
МЕМОРИЈАЛНА НАГРАДА „Д-р МАРИЈА И ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКИ“ за најдобри македонски и дијаспора студенти и млади специјалисти по медицина за 2019 година
На 1 октомври, 2019 година, денот на првиот академски час за почетниците на студии по медицински науки на УГД Штип, подршката за успешните студенти од завршена година студии по медицина е посебно значајна.
Пред напредните студенти кои сериозно се посветиле на своето образование за да се стекнат со натпросечни медицински знаења и организаторски способности, стои иднина исполнета со големи предизвици за нивните следни професионални и лични можности, одлуки и визии за реални успеси во општеството и земјата. Тоа директно ќе има одраз и врз напредокот на медицинската наука и пракса, што треба да значи и подобар живот на нивните пациенти, на народот на кого му пружаат помош за здрав, продуктивен живот. Знаеме, здравото тело и здравиот дух се синхронизираат во творечка, животна енергија.
Среќна сум што ја споделуваме заедничката надеж и определба за доброто на македонското, а со тоа и на меѓународното здравство, медицинска професија и посветеност на идните млади лекари на научни истражувања и на превентивна и куративна дејност. Тоа беше животна желба и на македонско-американската млада писателка и студент по здравствена исхрана во САД, Емилија Кукубајска.
Таа 12 години се бореше за здравје, надевајќи се во напредокот на медицината, во пронаоѓање лек и за лупус и за замена на дијализата.
Нека МЕМОРИЈАЛНАТА НАГРАДА „Д-р МАРИЈА И ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКИ“ за најдобри македонски и дијаспора студенти и млади специјалисти по медицина за 2019 година, биде морален поттик на идните лекари несебично да го даваат своето најдобро за потребите на човештвото, македонскиот народ и луѓето насекаде.
Проф. д-р Марија Емилија Кукубајска-Претседател ЕМАРИ Институт – Штип
Од искажувањето на наградениот студент Александар Лонгуров:
Не можам да го искажам моето задоволство како е да се биде сопственик на меморијалната награда од ЕМАРИ Институтот. Ваквите признанија не мотивираат да ја истакнеме најдобра верзија од себе и се надевам дека и други ќе го следат ваквиот пример. Tака ќе придонесеме за мотивација и за подобрување, не само на здравството, туку на сите состојби во нашата држава. Оваа награда има посебна содржина за мене, ме инспирира и поттикнува за многу поголеми цели во кариерниот развој. Би искажал благодарност до проф. д-р Марија Емилија Кукубајска, Др. Елена Јовева и проф. д-р Милка Здравковска. Ми беше чест и задоволство.
ОД наградениот студент СТЕФАН КОЦЕВ:
Со големо задоволство и уште поголема чест, сакам да се заблагодарам на Професорката Марија Кукубајска, на др. Елена Симеонова Јовева и сите инволвирани и заслужни за реализација на настан од ваков карактер.
Меморијалната награда „Д-р Марија и Емилија Кукубајски“ е награда со длабока суштина олицетворена во чест на Емилија Кукубајска и по повод 40 годишнината од нејзиното раѓање.
И во тоа е тежината на оваа награда – во моралната поддршка која им се пружи на студентите, а која толку многу им е потребна. Благодарност и до Универзитетот “ Гоце Делчев “ – Штип и Факултетот за медицински науки бидејќи тоа е местото на кое ги градиме нашите успеси кои во иднина треба да им служат на нашите пациенти.

Проф. д-р Марија Кукубајска, му ја доделува наградата „МАРИЈА ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКИ“ на студентот Александар Лонгур

Претседателката на ЕМАРИ, проф. д-р Марија Емилија Кукубајска и студентот Стефан Коцев, кој ја прима наградата.
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, со наградените студенти Стефан Коцев и Александар Лонгуров, на приемот во неговиот кабинет.