Историја

Битола како Верден – прогласен за град страдалник за време на Првата светска војна

Bitola prva svetska vojna

Bitola  prva svetska vojna

Битола како Верден – прогласен за град страдалник за време на Првата светска војна

На 18 февруари 1916 година, откако ја изгубиле котата 1212, која доминирала со регионот на Суводол,  бугарската команда донела одлука да се повлече од Битола и војската да ги заземе позициите во околината на градот, особено на Пелистер. Експлозиите и огновите кои доаѓале вечерта на 18 и 19-ти од правец на Битола биле знак дека бугарските и германските војници ги уништуваат магацините и дека се повлекуваат. По неколкучасовно безвластие, следното  утро околу 8 часот, француска коњичка единица влегла во градот. Од тој ден започнува голготата на битолските граѓани. Во бомбардирањето на градот, од страна на Централните сили, загинале повеќе од 4.000 цивили, претежно жени и деца. По војната, Битола како и Вердан, бил прогласен за град страдалник и одликуван со орденот Воен крст на Република Франција.

Француската војска и холандските лекари беа живи сведоци на страдањата и хоророт низ кој помина македонскиот народ за време на Првата светска војна, особено жителите на Битола. Тоа е нотирано во нивните извештаи до своите влади. Меѓутоа, овие извештаи не помогнаа ниту за време на Париската мировна конференција во 1919 година, кога беше санкционирана поделбата на Македонија извршена во Букурешт во 1913 година, ниту пак сега помага. Имано Франција и Холандија беа земјите на ЕУ кои беа притив проширувањето на унијата, односно против отпочнувањето на преговори за членство на Македонија во ЕУ.  Зарем е потребно уште жртви да поднесет Македонците за да бидат примени во европскиот клуб.

За време на Првата светска војна, Македонија била окупирана прво од Бугарија во 1915 година, а потоа во 1916 година ослободена од сојузничките сили (француски и српски единици). Втората бугарска армија влегла во Битола на 21 ноември 1915 година, а година дена потоа на 18 – ти го напуштила градот. Хоророт во Битола започнува по повлекувањето на бугарската армија во околината на градот од каде потоа нивната артилерија ја бомбардирала Битола.

Во овие бомбардирања кои траеа речиси секој ден од крајот на ноември 1916  година па до крајот на војната Битола бил бомбардиран со гранати со голем калибар  кои предизвикувале голема материјална штета, како и со бомби со отровен гас. Во периодот од 20 ноември  1916 година до 31 декември 1917 година  бројката достигнала над 13.000 гранти. Биле користени експлозивни, запаливи и гранати со боев отров.

Битола како втор град по големина во Македонија, после Солун, претрпел огромни човечки и материјални загуби. Според податоците објавени во книгата „Битола- најбалканскиот град во Првата светска војна“, во текот на Првата светска војна во Битола биле убиени 4224 цивили, претежно жени и деца. Имало 545 ранети, 647 згради и 216 куќи станале рушевини, 696 згради и 119 куќи биле оштетени, 845 запалени.

Во овој период, лекар од Холандија Хенри ван Дајк заедно со шест медицински сестри му помогал на цивилното население во Битола.  Иако Холендија била неутрална земја во војната, холандската медицинска мисија била во Битола во периодот од крајот на 1916 до мај 1917, кога градот речиси континуирано бил бомбардиран. Најголемото  зло биле бомбите со отровен гас, од кои во еден ден биле убиени над 300 жители на градот, а само неколкумина војници.

Во пролетта 1917 година започнува најтешкиот и најкрвавиот период за Битола во историјата. Во текот на истата година извршени се серија бомбардирања со бојни отрови и разурнувачки гранати при што се загинати и осакатени бројни битолчани, а градот е разурнат.  Многумина Битолчани умираат во страшни маки од дејството на бојните отрови.  На 7 март 1917 година за време на едно бомбардирање починала и хуманитарката Кетрин Харлеј од Велика Британија, која исто така го лекувала цивилното население. Била сестра на Џон Френч, командант на британските сили во Франција и Белгија за време на војната (вице крал на Индија).

По Првата светска војна населението на поранешниот конзулски град Битола било намалено. По Букурешт 1913 година, каде е поделена Македонија, Битола како пограничен град го изгубил значењето кое го имал пред Балканските и Првата светска војна. Опоравувањето на градот одело тешко. До ден денешен се чуствуваат последиците од Првата светска војна. Сеуште се наоѓаат гранати од Првата светска војна во Битола и околината.

По осамостојувањето на Македонија, градот повторно се соочува со иселување на населението. Лошите економски политики, грчките блокади и попречувањето Македонија да стане членка во ЕУ, ги тераат младите луѓе својата среќа да ја бараат надвор од родното огниште.

Ако за време на Првата светска војна градот Битола страдаше од гранатите на Централните сили, денес Македонија страда од лошите одлуки на членките на ЕУ. Франција доволно гледаше како страда македонскиот народ. Сега е време да и овозможи на  Македонија да стане дел од евртопските земји и да да престане агонијата на македонскиот народ во кој е втурнат не по своја вина.

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top