Историја

Владетелите на Македонија

vladeteli

vladeteliСите познати и образувани луѓе во вековите пред Христа пишувале за македонската историја и за Македонците како народ, а сегашниве Грци, секогаш се спомнувани како Атињани. Тоа се Херодот, Тукидит, Полибие, Плиние, Библијата, како и познатите автори што пишувале за Александар Македонски: Куртие Руф, Аријан, Диодор, Плутарх, Јустин и многу пред нив и по нив. Сите тие избегнувале да ја прикажат долгата листа на македонските владетели пред Филип Втори и Александар Македонски, како и по нив. Тоа како да им дава право да ја освојуваат македонската пребогата земја, држава, народ, култура и да ни ги негираат името и јазикот, обичаите што опстанале кај Македонците до денес.

Историските факти, материјалните докази со потврдени археолошки наоѓалишта и оригиналните пишувани книги, ни зборуваат за еден долг континуитет на постоење на Македонија како држава, со имиња на кралеви и градови, престолнини, реки, мориња, планини, сите со стари древни имиња од пред 3000 години. Македонските царски династии исто така претставуваат пишувана царска историја во време и простори точно одбележани во сите владеења со Македонија и подоцнежното владеење со целиот свет што го оствариле Македонците и извршиле влијание врз другите народи. Тоа  е причина што често се навраќаме на владеењето на македонската династија од IX век пред Христа па наваму. Тоа го покажуваме и сега со покажување на 1000 годишната листа на македонската кралска династија.

Досега не сме наишле на листа на која што се изложени комплетните имиња (родословието) на царските семејства. Одбележани се само името, годината и времето на владеење на синот наследник и на другите потомци, принцови и принцези. Имињата без поопширно родословие се повторуваат во континуитет од 500 до 1000 години, иако од македонскиот род останува огромен број истакнати личности што не добиле историска шанса да се претстават како владетели. Околу владетелот постоеле царски другари и генерали со своите синови, еднакви на царот и негови придружници. Тоа е многубројното македонско племство од кое подоцна се регрутирале идните владетели како што се случило да го наследат Александар Македонски, продолжувајќи го постоењето на македонската држава. Тие егзистирале и 300 години по неговата смрт, со сите карактеристики на Македонија како држава.

Од тој период некои брзо станале династии, женејќи се со ќерките на Филип Втори, со Молоските принцеви, Линкестидите и други членови на царските семејства. Таков е случајот со Касандар и ќерката на Филип Втори – Тесалоника, Александар од Епир исто со Филиповата ќерка Олимпија, потоа Пердика, Птоломеј, Антонио станал владетел преку Клеопатра, пред тоа и Цезар и многу други ја зацврстувале власта на престолот преку брачните врски и сојузи со Македонците. Тоа истото се практикувало и во владеењето на Филип Петти и Персеј. Добро познати се свадбите на Александар Македонски и неговите царски другари со персиските принцези. Роксана, персиската принцеза, жената на Александар, го родила неговиот син Александар Четврти, кој ги имал сите наследни права на македонскиот престол и иако бил малолетен во негова чест биле исковани пари.

Филип Втори, Александар Трети и другите владетели го носеле името со презиме Македонски. На македонскиот престол од династијата од 640 до 146 година пред Христа познати се 6 владетели со името Филип, а по некој Филип има и во другите династии:

Филип Први – 640 – 602 г. пред Христа

Филип Втори- 359 – 336 г. пред Христа

Филип Трети (Аридеј)- 323 – 317 г. пред Христа

Филип Петти – 221-179 г. пред Христа

Филип Шести – 168-146.

Филип Втори е познат по реформите што ја зацврстиле Македонија, со обединувањето на македонските племиња, со фалангата, со градбите, со начинот на војување, со дипломатијата, со економијата, со златниот статер, со прославите… За него не стивнува интересот и славата за се’ што направил за Македонија. За него пишуваат многубројни автори од IV век пред Христа па се’ до денес.

Неговиот систем на владеење се проучува и се применува во современиот свет во многу меѓународни ораганизации како исклучителен пример. Филип Втори ги носи сите карактеристики на македонски владетел какви што биле и другите кралеви во династиите од Македонија.

Филип Петти во се’ наликувал на Филип Втори. Се борел да ја сочува Македонија во истите граници, против истите непријатели и со истите стратегии. Како што Филип Втори го подготвил синот Александар за наследно владеење, така Филип Петти го подготвил сина си Персеј да владее со Македонија уште поголема и побогата од пред двесте години кога државата се консолидирала како светска империја.

Ангелина Маркус

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top