Историја

ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БАРА МЕЃУНАРОДНА И ЕВРОПСКА ОДБРАНА НА МАКЕДОНСКАТА РЕПУБЛИКА- 1990 г.

Dragan

DraganДраган Богдановски

Југославија се наоѓа пред распаѓање,”Болниот на Балканот” ја испушта својата грешна душа, ја предава на ѓаволот за да ја однесе в пекол, каде што и е местото, зашто и самата беше пекол додека беше жива. Простувајќи се од неа, ние нема да и го’кажеме традиционалното рисјанско “Бог да ја прости” зашто таа беше крвјосана вештерка што се хранеше од човечка крв, ние можеме само да плукнеме врз нејзината мрша и да речеме: “Оди ќај гаволите и никогаш повеќе да не се повам-пириш!”

Врз гробот на Југославија ке плачат само српските хегемонисти и по некој јаничар на српскиот империјализам во Македонија на кој неславната покојничка му обезбедуваше раскош и разврат.

Смртно оболената Југославија не може да ја спаси ни вревата што ја крева српскиот хегемонизам како еден вид молитва за нејзино оздравување. Таа молитва, таа литанија што така гласно и така бучно ја пеат српските хегемонисти се состои од старите и излитените пароли за “братството и единството”, за “заедничката судбина”, за “мирот” итн.Сето тоа е старата песна на српскиот империјализам во која се огледува фарисејството и двиличноста на српските хегемонисти кои од една страна зборуваат за братство и единство а од друга ја повикуваат армијата да ја пролее крвта на хрватскиот и слевенечкиот народ затоа што се осмелиле да бараат слобода и независност.

Србите имаат зошто да ја жалат Југославија, таа за нив беше вистинска мајка, додека за другите народи беше зла макеа.

И додека српските хегемонисти грозница ги тресе од хистерија пред самата помисла дека ќе ја изгубат својата мајка-хранителка, дотогаш Хрватите и Словенците станаа се побескомпромисни во своето барање за отцепување од Југославија и цврсто се решени да му се спротивстават на српскиот комунизам ако затреба и со оружје в рака.Тие купија оружје во странство и со тоа покажаа дека се спремни да се борат и против југословенската армија, тоа орудие на српскиот инперијализам.За својата праведна борба Хрватите и Словенците ја стекнаа симпатијата на сиот

демократски свет, кој интервенираше во нивва полза, прехегемонисти дупредувајки ги српскитердека демократскиот свет нема да

дозволи Југословенската армија да ја згази под гусениците на своите тенкови демократијата и националната независнот на Хрватска и Словенија. Демократскиот  свет го прифака распагаљето на Југославија како единствено разумно решение и е спремен материјално да го помогне тоа распаѓање нудејки неколку милијарди долари за да се плати хрватскиот и словенечкиот дел од општиот долг на Југославија на странство.

Од своја страна, двете суверени држави Хрватска и Словенија, гледајки ја опасноста што им се заканува со интервенција на српската “југословенска армија”, потпишаа спогодба за заедничка одбрана,неа ја потпишаа министрите на одбраната и за внатрешните работи на двете суверени држави. Овој сојуз најубаво покажува дека југословенската федерација повеке не постои, дека таа е мртва и дека нејзиното тотално распагање е само прашање на време.Мегународната дипломатија е спремна распаѓањето на Југославија да го признае дефакто и дејуре.

Сега, пред самото распаѓање на Југославија ние Македонците треба да се прашаме што да правиме? Кој пат треба да го фатиме? Нема никакво сомневање дека распагањето на Југославија ќе биде судбоносно за Македонската  Републука. Од нас Македонците ке зависи дали таа судбопост ке  биде во полза или во наша штета. За да биде во наша полза ние треба навреме да ги преземеме сите мерки што се потребни

да спречиме при распаѓањето Србите да ја окупиррат Македонската Република и пак да ја прогласат за “Јужна Србија”. Оти постои таква опасност му е јасно на секој  Македонец кој знае трезвено да мисли. Српскиот империјализам и во најголемата еуфорија на “братството и единството”, на лажната рамноправност, не се откажаа од големосрпските  претензии врза Македонија. Српската православна црква не  само што не ја призна автокефалноста на Македонската православна црква, туку не ја призна и националната индивидуалност на македонскиот народ, а на Македонија секогаш гледаше како на српска земја.Гопемосрпски претензии врз  Македонија постојано покажуваа и српските академици и други  интелектуалци. Старите српски империјалистички апетити во однос на Македонија ги распали возобновеното четничко движење на Вук Драшковиќ и Војислав Шешељ, но таков големосрпски апетит покажува и лидерот на српските комунисти Слободан Милошевиќ кој изјави дека во случајот Југославија да се распадне Србија ке го постави прашањето за границите.Нема никакво сомневање тој сотоа на прво место мисли на Македонија. Постои реална опасност при распагањето на Југославија Србите со нивната “Југословенска” армија да ја окупираат Македовија и да ја прогласат за “Јужна Србија”:

Што треба ние Македонците да сторнме за да спречиме српската воена сила да ја уништи нашата државност и од вас пак да направи српско робје?

Ние уште сега треба да бараме од обединетите Нации и од Европската заедница да испратат воени единици во Македонската Република како гаранцијаза спречување на едва крвава граганска војна и за обезбедувањето на територијалниот интегритет и националната сувереност на Македонската Република. Такво барање веке подносеа пред  меѓународните форуми Хрватска и Словенија.Македовија има уште  поголема причиаа да бара заштита на своета сувереност од  воевите сили на Обединетите Нации и од Европската заедница.Потребно е уште сега, додека не биде предоцна,   Македонскиот парламент и македонската влада да се обрнат до Комитетот за безбедност на Обединетите Нации и до Европскиот парламент во Стразбург со едно експозе за опасноста која и се заканува на Македонската Република од српскиот империјализам при распагањето на Југославија, и со молба овие две најкомпетентни меѓународни институции да испратат воени единици во Македонската Република за да ја обезбедат слободата на македонскиот народ и сувереноста на неговата држава.

За жал, сегашите комунистички властодршци во Македонската Република или се слепи или се оставиле да ги влече водата на нихилизмот заедно со Републиката во бездна, па не сакаат да ја согледаат опасноста од српскиот империјализам. Наместо да постапат како Хрватите и Словенците да бараат во Републиката да бидат испратени единици на Обединетите Нации и на Обединета Европа, тие даваат изјави (Глигоров и Тупурковски) дека Македонија е за федерација. Навистина, друго и не може да се очекува одовие стари предавници.

Во сегашната политичка положба на Републиката само народните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ можат да дадат предлог  во Собранието на Македонија да се бара доаѓање на воени единици од Обединетите Нации и од Обединета Европа за спречувањето на воената агресија со која на Македонската Република и се заканува српскиот империјализам.Да се надеваме  дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја исполнат оваа засега најважна задача за спасот на Македонската Република. Да се надеваме дека и комунистичките слепци ќе прегледаат, па интересите на нацијата ке ги стават испред своите лични интереси. Од Киро Глигоров и од Васил Тупурковски, Македонија бара во овој за неа судбоносен час да застанат на   страната на својата македонска нација. Нели го сторат тоа тие самите ке се запишат во списокот на предавниците на македонската нација.

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top