Дијаспора

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (5)

isfond1

isfond1

ИЗЛАГАЊА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ И ЖИВКО ВАСИЛЕВСКИ

Америка беше твојот завет

животот, тој суров меч

тебе таму те прати

но родината пак те врати

за на век

Васил Грежлов

Во своето излагање доблесниот донатор и истакнат иселеник Атанас Близнак рече: Нија верните и честни Македонци во Америка и Канада се боревме и ошче се бориме против фалшивите клевети и пропаганди на ренегатите и измениците на македонското национално, ослободително дело, кои ренегати со свои лични амбиции и интереси работат за интересите на чуждите шовинистически пропаганди и интереси, против интересите на македонскиот народ.

Драги братја и сестри Македонци, целиот мој живот јас го посветив на македонското национално ослободително движење, и во националните и политически борби на нашите народи. За да б’да таков ме правеа стремежите и идеалите на нашиот македонски народ, тешкиот робски живот кој и јас го чувствував, дека и јас заедно сос тој народ се родив и пораснав под тешкото национално робство, дека и јас заедно сос тој народ чувствував маките и страданиата; дека и јас се борев и мечтаев за слободата и правдата на македонскиот народ. Тоа ме правеше да го имам при срце мојот македонски народ. 

Ас сум шчаслив, дека доживеав за да вида македонскиот народ во тој дел на Македонија, да се радва на слобода и независност, да гради и создава своја народна историја, своја народна култура и прогрес, и да говори на убавиот македонски литературен јазик.

Драги братја и сестри Македонци, на таја прослава јас дојдов тука, да предам на мојот народ свичко којто јас со труд и достојанство можев да го спечала през мојот живот. Денес на таа прослава, нија турваме основите на Фондацијата при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, која Фондација ќе служи за да помага на студенти кои имаат желание и волја да учат, а немат можност, немат средства да се подржават.

Мили студенти, мојот скромен подарок не е голема помош, туку моите мисли и намерение, моите добри чувства кон нашиот мил македонски народ, нека да се вд’хнат во вашите души и срца, нека да се вд’нат и во душите и срцата на целиот македонски народ, да и вија како мене мислите и работате за општото добро на нашиот народ, само тогава ќе има љубов и единство между нашиот народ, само така ќе има оште поголем прогрес и напредок.

isfond2 

Атанас и Славка Близнакови на формираљњто на Фондацијата

Мили студенти, иднината на македонската народна република, иднината на нашиот македонски народ, главно, зависи од вас – вие сте кои ќе го држите кормилото на прогресот и на напредокот на нашиот народ; мојот завет кон вас е да вија винаги мислите, а така да мисли и целиот македонски народ, шчо нија ќе можеме да направиме за обштото добро на нашиот македонски народ, шчо добро ќе можими да направиме за македонската народна република, а не да очекуваме шчо ќе направи македонската република за нас.

Драги Македонци, нашиот народ сос векови се борел за слободата и правдата на нашите народи, многу от тија Македонци дадое свичко шчо  имае, дадое и својот живот, затова драги братја Македонци, и нија треба да работаме и да помагаме за подобар прогрес и напредок во Република Македонија, така нија ќе исполниме заветите на нашите постари поколенија, така нија ќе подржаме стремежите и идеалите на нашите дедовци и татковци, на нашите братја и сестри, кои заедно сос нашите братја југословенските народи пролее својата крв, дадое својот живот за слободата и правдата на своите народи во Југославија.

Моите најголеми желби се да таа фондација б’ди подржана и од други македонски добродетели како мене, таа   Фондација да б’ди поддржана от нашите колективни претпријатија и задруги, за да можи Фондацијата да има поголем прогрес и напредок, ќе биде во полза на нашиот македонски народ.

Сос тоа јас завршувам драги братја и сестри и ви пожелувам свичко најубаво”, рече Атанас Близнаков.

Искажувајќи ја благодарноста од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” на донаторот, ректорот на Универзитетот, проф. д-р Бранко Трпеновски, истакна дека сите вработени во оваа институција ќе се залагаат Фондацијата да ги реализира своите високи цели и да го најде вистинското место во високошколското образование.

Од името на Матицата на иселениците од Македонија, пак, претседателот Живко Василевски, истакнувајќи го вонредното значење на Фондацијата, меѓу другото, рече дека денес присуствуваме на еден свечен чин, кога првпат се формира фондација за помагање на талентирани студенти, под името „Атанас Близнакоф”.

Понатаму Живко Василевски изнесувајќи подробности од биографијата на сонародникот Близнаков го истакна неговото интересирање за слобдниот дел на Македонија, неговите посети заедно со својата сопруга Славка во 1958 година, во 1968 година и сега кога дефинитивно решиле да станат жители на главниот град на СР Македонија, Скопје.

„Атанас Близнаков –подвлече претседателот на Матицата, Василевски– беше опседнат од мислата да направи нешто со кое ќе може да ѝ биде уште пополезен на татковината и  на својот македонски народ. Така се роди иницијативата за основање на Фондацијата за помагање талентирани студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, која денес и се инаугурира.”

Од името на младината на Универзитетот, пак, Одлуката за формирање на Фондацијата ја поздрави студентката Јелена Димитријевиќ.

Откако беше образложена содржината на Одлуката, членовите на Советот го прифатија овој значаен документ за Фондацијата кој гласи:

Врз основа на член 36 од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Универзитетскиот совет, на 148-та седница одржана на ден 18.04.1977 година донесе Одлука за основање Фондација ,,Атанас Близнаков” на Универзитетот во Скопје;

            – сонародникот Атанас Близнаков од Гери – Индијана, САД, сега живее во скопје, изразувајќи ја поврзаноста и љубовта кон својата татковина и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со последното завештение и тестамент остава средства за основање фондација за стипендирање на студенти кои покажуваат особени резултати во студиите;

            – до стапувањето на сила на тестаментот и последното завештение на Атанас Близнаков, висината на средствата ќе ги одредува именуваниот;

            – со средствата на Фондацијата ќе управува и политиката на инвестирањето ќе ја контролира Советот на фондацијата, кој го сочинуваат тројца постојани членови и тоа: Атанас Близнаков, Димче Стојанов – Мире и Томе Буклески – Маќули, како и 4 изборни членови именувани од Универзитетскиот совет со мандат од 2 години;

            – сите членови на Советот на фондацијата ќе работат без надоместок;

isfond3 isfond4 

Матицата на иселениците од Македонија / Универзитетот  „Св. Кирил и Методиј“

– На Фондацијата можат да ѝ пристапуваат и други физички и правни лица од земјата и од странство;

– правата и обврските на новит членови на Фондацијата ќе се регулираат со актот за прифаќање на нивното членство.

Врз основа на оваа Одлука и последното завештение и тестаментот на Атанас Близнаков, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје треба да изготви Правилник на Фондацијата „Атанас Близнаков”.

Свечената инаугурација на новоформираната Фондација заврши со свечен коктел што за сонародникот Атанас Близнаков, неговата сопруга Славка и за многубројните присутни гости и членови на Универзитетскиот совет го приреди Универзитетот.

Во врска со Фондацијата „Атанас Близнаков” на 22.IX.1978 година, е составен записник пред Општинскиот суд Скопје II– Скопје, а е заверен под Р. бр. 123/78, т.е. составен по барање на Атанас Близнаков, од Гери, Индијана, САД, сега жител на град Скопје – СР Македонија, државјанин на Соединетите Американски Држави, по народност Македонец, за во судот да предаде тестамент на чување.

Идентитетот на завештателот Атанас Близнаков е утврден преку патната исправа – пасош на име Атанас Близнаков под број 02439565, издаден во град Чикаго – САД на ден 4 октомври 1976 година. Тој во судот предаде писмен тестамент составен пред сведоци, при што судот констатира дека писмениот тестамент е предаден отворен. Содржината внесена во тестаментот е пишувана на машина на 6-шест страни бела машинска хартија, а напишана на македонски јазик.

Исто така, од страна на завештателот е предаден истоветен примерок од тестаментот, составен пред сведоци, а содржината во овој примерок на тестаментот на 5-пет страници на бела машинска хартија е напишана на англиски јазик.

Тестаментот своерачно пред судот е потпишан од страна на завештателот и од страна на присутните сведоци при неговото составување.

Идентитетот на сведоците присутни при составување на тестаментот од страна на судот е утврден и тоа: На сведокот Димче Стојанов – Мире преку лична карта Рег. бр. 13742/74 издадена од СВР Скопје, на сведокот проф. д-р Иво Пухан, преку лична карта Рег. бр. 121950/68 издадена од СВР Скопје и на сведокот Трајан Бендевски, преку лична карта Рег. бр. 107197/67 издадена од СВР Скопје.

Тестаментот составен пред сведоци на македонски јазик и истоветниот примерок од тестаментот составен на англиски јазик, кој е доверен на чување на Општинскио суд Скопје И – Скопје, е примен лично од завештателот Атанас Близнаков, ставен во посебна обвивка и потоа запечатен со тркалест печат на Општинскиот суд Скопје I – Скопје.

На тој начин тестаментот во писмена форма составен пред сведоци на македонски јазик и истоветниот тестамент составен на англиски јазик е предаден во Општинскиот суд Скопје И доверен на чување во истиот суд.

Продолжува

B3

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top