Историја

Кралеви на Античка Македонија

anticki kralevi

anticki kralevi

Аминта III (или II), син на Архидеј и дедо на Александар Македонски, бил крал на Античка Македонија од 393 п.н.е. (или 389) до 369 п.н.е.

Аминта дошол на тронот по десет години проблеми со наследството по убиството на Архелај I. Но тој имал многу непријатели во самата Македонија; во 393 п.н.е. бил истеран од страна на Аргеј II и Илирците, но следната година си го повратил кралството со помош на Тесалија.

Склучил договор со Спарта, кои му помагале да го намали Олинт (379 п.н.е.). Исто така, влегол во сојуз со Јасон од Фера и предано одржувал пријателство со Атина.

Од неговата жена, Евридика II имал три сина, од кои сите подоцна станаа македонски кралеви: Александар II, Пердика III и Филип II Македонски.

Александар II Македонски бил крал на Античка Македонија од 369 до 368 п.н.е., по смртта на неговиот татко Аминта III. Тој бил најстар од неговите три сина.

Иако веќе бил полнолетен, Александар бил многу млад кога дошол на власт. Ова било многу проблематично за него, бидејќи неговите непријатели продолжиле да војуваат со Македонија. Александар едновремено бил соочен со илирска инвазија од северозапад и напад од истокот од страна на претендентот Павзаниј. Павзаниј набргу зазел неколку града и се заканил на кралицата-мајка, која била во палатата во Пела со нејзините млади синови. Александар ги победил непријателите со помошта на атинскиот генерал Ификрат, кој пловел по македонскиот брег за да го освои Амфиполис.

На барање на Алевдаите, Александар интервенирал во граѓанската војна во Тесалија. Успешно зазел контрола врз Лариса и неколку други градови, но, изневерувајќи го ветувањето кое го дал, поставил гарнизони. Ова ја испровоцирало Теба која била водечката воена сила во Стара Грција во тоа време. Тебанскиот генерал Пелопид ги истерал Македонците од Тесалија. Потоа го неутрализирал Александар со тоа што ги заштитувал амбициите на Александровиот зет Птоломеј од Алор, и го натерал Александар да го напушти неговиот сојуз со Атина и да се сојузи со Теба. Како дел од овој нов сојуз, Александар морал да предаде заложници, вклучувајќи го и неговиот помал брат Филип.

За време на еден фестивал врз Александар бил извршен атентат по наредба на Птоломеј. Иако братот на Александар Пердика III станал крал, тој бил под старосната граница, и Птоломеј бил поставен за регент.

Проломеј I или Птоломеј од Алор бил регент на Македонија од 368 до 365 п.н.е. Извршил атентат врз неговиот претходник Александар II за да ја заземе власта. Владеел како регент за младиот Пердика III сѐ додека Пердика не го убил во 365 п.н.е.

Според Хамонид, тој бил помладиот син на Аминта II „Малиот“, кому Аминта III му ја дава својата ќерка Евриноја за жена.

Аминта IV бил крал по титула на Кралството Македонија во 359 п.н.е. и член на династијата Аргеади.

Аминта бил син на кралот Пердика III. По смртта на татко му во 359 п.н.е. станал крал, сѐ уште бил малолетен. Негов тутор и регент на кралството станал Филип II Македонски, најмладиот брат на Пердика, кој тогаш имал 23 години. Истата година Филип II Македонски се прогласил за крал на Македонија. Иако ја узурпирал власта на својот млад внук, не го сметал за опасност по неговото владеење, дури му ја дал раката на својата ќерка Кинана. Но, после убиството на Филип II и доаѓањето на Александар Македонски на власт во 336 п.н.е, ситуацијата се променила. Александар сметал дека Аминта претставува опасност на неговиот пат до престолот и веднаш го погубил.

Филип II Македонски (382 п.н.е. – октомври 336 п.н.е.) кралувал со Кралството Македонија од 359 п.н.е. до 336 п.н.е. Бил татко на Александар Македонски во бракот со Олимпија, како и на Филип III Аридеј во бракот со Филина од Лариса. Во негово време започнал периодот на големиот подем на македонската држава.

 moneta 

Монета со ликот на Филип II Македонски

Филип бил роден во Пела во 382 п.н.е., како најмлад син на кралот Аминта III и кралицата Евридика. Во младоста (во периодот од 368 п.н.е. – 365 п.н.е.) бил заложник во Теба, водечки град во Грција во тоа време. За време на својот престој во Теба се здобил со грчко воено и дипломатско искуство од страна на Епамонид, тебански генерал. Смртта на неговите постари браќа Александар II и Пердика III му овозможиле да го запоседне македонскиот трон во 359 п.н.е.. На почетокот бил регент на неговиот малолетен внук Аминта IV, но подоцна ја презема целата власт во своите раце.

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top