Дијаспора

РАДА ВИДИНОВСКА И НЕЈЗИНАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА ПОЕЗИЈАТА (9)

majkamakedonija1

majkamakedonija1

МАКЕДОНИЈА ВО СРЦЕ ЈА НОСАМ

Да се чита поезијата на Рада Крстевска-Видиновска, една од најталентираните современи македонски поетеси од дијаспората, која е закитена со престижната значајна награда „Иселеничка грамота“ на Струшките вечери на поезијата за 1992, значи да се читаат и да се почувствуваат убави нешта за нејзината втора татковини, Канада, а особено за нејзината убава родна балканска земја –  Македонија

Така, во стихозбирката „Мајка Македонија“, под наслов „Мојот идентитет се вика Македонија“, Рада Видиновска ќе го напише следното:

Почитувани мои читатели и слушатели.

Јас сум госпоѓата писателка и поетеса Рада Видиновска, родена во Живојно, битолската корија, член сум на Друштвото на писателите на Македонија.

Денес заедно со моето семејство, мојот сопруг, моите деца и внуци, живеам и творам неколку декади во Торонто, Онтарио – Канада, светската престолнина на убавината и бескрајноста. Јас сум среќна Македонка и наградувана писателка и автор од дијаспората. Мојата песна е запишана врз секоја ѕвезда и молња низ имињата на поетите од целиот свет.

Мојот идентитет, постоење и ембрион, се раѓа во прекрасната библиска идила на Југозападна Македонија.

majkamakedonija2

Македонки во Торонто

Јас сум горда Македонка и христијанка, што ја љубам и посакувам убавината, светлината и евангелијата на Бог, на нашиот Исус Христос. На никого не сум му одзела. Ангелски размислувам и пишувам, заедно со ЛИПАТА ОД ТОРОНТО и сите плодови и дарови божествени и заветени ги сакам и љубам. Пред целиот свет и луѓето од сите нации, бои и раси, се самоспознавам и на Струшките вечери на поезијата сум ги изрецитирала моите најубави, антологиски стихови. Постојам и живеам како чесна и питома мајка Македонка.

Не се тоа соништа кога црквите и манастирите и во турско време постоеле, се граделе, живееле.

Македонскиот народ и тогаш опстојувал со сиот свој глас.

Не постоела сила што можела да ги промени имињата и духот на Цвета од драмата „Македонска крвава свадба“ на великиот бард од Селци, Војдан Поп Георгиев Чернодрински, или, пак, на Калеш Анѓа од мариовскиот писател Стале Попов. 

Идентитетот, името, постоењето – тоа се коренот и темелот за подигнувањето на мојата македонска куќа.

Со мене и моето воспитание, се раѓаа моите деца, моите пламени искри и јазици од домашното огниште. 

Значи, јас сега постојам, живеам и поседувам свој македонски и христијански идентитет, своја татковина, јазик и култура. Таа татковина ми се вика мајка МАКЕДОНИЈА.

Послушајте, послушајте ме сега убаво, вие мили чеда и патриоти …“

majkamakedonija3

Од горното може да се заклучи дека иако далеку од дедовската земја, поетите Канаѓани од македонско потекло се блиски со Македонија, а  истовремено претставуваат и дел од секојдневието и од вистината на демократска Канада. Затоа, нивните поетски остварувања се тесно поврзани со родниот крај, а имаат силни носталгични изливи на љубов кон старата и новата татковина, кон луѓето, кон пријателите, кон убавото и кон сé што авторите ги опкружува.

Исто така, овие поетски остварувања се врзани за секојдневниот канадски живот, како и за личности и дејства од историјата од минатото, сегашноста и од иднината на македонскиот народ од сите делови на Македонија.

Во исто време Македонците од сите делови на Македонија, кои се занимаваат со литературни остварувања, особено поетски дела, тие се и поети и чувари и вистински амбасадори на татковината, на јазикот, на литературата и на македонскиот и канадскиот народ и нација, воопшто. Овие дострели се изразени во голем број нивни песни, од кои дел од нив се дадени во оригинал, иако авторот си зборува на својот дијалект.

Рада Видиновска, заедно со својот сопруг Борис (Борче) Видиновски, како и со другите членови на Друштвото „Браќа Миладиновци“ е застапена со дел од нејзината поезија во збирката поезија „Корени“. Делото „Корени“ („Канадско-македонски литературни визии“) е едно од позначајните поетски остварувања на членовите на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ при Македонската православна катедрална црква „Свети Климент Охридски“ од Торонто. Тоа, всушност, претставува излив на чувства, желби, соништа, копнежи, болки, вистини, страдања и радости, како и израз на голема љубов кон македонскиот и англискиот јазик.

Иако далеку од дедовската земја, поетите Канаѓани од македонско потекло се блиски со Македонија, а истовремено претставуваат и дел од секојдневието и од вистината на демократска Канада. Затоа, нивните поетски остварувања се тесно поврзани со родниот крај, а имаат силни носталгични изливи на љубов кон старата и новата татковина, кон луѓето, кон пријателите, кон убавото и кон сé она што авторите ги опкружува.

Исто така, овие поетски остварувања се врзани за секојдневниот канадски живот, како и за личности и дејства од историјата од минатото, сегашноста и од иднината на македонскиот народ од сите делови на Македонија.

Продолжува

KatS

Пишува: СЛАВЕ КАТИН  

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top