На прво место

Франција и Германија бараат забрзана интеграција на земјите кандидати во ЕУ

Француско-германски нон-пејпер презентиран на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват предлага постепено вклучување на земјите кандидати во институциите и единствениот европски пазар уште пред полноправното членство.

Франција и Германија предлагаат нов пристап за забрзување на европската интеграција на земјите кандидати, кој би овозможил постепено вклучување во политиките, институциите и единствениот европски пазар на Европската Унија уште пред нивното полноправно членство.

Ова се наведува во француско-германскиот нон-пејпер презентиран на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, а за кој објави порталот Нова.рс.

Во документот, насловен „Нов поттик за проширувањето во пресрет на Самитот ЕУ – Западен Балкан (5 јуни 2026) и Самитот ЕУ – Молдавија (22 јуни 2026)“, се нагласува дека проширувањето останува една од најсилните политички алатки на Европската Унија.

„Но, на политиката на проширување ѝ е потребен нов поттик. Претстојните самити со Западен Балкан и со Молдавија претставуваат можност што не смееме да ја пропуштиме. Нашата заедничка цел е да ја заокружиме Унијата како вистинска Европска Унија“, се наведува во документот.

Според предлогот, Европската комисија треба да подготви мерки за олеснување на постепената интеграција на земјите кандидати, врз основа на нивниот реален напредок во пристапните преговори и исполнувањето на Копенхашките критериуми.

Франција и Германија предлагаат поедноставување на сегашната методологија за проширување, намалување на административните процедури и забрзување на отворањето на преговарачките кластери кога за тоа ќе постојат услови и препорака од Европската комисија.

Во документот се истакнува дека фокусот треба да биде ставен на суштинските реформи и конкретните резултати, наместо на сложените процедурни прашања кои често го забавуваат процесот.

Како дел од новата стратегија се предлага воспоставување на систем на таканаречени „градежни блокови“, преку кои земјите кандидати постепено би се интегрирале во различни области на Унијата. Напредокот би бил поврзан со исполнување на конкретни услови, но и реверзибилен во случај на назадување во реформите или непочитување на основните вредности на ЕУ.

Во документот јасно се нагласува дека полноправното членство останува крајната цел и дека постепената интеграција не претставува замена за членството, туку механизам за негово забрзување.

Меѓу клучните предлози се:

  • Заеднички состаноци на Европската комисија и Европскиот парламент со претставници на земјите кандидати двапати годишно;

  • Почести заеднички парламентарни комитети меѓу Европскиот парламент и националните парламенти;

  • Учество на земјите кандидати како набљудувачи на одредени седници на Европскиот совет и Советот на ЕУ;

  • Вклучување во дел од состаноците на Советот за надворешни работи;

  • Продлабочена соработка во областа на безбедноста и одбраната, вклучувајќи учество во проекти на ПЕСКО и засилена соработка со Фронтекс;

  • Поголемо учество во програмите на ЕУ како „Еразмус+“, „Хоризонт Европа“, „Дигитална Европа“ и „Креативна Европа“;

  • Секторска интеграција во единствениот европски пазар преку СЕПА, иницијативата „Роаминг како дома“, енергетскиот и дигиталниот пазар;

  • Доделување статус на прогресивен набљудувач во институциите на ЕУ;

  • Можност за целосно учество на единствениот европски пазар според моделот ЕЕА+, по исполнување на одредени критериуми и затворање на соодветните преговарачки поглавја.

Предлогот предвидува секој нареден чекор во процесот да биде директно поврзан со исполнување на јасно дефинирани критериуми, со што постепената интеграција би се темелела на принципот на заслуги, реформи и мерлив напредок.

Најново од: На прво место

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

Антимакедонски хушкачи

Главна слика е по избор на мн.мк Симптоматично, ама истава оваа екипа во пауза oд лаење по прославата на независноста ќе ја видите како ги оправдува небулозните и садистички решенија за прекин на мега-аферите Мазут и Модуларната болница, та ќе ги чуете како оваа Власт била антиевропска и изолирана, па нема-нема ќе дадат некој инфантилен […]

ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ, МОЈАТА ЗЕМЈА СЕ ВИКА МАКЕДОНИЈА,… СИЛНА ПОРАКА НА ВЛАДИКАТА ПЕТАР

Јас сум Македонец. Мојата земја се вика Македонија. Мојата Црква се вика Македонска православна црква. Мојата нација е македонска нација. Овие силни зборови, изговорени од Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар на Алфа телевизија, нека одекнат во секој македонски дом – во Република Македонија, Пиринска и Егејска Македонија, во Мала Преспа и Гора, но и далеку од […]

Мицкоски од САД: Антимонот може да ја зголеми стратешката важност на Македонија и економскиот стандард

Премиерот Христијан Мицкоски, за време на посетата на Соединетите Американски Држави, го истакна потенцијалот на антимонот во Македонија, минерал кој има големо стратешко значење, особено за одбранбената индустрија. Според Мицкоски, реализацијата на проектот може да ја зголеми важноста на Македонија како партнер, но и да придонесе за економскиот развој и животниот стандард на граѓаните. „Антимон […]

16-veterani 22

Венко Филипче, чиракот на Заев, со кој го сменија името за провизии, зграда и стан во Дубаи, вели дека Македонија не е на продажба

Венко Филипче, чиракот на Зоран Заев, во обид да глуми патриот, поита да каже дека Македонија не е на продажба. Но, се прашуваме, каде беше Венко Филипче кога неговиот ментор Зоран Заев, со него во Владата, го менуваа името, прифатија ултиматуми од Бугарија и ги распродаваа државните интереси? Одговорот е многу едноставен. Како министер, Филипче […]

Мицкоски со Каролајн Вик од DFC: Разговори за Чебрен и Галиште, инфраструктура, енергетика и американски инвестиции

Мицкоски со Каролајн Вик од DFC: Разговори за Чебрен и Галиште, инфраструктура, енергетика и американски инвестиции Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во рамките на работната посета на Соединетите Американски Држави оствари значајна средба со Каролајн Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународно финансиско […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

35 години се доволни и премногу за ваквата „генеза“ да опстојува на политичката мапа во Македонија

Наум Стоилковски Јубилеи не секогаш повикуваат само убави работи од меморијата, туку микс од преживеаното, па и од она што оставило рана, направило краста, белег, и не оформило во животот како искуство. Полнолетството ми започна летото таа ’91 година, среде кампањата за Референдум, а студентскиот стандард во рамки на криминалната транзиција, што пак како генерација […]

To top