Дијаспора

ДЕБАТА ЗА ПРЕСПАНСКИОТ ПРЕДАВНИЧКИ ДОГОВОР

mak11

mak11

Во Сиднеј дебата за македонското прашање во Техничкиот универзитет (UTS)

На 2 октомври во Техничкиот универзитет во Сиднеј, професорката Др Хелен Ватсикопоулос (која е од македонско потекло) организира средба со Др Костис Карпозилос и Проф. Димитрис Кристопоулос, двајцата автори на книгата „10+1 прашања и одговори за македонското прашање“ – (10+1 Questions and Answers on the Macedonian Question). Целта на средбата, како што најави Др Ватсикополоус, преку промовирање на оваа книга, е да се „корегира дезинформацијата од медијата од двете страни во однос позитивните и негативните страни на Договорот“. На средбата можеа да присуствуваат само поканети лица од македонската и грчката заедница со цел да се одбегне конфликт и можен протест. На поканата пишуваше: Што е во името? Лажни вести и дисинформација на Балканот – Преспанскиот договор. Проф. Кристопоулос не присуствуваше на средбата.

Др Карпазилос, како историчар си го изнесе својот став и мислење, посебно се осврна на позитивните страни на договорот со кој се започнува еден „дијалог меѓу двете земји за подобра иднина“. Потврди дека „отстапки имаше од двете страни“ за да се оди напред, а не да се оди во „минатото кое само може да не врати назад во конфликт, војна и крвопролевање“. За него, античката историја не била „битна“ ниту пак онаа „после распаѓањето на Отомаснката империја“ дека сето тоа „ни го руши просперитетот за подобра идниина“.

Само 24 часа после одлуката на македонската предавничка влада да се прифати уништувачкиот договор, против вољата на Македонците кои јасно го искажаа преку референдумот, Атињаните како бесни кучина се пуштија во офанзива нашето исконско име да го сменат на интернет и во сите можни интернационални и државни установи не само во Европа туку во Америка и Австралија. Се покажа дека со Договорот, Македонците изгубија сé, а Атињаните добија сé. Македонците направија отстапки за сé а Атињаните никакви. Тие си ја задржаја хелинската култура, ја украдоа и присвоија македонската античка историја, а за нас Македонците оставија – ништо. Дури и шахтите со македонското национално знаме требаше да се отстранат, а да не зборуваме за натписите и менување на имињата на аеродромот и институциите. И сега, некој си историчар, пропагира дека не треба да ја бараме историјата оти таа е штедна за нашата иднина (значи нас на Македонците, не ни е потребна) – каков апсурд, а за Атињаните и нивната егзистенција како нација е неопходна! А исто дека треба да „заборавиме“ за окупираната Македонија, за логорите, силувањата, ѕверствата и палењето на цели села и истребувањето на Македонците и на децата избркани, да заборавиме на нацистичкиот терор за непризнавањето на човековите права на Македонците – сето тоа треба да го заборавиме, „ама да одиме напред“ – да одиме како некои слепци напред во бездната што ни се сервира од Атињаните со помош на Европа и празно-главите заевисти. Ете тоа ни го препорачуваше од трибината во Сиднеј Др Карпозилос.

Заев и заевистите не можеа тоа да го разберат кога го потпишуваа договорот ниту пак некогаш ќе го разберат (толку Господ им дарил) колкава голема штета е направена за нашиот идентитет со овој договор. Последиците и товарот на ваквите грешки ние треба да ги носиме, а и нашите следни генерации. Ние кои имаме гордост и некаква човечко чувство секојдневно сме соочени со понижување и малтретирање оти сме свесни дека некој сака да не истреби-уништи. Историјата е стожерот на нацијата. Нација не може да се гради на стаклени нозе или пак на воздух.

Горенаведената книга како и средбата беше да се промовира грчката страна, дали поради тоа што се чувствуваат дека се криви што го држеа македонскиот народ  три децении во заложништво и сега сакаат преку книгата да покажат дека се добри, хумани, демократи и далековиди – каков апсурд! Или да се оправдаат за приграбувањето на македонската историјата, за крадењето на половина Македонија по распаѓањето на Отоманската империјата. Со соседите, а со помош на Англија, Франција и Германија, тие беа креаторите на уништување уникатноста на Македонија. Се зароби и разграби духот на Македонците. Во тие балкански војни и првата светска војна повеќе од 250,000 Македонци го загубија животот, многу повеќе од што изгубија сите тие завојувачки држави заедно.

Средбата измина мирно, поставените прашања од присутните, како од Македонците така и од Грците, беа „политички корекни“ (како што се наложуваше), а оние со кои се прашуваше окупацијата на Македонија и за можно обединување на Македонија како и сугерирањето срамниот и предавнички договор кој само вреди да биде испечатен на тоалетна хартија, беа окарактеризирани како „иредентистички“.

Нема потреба да се коментира повеќе за вредноста на ова еднострано дело – книгата е издадена преку канцеларијата во Атина на Rosa Luxemburg Stifturg во декември 2018. Преводот на англиски јазик е направен преку истата установа, на македонски преку Helsinki Citizens Assembly,  а издавач е Polis Publications (Athens). Издавањето е финансирано од Германското министерство за надворешни работи. Горе над сето тоа авторите се Грци. Па што можеме ние Македонците да очекуваме и да бараме кога Македонците, оние што треба тоа да го прават и да го бранат македонскиот идентитет и страна, лежат во топла постела, спијат на перници полни со евра платени од Европа/Грција и сонуваат како да си ги наполнат стомаците.

DRA

Душан Ристевски-Македон

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top