Први е роден во митскиот град Јустинијана Прима, која според нив се наоѓа на локалитетот Царичин град, кој се наоѓа 7 км од Лебане и 30 км од Лесковац. Сепак, овие тврдења немаат поткрепа во она што го пишува биграфот на Јустинијан, Прокопиј. Постои фрапантната сличност меѓу имињата на Тауресион и Бедеријана со денешните Бадер и Таор, а „нивните корени се несловенски и изведени веројатно од спомнатите рановизантиски места. Тоа се факти што научно можат да се докажат и веќе се докажувани од познати авторитети-палеолингвисти“ (Иван Микулчиќ „Скопје со околните тврдини“, Скопје, 1982).

Меѓутоа, без разлика на тврдењата на северниот сосед, досегашните археолошки истражувања укажуваат дека Таорскиот кастел можеда биде Тетрапиргија спомната кај Прокопиј. Неговата градба покажува дека тој претставува еден од ретките кастели кај нас кој имал царски приоритет и бил граден со помош на државата. Слични градби од VI век кои имаат чело од 450 се сретнуваат кај акрополата на рановизантискиот град Маркови Кули – Сопиште и кастелот Црквиште – Зелениково, што укажува на истовремена изградба во Скопската котлина.

Всушност, по доаѓањето на власт Јустинијан Први во 527 година, за да ја зајакне одбраната решил да изгради нови или обнови повеќе тврдини разрушени по катастрофалниот земјотрес во 518 година. Марцелинус Комес во својата „Хроника“ вели дека во земјотресот земјата се отворила, проголтала некои населени места и биле разрушени 24 кастели, меѓу кои и Скупи. Оттука, сосема логична е постапката на Јустинијан во рамките на големата фортификациска активност, да му се оддолжи на своето родно место и да изгради репрезентативен кастел.

Основата на Тауресион е четириаголна и зафаќа површина од околу 1 ха само во ѕидиштата, додека целата површина преминува 2 ха. Иако мал по основа Таорскиот кастел има 4 големи кули на аглите кои се јавуваат само кај поголемите утврдувања. Нив прв ги забележал англискиот патеписец Артур Еванс, кој пред стотина години направил скица со основна цел да ја поткрепи Прокопиевата Тетрапиргија (Четирикулие).

Тауресион е откриен многу одамна, но локалитетот сеуште не е целосно истражен. При поновите истражувања констатирани се три слоја на живеење: праисториска ( 3.000 – 2.000 г. п.н.е.); доцно античка населба ( 4 – 6 век од н.е.) и средновековна населба од 9 – 10 век. Сите слоеви имаат богат археолошки наод, но сепак доцноантичкиот период е посебно интересен за нас. Според Прокопиј во него треба да се најдат библиотеки, систем за водовод, градски чешми, плоштади, град кој целиот бил во мермер и убавина.

Досега се познати големи масивни градби, ѕидани од големи камења со цврст малтер. Две јавни градби ги дели широка улица, а една од градбите има отворено предворје, со колонада од столбови на кои се потпирал тремот. Постојат расфрлани столбови и базиси и два капитела. Исто така има остатоци од водовод кој спроведувал вода од античка каптажа до тврдината. Најдени се познати монети на Константин I, Теодосиј I, Јустинијан I и Јустин II, потоа многу ретки римски шлемови, оружје, накит, стаклени садови, рибарски прибори со оглед на блиското Катлановско блато и др.

Самата населба е градена плански и претставува урбанизирана населба. Се гледа дека во неа постоела „царска интервенција“, но сеуште нема показатели дека тука би можел да лежи таинствениот град Јустинијана Прима. Повеќе може да се очекува Тауресион да биде привремено административно-воено седиште се додека не се изгради Јустинијана Прима.

Со оглед на бројните утврдени места кои ја опкружуваат Скопската котлина каде се вкрстуваат сите централни патишта од север и југ, исток и запад, Јустинијана Прима како главна метропола и политичко, воено-административно и црковно седиште би можело да се бара на скопското Кале или во неговата близина (Железара).

Изгледа дека Јустинијана Прима, волшебниот град украсен со аквадукти на води што течат „вечно“, потоа со светилишта, гостилници, тремови, плоштади, кладенци, улици, бањи, пазаришта и многу други величествени градби, никогаш не бил целосно изграден за време на животот на Јустинијан, па затоа неговото име го нема на тогашните мапи. Меѓутоа, описите на Прокопиј најмногу одговараат на Скопското Кале.

Тајната на Јустинијана Прима уште долго ќе го привлекува вниманието на археолозите, а таа сигурно во еден момент порано или покасно ќе се појави на површина и ќе го изненади светот. Но тоа секако ќе биде во близина на родното место на Јустинијан, Тауресион.

Што се однесува до Тауресион, родното место на Јустинијан Први, тој треба целосно да се истражи и комплетно да се реставрира. Само така може да влезе во туристичката понуда на град Скопје и општина Зелениково.

Родното место на Јустинијан би привлекувало не само туристи, туку и бројни продукции кои во Таорскиот кастел, во вистински доцноантички амбиент би сакале да ги снимаат своите играни филмови или серии, со што би се вратила не само целата инвестиција, туку би се вработило и голем дел од локалното население.

Тихомир Каранфилов

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top