Историја

Унијата со Римокатоличката црква треба да биде средство за обнова на Охридската архиепископија

Majka Tereza-1-1200x450

Majka Tereza-1-1200x450

Унијата со Римокатоличката црква треба да биде средство за обнова на Охридската архиепископија

Во втората половина на XIX век Македонскиот народ прави огромни напори да ја возобнови укинатата Охридска автокефална црква во 1767 година. Во долгата и тешка борба со грчката Цариградска патријаршија, Македонскиот народ за да се здобие со самостојна црква, не избирал средства.

Во 1859 година населението од Кукуш ги прекинале односите со Цариградската патријаршија и влегле во контакт со Римската црква на која и понудиле под одредени услови да влезат во Унијата. Римокатоличката црква го прифатила условот, верските обреди да се изведуваат на народен јазик, со што се поставиле темелите на унијатството во Македонија. Во периодот од 1860 до 1870 година населението во повеќе македонски градови и села ги прекинале врските со Цариград и формирале посебни црковно-училишни одбори.

Црковно-просветната борба против Царградската патријаршија добила посебен интензитет меѓу населението во Македонија и Бугарија. Османлиската империја за да владее полесно ги користи различните политички интереси на балканските народи. Преку разни интриги во прво време ги спротивставува Македонците и Бугарите од една и Грците од друга страна, а потоа ги разединува Македонскиот и Бугарскиот народ.

Во меѓусебните спротивставувања на балканските народи, најголем добитник е бугарскиот народ кој успева да добие ферман од султанот со кој била формирана одделна бугарска црква на 28 февруари 1870 година. Незадоволен од ваквиот развој на настаните кај Македонскиот народ се создава отпор против бугарската Егзархија, која покажува отворени претензии за доминација врз Македонскиот народ. Бугарската пропаганда не дозволува никаква Македонска самоуправа и Егзархијата се обидувала да се наметне како единствен раководител на црковниот и просветниот живот на Македонскиот народ.

Ваквиот став на Егзархијата ќе предизвика остра реакција на Македонскиот народ. На почетокот на јануари 1874 година шест Македонски општини: Воден, Дојран, Кукуш, Малешево, Струмица и Солун, решиле да се издвојат од Егзархијата и да влезат во Унија со Римокатоличката црква како најсигурно средство за истакнување на својата независност. Ова движење особено се раширило во реонот на Серскиот санџак. Кандидатот за архиереј на новооснованата Мелничко-Серско-Драмско-Неврокопска митрополија, попот Харитон, станал главен носител на оваа активност.

Бугарскиот егзарх загрижен за настаните во овие епархии го испраќа бугарскиот поет и општественик Петко Рачев Славејков да го сопре движењето на Македонците, всушност да го сопре возобнувањето на афтокефалноста на Охридската архиепископија во унија со Римокатоличката црква. Во писмата кои ги испраќа Славејков до бугарскиот егзарх се изнесуваат податоци за стремежите на Македонците за истакнување свој литературен јазик и сопствена Македонска црковна хиерархија.

Според Славејков суштината на оваа антиегзархиска дејност се состои од начинот на решавањето на црковното прашање во полза на Бугарите, отпорот спрема бугарските црковни раководители, наметнување на бугарскиот јазик и отсуство на употребата на Македонскиот јазик во службената комуникација. Опишувајќи ја силата на движењето тој во своите писма ќе напише дека таа е толку голема што за негово задушување е потребно да се повика рускиот амбасадор во Цариград гроф Игнатиев. Еве што всушност пишува Славејков во второто писмо до Бугарскиот егзарх: 

„Пред два дена испратив писмо по доверлив човек, во кое накусо Ви ја опишав положбата во Солун и во Македонија во врска со неразумното движење за обнова на Охридската архиепископија во унија со Римокатоличката црква. По средбата со некои овдешни првенци, разбрав дека веќе насекаде се зборува за еден поширок план, а имено да се создаде унијатска црква во Македонија. 

Според веродостојни извори, се чека само на хиротонијата на дедо Харитон за да се пристапи кон дело. Додека не дојде благослов од Папата за прогласување на унијатска Охридска архиепископија, владиците со своите епархии ќе бидат составен дел на Унијатската црква со седиште во Одрин. Потоа, за охридски архиепископ ќе биде назначен дедо Натанаил, за Пелагониската епархија дедо Панарет, за Дебарската епархија јеромонахот Козма Пречистенски, за Солунската дедо Нил Изворов, за Скопската дедо Доротеј. Другите епархии, за кои уште нема избрани кандидати, привремено ќе се раководат од соседните архиереи. Дедо Нил ќе остане за владика во Солун, Кукуш и Воден. Отец Харитон, откако ќе биде ракоположен, ќе стане владика во Серско и Мелничко. Дедо Дионисиј, како архимандрит, привремено ќе ја управува Струмичката епархија. 

Имам личен впечаток, Ваше Блаженство, дека никој тука не моли за вистинска унија со Римокатоличката црква. Таа треба да биде средство за обнова на Охридската архиепископија. Ова го чувствуваат и католичките средини и затоа немаат голема доверба во луѓето со кои преговараат. Затоа сметам дека не е доцна да се дејствува, да се премавне незадоволството, кое понатаму може да се надвладее. Поопасно е унијатското движење во оние места каде што и порано од слични причини доаѓаше до Унија. Предводи Кукуш, по него иде Дојран, сочувствуваат Струмица, Малешево и Воден. По нив клинкаат солунските, серските, мелничките и драмските села. Навистина таму нема силни раздвижувања на унијатската пропаганда, но таму каде што чади, ќе има и оган. Се очекува за епископ Нил издавање на берат, па огнот да пламне. Веднаш Полјанската епархија ќе премине во Унија, кон неа ќе се присоединат Струмичката и Воденската епархија, а и многу села од Солунската, Драмската и Серската и други епархии. Секако ќе се занишаат и другите Македонски епархии, најнапред Велешката, по Скопската и другите. 

Велешката епархија и така е незадоволна од својот владика Дамаскин, а притоа велешани, подбудени од властољубие, и сметаат дека тие треба да ја управуваат јужна Македонија во црковен поглед. 

Причината за ваквата ситуација во цела Македонија е наполно јасна. Македонските епархии и градовите што веќе ги спомнав се мошне огорчени од тешката црковно-народна положба во која се наоѓаат. За ширењето на идејата за обнова на Охридската архиепископија врз унијатска основа помагаат и француските и австриските конзули, кои ветуваат полна заштита пред турските власти и пред гонењата од Цариградската патријаршија. Индиректно, за ширењето на Унијата во Македонија помагаат и Грците, кои очекуваат преку Унијата да ослабне Егзархијата и да побараат сојуз на ликвидирање на католичката пропаганда во Македонија. Ова го заклучувам од водените разговори со грчкиот конзул во Солун. Тој ни најмалку не е загрижен од опасноста за ширењето на Унијата во Македонија. Напротив, Грција бара опора за својата стопанска и национална дејност во Македонија. Според мислењето на грчкиот конзул, овој дел на народот, кој не ќе ја прими Унијата, разочаран од Егзархијата, ќе остане под јурисдикција на Патријаршијата. 

Агентите и приврзаниците на Унијата во разговорот што го водев не случајно споменуваат дека само преку Унијата може да се постигне разрешување на „македонското прашање”. За да ги искористат докрај нерасположението и огорченоста на народот против Егзархијата, тие ги засилуваат обвинувањата против Егзархијата. Тие зборуваат за македонското прашање врз црковна основа, но истовремено ги потхрануваат старите сепаратистички тенденции кај Македонците, преку Унијата да се создаде една нова етничка област, во духот на Митхад-пашините кроежи. Како што во 1860 година римокатоличите агенти за Унијата беа изработиле културно-национална програма за ослободувањето на бугарскиот народ од Патријаршијата, така и сега тие се јавуваат со определена програма за духовно-национално ослободување на македонските епархии преку Унијата. Веќе и во комуникациониот јазик на Македонските дејци се зборува за „македонското движење”, под кое треба да се разбира независно национално и црковно ослободување. Треба да посочам поцврсто, Ваше Блаженство, дека тука има еден момент од важен политички карактер, сепаратизмот се шири од црковна на поширока народносна основа… 

… Завршувајќи го моето излагање, уште еднаш му напомнувам на Вашето Блаженство да поработите кај Неговото високо превосходителство гроф Игнатиев да ја посети Македонија и со своето лично присуство да ги поуспокои духовите…

(“Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“ Том I, Скопје,1981,стр. 221-222)

На 1 март 1874 година, Игнатиев го посетил Солун и се сретнал со раководителите на унијатското движење. Резултатите од состаноците на рускиот амбасадор не изостанале и наскоро движењето почнало да опаѓа. Со тоа пропаднал уште еден обид на Македонскиот народ да ја возобнови афтокефалната Охридска архиепископија и да го разреши македонското прашање. 

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top