Историја

МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД (8 дел)

Donski111

Donski111Александар ДОНСКИ

(Посветено на академик Блаже Ристовски)

МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД (8 дел)

МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ПРОЈАВИ ВО ПОСТИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД

Кога пишуваме за Крсте Мисирков, треба да се има предвид дека  и самиот бил не само член, туку и раководител на ТМОК во Петербург (филијала на ТМОРО во Русија), одржувал непосредни писмени и лични контакти со ЦК на Организацијата во Солун и со ВМОК во Софија, а пред са­мото Илинденско востание учествувал во воената подготовка на ре­во­­луционерите и одржувал блиски контакти и со еден од тројцата во­дачи на востанието Атанас Лозанчев. Мисирков во времето на својот престој во Битола бил близок и со Аце Дорев, кој бил претсе­дател на Окружниот комитет, како и со илинденските револуционери Илија Чокрев и Вангел Сугарев (брат на Ѓорѓи Сугарев).

Во 1903 година поради тоа што во Петроград ја критикувал бу­гарската пропаганда во Македонија, Мисирков бил прогласен за непожелен во бугарските собранија.

Истата судбина ја доживеала и неговата книга „За маке­дон­ц­ките работи“ (објавена во 1903 година), која била напаѓана и во Ср­бија и во Буга­рија. Ова не е ни чудно ако се знае нејзината содр­жина, од која ќе цитираме неколку  извадоци:

„Ние треба да создадеме таква состојба во Македонија што нема да има ниту бугарски, ниту српски, ниту грчки интереси, бидејќи таму нема ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци, туку само Македонци…“

И понатаму:

„Се додека некои Македонци ќе се сметаат како патрија­р­шисти, други како егзархисти; едни како Бугари, други како Срби, трети како Грци и ќе бараат покровителство кај разни балкански држави, давајќи им со тоа право да се бркаат во македонските работи, дотогаш не можат да мислат на едно општо востание, туку ќе бидат само делови со бугарски, српски или грчки, но никако не и со македонски карактер“.

Во 1905 година Мисирков во Русија го објавил списанието „Вар­дар“. Тоа е отпечатено на мошне чист македонски јазик, речиси една­ков со нашиот денешен македонски литературен јазик и правопис. Уш­те со самата негова најава Мисирков бил жестоко нападнат како од Бугарите и бугароманите (меѓу кои предничел поранешниот „лозар“ Никола Наумов), така и од Србите. Се стигнало дури дотаму што на Мисирков му се заканувале и со смртна казна од редовите на бугаро­маните во Организацијата. Единствено Сара­фо­виот весник „Деб’р“ (02.07.1905), сре­де Софија, објавил најава за излегувањето на „Вар­дар“:

„Весникот “Вечерна пошта” соопштува дека во Одеса ќе за­поч­не да излегува македонското списание “Вардар” на македонски јазик, кое се препорачува од истиот весник. Списанието ќе почне да излегува од 1 август, под редакција на К. Мисирков“.

 Инаку, во врска со Бугарија Мисирков ги дал и следните изјави:

 „Како Македонец, јас во Бугарија се чувствувам како во туѓина“.

 И понатаму:

„Нека си мечтае Бугарија за свое проширување. Македон­ците тоа не ги интересира. На Македонците им е потребно повторно обединување и независност. На Македонците не им треба голема Бугарија, туку обединета и слободна Македонија“.

И понатаму:

„Ние Македонците не можеме да се раководиме од укажу­­ва­њата и сфаќањата на софиската интелигенција и од директните ин­тереси на Бугарија.Ние сме Македонци и за нас на прво место сто­јат интересите на Македонија и на Македонците“.(Подетално кај д-р Блаже Ристовски: „Крсте П. Мисирков.Прилог кон проучува­ње­­­то на развитокот на македонската национална мисла“, Скопје, 1966)

Крушевскиот писател и револуционер Никола Киров Мајски (1880-1962) исто така спаѓа во редот на илинденците што се декла­ри­ра­ле како Македонци.

Во 1902 година жесток напис против Бугарската егзархија и про­паганда објавува и членот на ВМОРО Петар Бошнаков од Велес, кој, поради разбирливи причини,се потпишал со псевдонимот „Еден Маке­донец“. И тој во својата статија ја користи синтагмата „маке­дон­ски Бугари“. Меѓутоа, според нејзината содржина е повеќе од  јасно за што станува збор:

„Кој пат да го фатиме и што да правиме за да се откинеме од оваа мрежа што така итро ни ја сплетоа бугарските влади? Како што реков,неопходно е да ја премавнеме и да ја уништиме бугар­ска­та пропаганда во Македонија…(Един Македонец: „Блгарската про­паганда в Македониа и Одринско“, Софиа, 1902, стр. 23)

Во продолжение авторот дава предлози како најлесно може да се осамостои македонското движење во однос на Бугарија.

И овде се поставуваат логичните прашања: Ако Бошнаков и на­вистина бил „Бугарин“, зарем би напишал дека бугарската пропа­ган­да треба да се уништи во Македонија? Зарем би ги посочувал прав­ците како да се изведе сето тоа? Интересно е и тоа што брошурата на Бош­наков против бугарската пропаганда најгласно била рекламирана токму на страниците на весникот на Гоце Делчев „Дело“, и тоа во не­колку броеви едно по друго (цитирам дел од најавата објавена на 11. 02. 1902 година):

„Статиите за бугарската пропаганда во Македонија, од авто­рот  “Еден Македонец”, преработени и дополнети, ќе излезат око­лу 20 овој месец како одделна брошура на 32 страници, голем фор­мат… “

Кога сме кај 1902 година да додадеме дека познатиот бугарски политичар и публицист В. Т. Велчев, анализирајќи го македонскиот национализам и неговиот стремеж да се пројави како јасно издифе­рен­циран од бугарскиот, во својата статија од 21. 12. 1902 година, под наслов  „Македонското прашање“,  запишал:

„Македонската интелигенција во стремежот да си извојува  правдина за својата земја се откажува од бугарштината, како опас­на за неа… Таа интелигенција, воспитана во нашите училишта, пропиена од традициите на бугарската историја, се видела прину­дена јавно да го објави тој национален скандал – македонскиот сепа­ртатизам“.

Инаку, пред Илинденското востание бугарската влада испра­тила окружно писмо до својот трговски агент во Битола против вос­тание­то. Кога трговскиот агент поканил неколкумина видни би­тол­­чани за да им го прочита окружното писмо од својот министер, тие го исмеале и му рекле:

„Ние сме Македонци и за нас не претставуваат ништо сове­тите на некојси бугарски министер!“ (“Свиато Диало”, Ќустендил,  1903, стр. 267).

(ПРОДОЛЖУВА).

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top