Дијаспора

РАДА ВИДИНОВСКА ОД ТОРОНТО И НЕЈЗИНАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА ПОЕЗИЈАТА (4)

kulturaz1

kulturaz1

КУЛТУРНИ ЗНАМЕНИТОСТИ ВОЖИВОЈНО 

Од културните и природните знаменитости во селото, покрај значајното место што им припаѓа на: црквата „Вознесение Христово“ (Свети Спас) – главната селска црква и манастирската црква „Свети Илија“, посебно место имаат бројните археолошките локалитети

За културните знаменитости во селото Живојно учителот Ѓорѓи Лазаревски ќе го напише следното: „Во еден убав пролетен ден, во 2005 година, заминав во селото Живојно за да го посетам храмот, посветен на свети Спас (Вознесение Христово). Славата на селото  е на 20 мај. На влезот во Живојно ме пречека генералот во пензија Панде Петровски кој пензионерските денови ги минуваше во своето родно место обземен од мирот и тишината, спокојот и убавината во атарот на селото.

Детството и раната младост ја поминавме овде на овие простори учејќи од прво до четврто одделение тој во Живојно, јас во Бач, а наредните школски години до осмо одделение во Основното училиште „Коста Лазаревски“, а подоцна преименувано во „Мирче Ацев“ во село Бач. Се упативме кон Црквата, а со нас го зедовме и епитропот Стојан Митревски.

Храмот е преуреден и обновен како што доликува на вредни домакини-христијани. Фреските потекнуваат од 1885 година, кога е граден патријаршискиот  храм во Бач, односно и двата храма се градени во исто време, и во Бач и во Живојно.

Во минатото, во овој храм се молеле, крштевале и венчавале не само жителите на ова село, туку и на многу други моштенски села. Во Матичната книга на родени за село Живојно, за периодот 1850–1919 година се регистрирани бројни новороденчиња како од ова село, така и од селата: Попадија, Совиќ, Крушоради, Сетина и од Добровени. Некои, пак, од други причини, родени во  село Живојно се крстени во црквата „Света Богородица“ во село Сетина.

kulturaz2

Собор во Живојно

Со текот на времето, храмот бил уредуван, надополнуван со нови икони во зависност од времето и потребите.

Во храмот стои икона на свети Сава, најверојатно подарок од српското време по Балканските војни. Каде и каква била камбаната не знаеше никој да ни каже, но постојната камбана потекнува од 1913 година со натпис: „За слободата на Македонија“.

Но,  според зборовите на учителот Ѓорѓи Лазаревски, во 2016 година, селото беше полупразно и немаше кој да се моли, ниту кој да се крсти. Во обновениот храм во последниве години (т.е. првите години од XXI век) ниту некој крстил новороденче, ниту некој се венчал. Храмот служи само за погребување на преостанатите жители од селото.

Ѓорѓи Лазаревски ни пренесе дека генералот Панде Петровски, вљубеник во родното му село Живојно, му го покажал и местото каде било првото училиште  во кое учел неговиот дедо заедно со другите врсници. Тоа се наоѓало во близина на помошната црковна просторија. Како остаток има само дел од ѕидовите и отворот за прозорците. Наставата била на грчки јазик, а неа ја изведувал селскиот свештеник.

Над селото Живојно се наоѓа манастирот „Свети Илија“. Според кажувањето на Панде Петровски, а и според археолошките наоди овде има гробови, што упатуваат на заклучокот дека можно е порано тука да имало црква со помали димензии. Постојниот манастир е граден од понов датум, но најверојатно на свето место. Генералот Панде Петровски со сета душа и срце му се посветил на своето родно Живојно и заедно со жителите на селото се потрудиле да изградат бројни објекти за подобар живот во него.

Покрај христијаните кои со векови живееле на своите огништа, кон крајот на XVIII век, во селото Живојно се доселиле Турци – коњари. Турците се населиле во долниот (рамничарскиот) дел на селото. За своите верски потреби, Турците изградиле џамија која постои и денес, но истата е во руинирана состојба. Времето на градење на џамијата не е познато. Она што успеав да откријам е дека последните 9 турски семејства од Живојно се иселиле во 1948 година и се населиле во село Гермијан“, завршува учителот Ѓорѓи Лазаревски.

kulturaz3

Црквата „Св. Ѓорѓи“

Инаку, од културните и природните знаменитости во селото, покрај значајното место што им припаѓа на: црквата „Вознесение Христово“ (Свети Спас) – главната селска црква и манастирската црква „Свети Илија“, посебно место имаат археолошките локалитети: Бел Камен – некропола од железно време; Влаку – населба од неолитско време; Градиште – населба од раноантичко, доцноантичко време и среден век; Дабица – населба од неолитско време; Кералот – некропола од римско време; Свети Илија – осамен наод од римско време и Саат Тумба – некропола од римско време. Станува збор за многу богати наоди кои  го вбројуваат ова место  во мапата на значајни  оставнини  од времето  минато и цивилизациските и други  богатства.

Свети Илија е археолошки локалитет во Живојно, што претставува осамен наод од римско време. Се наоѓа во дворот на манастирската црква „Свети Илија“, каде од јужната страна пред црквата се наоѓа мермерен споменик во вид на касета, орнаментиран со акантова розета, сместена во рамка со форма на ромб.

Бел Камен, или како што локалното население го викаат Бели Каменови, е археолошки локалитет кој претставува некропола од железно време. Случајно е откриен во 1956 година, кога локален жител во својата нива откопал две гробници. Нивата се наоѓа на една пространа падина која постепено се спушта кон малата река Здравица, а е оддалечена 1,5 километар јужно од селото и е недалеку од границата со Грција. Истата година е извршено заштитно ископување при што е откриен уште еден гроб со прилози од керамички садови, копје и нож од железо и накит од бронза, чии наоди денес се во Музејот на Македонија во Скопје

И Градиште е археолошки локалитет во Живојно кој претставува  населба од раноантичко, доцноантичко време и среден век. Се наоѓа на 1,5 километар југоисточно од селото, на доминантниот рид Забрдо, каде има зарамнето плато, со простор од 2 хектара, оградено со одбранбен ѕид. На површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал. Најдени се и монети од времето на Јустин I, Јустинијан I и постари. Во средниот век Градиште било повторно населено.

Од почетоците до крајот на античката епоха на Градиште егзистирала укрепена населба, што е потврдено со бројни движни наоди од населбени слоеви, како и со пронајдени десетина некрополи од одделни временски периоди околу неа. Во периодот на доцната антика било изградено цврсто обѕидие со малтер; бројни монети завршуваат со доцниот VI век. Очигледно е дека населението живеело од експлоатацијата на железна руда, која тука била лесно топена благодарејќи му на јагленот (површински копови)..

Доцноантичкото обѕидие било несомнено добро запазено и во раниот среден век и во неговите рамки живеела средновековна населба. Истата е потврдена со керамика од тоа време како и со бројни византиски монети од XI до XIII век.

И „Влаку“ претставува археолошки локалитет во  село Живојно. Локалитетот претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на зарамнетата тераса, оддалечена 1 километар јужно од селото, која косо се спушта кон северната страна, каде се среќаваат фрагменти од керамички садови. Во 1972 година било извршено пробно сондажно ископување. По површината има повеќе вдлабнувања настанати од пропаѓање на земјата поради присуство на рударски окна за копање на јаглен. Наодите се наоѓаат во Заводот и музеј во Битола.

Исто така, и археолошките локалитети „Кералот“ и „Саат Тумба“ во битолското село Живојно, претставуваат некрополи од римско време.

Продолжува

 B3

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top